Photo by Laura Tancredi from Pexels
Потребно време за читање: 2 минути

Пињолите (семенките од боровите шишарки) можат да им помогнат на луѓето кои сакаат да ослабат, тврдат експерти од американската компанија „Липид нутришн“, специјализирана за производство на здравствено корисни додатоци во исхраната. Тие утврдиле дека извесно соединение од семенките од корејскиот бор предизвикува чувство на ситост, создавајќи услови за помало консумирање на храна, односно за намалување на тежината.

Експертите од компанијата го проучиле влијанието на капсулите со масло од корејски пињоли „пинотин“ на 18 дебели жени. Половина од нив во текот на една недела пред појадок богат со јаглени хидрати добивале капсули „пинотин“, а другата половина капсули со маслиново масло. Наредната недела на првата група жени пред појадок им се давани капсули со маслиново масло, а на втората група капсули „пинотин“.

Утврдено е дека маслото од семенките од бор го поттикнува излачувањето на 2 гастроинтестинални хормони – холецистокинин и пептид, познати по тоа дека испраќаат „сигнали на ситост“, односно полн стомак, до мозокот.

Прочитај и за ... >>  Алтернативната медицина и здравата исхрана

Жените по пиењето на капсула „пинотин“ ималe помала желба за храна. Американските експерти тврдат дека сите видови на пињоли се добар извор на протеини и здрави маснотии;

-Истражувањето што неодамна го спровел канадскиот научник Грег Стеинберг дава надеж дека борбата против дебелината сепак може да биде успешна, благодарение на улогата на еден протеин кој ја олеснува трасформацијата на мастите.

Професор Стеинберг открил процес во кој протеинот кој се нарекува ЦНТФ дејствува во внатрешноста на мускулите со цел да го забрза метаболизмот во разложувањето на мастите. Протеинот ќе го намалува апетитот и може да има клучна улога во борбата против дебелината.

„Забележав дека хормоните се неуспешни во борбата против дебелината поради присуството на протеини кои ја оневозможуваат нивната способност за стимулирање на трансформацијата на мастите“, истакна Стеинберг.

ЦНТФ дејствува на мастите и шеќерите активирајќи го ензимот АМП;

-Научниците од институтот Скрипс Рисрч дошле до заклучок дека во иднина од прекумерната тежина луѓето ќе можат да се ослободат со вакцина.

Прочитај и за ... >>  Јадете црви и инсекти!

Испитувањето е извршено на глувци, така што новата вакцина го напаѓа хормонот што во желудникот предизвикува глад, го контролира апетитот и го спречува дебелеењето. Ако тестирањето на луѓе ги покаже сличен успех, вакцината ќе може да го реши еден од најголемите здравствени проблеми на денешницата – дебелината.

Гхрелинот неодамна е откриен и според истражувањата има голема улога во регулирањето на оброците. Нивото на гхрелин во крвотокот неколку часа пред секој оброк расте, а најголемо ниво достигнува непосредно пред консумирање на храната. По јадење нивото на гхрелин опаѓа. За разлика од лептинот, кој дејствува како долгорочен модулатор на јадењето, гхрелинот дејствува краткорочно и влијае на секојдневното чувство на глад;

-Независната организација што претставува надзорно тело за сите медиуми во Велика Британија, „Офком“, објави нов сет на правила кои го бранат користењето на славните лица во рекламирањето на нездрава храна во телевизиските програми, објави угледниот британски весник „Гардијан“. На тој начин пејачките како Бјонси, Пинк и Бритни, кои рекламирале Пепси, во иднина ќе мора да се поздрават со хонорарот за промовирање на такви производи.

Прочитај и за ... >>  За медот

Правилата, што ќе стапат на сила наесен годинава, забрануваат појавување на идолите на децата во рекламите за нездрава храна, а кои се дизајнирани на начин да ја привлечат публиката помлада од 10 години. Таквите реклами веќе нема да бидат емитувани во рамките на „комерцијалните паузи“, во време на емисиите за деца.

Велика Британија е една од трите земји во светот во која е регистриран алармантно голем број на дебели деца. Ситуацијата се менува од година во година. Алармот е вклучен насекаде.