Потребно време за читање: 4 минути

Не може со сигурност да се каже кога точно започнало производството на пиво.

Најстарите докази за пиварство се од пред 6.000 години, а им се припишуваат на старите Сумерци, народ кој живеел на просторот помеѓу Еуфрат и Тигар, на југот на Месопотамија. Сумерците ферментациските процеси ги откриле сосема случајно. Никој денес не знае како тоа точно се случило, но можното сценарио би било дека некој фрлил парче леб кое потоа се смекнало, по кусо време ферментирало и се претворило во токсична мувлосана маса.

Сумерците подоцна успеале да го повторат процесот, па се сметаат за прва цивилизација која се занимавала со пиварство, произведувајќи го „божествениот пијалок“ кој им го нуделе на своите богови.

Во „Епот за Гилгамеш“, напишан 3.000 години пред Христа, се зборува за важноста на лебот и пивото при разликувањето на примитивен од културен човек. Се разбира, културниот човек знаел за што служат лебот и пивото, а примитивниот не. За примитивниот да стане културен човек, морал да научи да јаде леб, но и да испива пиво за да ги измие сите свои примитивни особини.

Наследници на Сумерците биле Вавилонците, 2.000 години пред Христа. Денес знаеме дека Вавилонците знаеле да произведат 20 различни видови на пиво, од кои 8 биле од пченка, 8 од јачмен и 4 од мешавина на тие два вида на житарици. Своето пиво Вавилонците го извезувале дури во Египет, 1.000 км далеку. Се разбира, во тоа време пивото не се продавало за пари, туку се вршела размена на добра- пиво за житарици (најчесто јачмен).

Прочитај и за ... >>  Од историјата на пивото

Египтјаните ја продолжиле традицијата на пиварство, исто така користејќи непечено тесто за леб за добивање на пиво. Ваквиот начин на правење на пиво се сочувал до денес кај селаните кои живеат во долината на Нил. За важноста на пивото во Египет говори и фактот дека имале и посебен хиероглиф за тој поим.

Старите Римјани се занимавале со пиварство додека не одлучиле дека виното би требало да биде божествен пијалок. Оттогаш во Римското царство се произведува и пие исклучиво вино, а пивото се смета за одвратен варварски (тевтонски) пијалок, па го нема во границите на царството.

Доказ за пиварство од 800 години пред Христа е пронајдената пивска амфора на просторите на денешна Германија, кај градот Кulmbach во Баварија.

Неколку стотици години по Христа пивото станува комерцијален артикл. На тоа во прилог му оди пронајдената кригла на некој стар пивар, кај градот Трир, на југозапад на Германија.

На старите Германи пивото им служело не само како жртва на боговите (како кај Египтјаните), туку го произведувале и за сопствено уживање. За важноста на пивото кај старите Германи говори и фактот дека во старата финска сага „Калевала“ 400 стихови му се посветени на пивото, а само 200 се испишани за создавањето на Земјата. Според норвешкиот еп „Еди“, виното било пијалок на боговите, а пивото им припаѓало на смртниците.

Прочитај и за ... >>  Танец

Во првите столетија од новата ера, со печење на леб и подготвување на пиво се занимавале исклучиво жените, и тоа се задржало се до средниот век, кога пиварењето станува најмногу работа на манастирските редовници.

Пивото не е сметано за пијалок со кој би се кршел постот, па секогаш се послужувало при оброците. Секој редовник смеел дневно да испие до пет литри пиво. Со време почнале да произведуваат повеќе отколку што им требало, па и го продавале. Белгиските редовници биле првите кои почнале да го користат хмељот за добивање на пиво. Развиле совршена технологија на пиварење, а бидејќи биле први во тоа, не морале да ги плаќаат вообичаените даноци на пиво. Пивото било добро, евтино и мошне барано. Тоа се покажало како проблем на средновековната властела, оти продажбата на она „оданоченото“ пиво опаднала, а од редовничкото пиво не се полнела нивната благајна. Тоа довело до забрана на работа и затворање на голем број на средновековни редовнички пабови.

Во тоа време често би се случувало ферментацијата да појде „по злото“ и да не се добие очекуваниот резултат и квалитет на пивото. Бидејќи никој не знаел да објасни зошто се случува тоа, се појавиле и верувања дека е тоа резултат на гатање на пиварски вештерки. Многу жени биле прогласувани за пивски вештерки и потоа спалувани, а последното такво спалување е забележано во 1591. година.

Прочитај и за ... >>  Од историјата на есејот

Откако хмељот станал вообичаен во пиварството, баварскиот војвода Вилхелм IV во 1493. година издава Закон за чистота на германското пиво, во кој се зборува дека за добивање на пиво може да се користи само јачмен, хмељ и чиста вода. Во тоа време се уште не се знаело за квасецот, па процесот на ферментација се потпирал на- случајот.

Денес тој закон за чистота на германското пиво е најстариот закон за храна на светот.

Два мошне важни изума резултирале со револуција во пиварството. Првиот бил парната машина на Џедјмс Ват (1765.), а вториот ладилникот на Карл фон Линде (1873.). Во тоа време веќе било научно докажано дека за добивање на добро пиво е потребна одредена температура. Во повеќето случаи тие потребни температури природно се појавувале зиме, а со појавата на ладилникот квалитетно пиво можело да се добие и лете. Првиот таков систем на ладење е применет во пиварницата во Минхен.

Откако Луј Пастер во 19. век ги разјасни процесите на пастеризацијата и го запозна светот со квасните габички, станало јасно дека средновековните пивски вештерки всушност биле жртви на несанитарни услови на пиварење и на небрежните пивари.

Во модерно време дрвените буриња, во кои се ферментирало и се чувало пивото, речиси во целост се заменети со метални. Причините за тоа биле полесното чистење, како и полесното отворање и затворање (првенствено за вработените во баровите и пабовите).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here