Проблемите во културата со години се таложеа, се таложат, нивното решавање се одложува(ше) за „подобри времиња“, а е сѐ  поочигледно дека стануваат суштествени за нашата духовна, па и материјална егзистенција. Во секоја организирана средина тие не можат да се совладуваат-надминуваат изделено од решавањето на севкупните проблеми и состојби, од решенијата што ги наметнува актуелниот миг, од системот што се воспоставува и гради. Continue Reading

Една од постојаните забелешки и на домашниот и на странскиот фактор, најнепосредно поврзана со демократското владеење, слободата и независноста на граѓанинот во развиено плурално општество, е (не)транспарентноста во работата и дејствувањето, од најниско до највисоко ниво, на сите релевантни „органи и тела“.

Се разбира, транспарентност во однос на почитувањето на јавноста, на нејзиното критичко (па и критично) мислење. Continue Reading

Не е ништо ново ако кажам дека дилетантизмот воопшто кај нас е сеприсутен, одамна завладеал во сите сфери на нашето живеење. Дури, во меѓувреме, создал толку моќен одбранбен систем против стручноста, знаењето, компетенцијата и против вредностите, што секој обид да се поткопа или да се урне со силата на аргументите, однадвор или однатре, е однапред осуден на неуспех.

Тој е еден од основните, стожерните „хемиски елементи“ на времево и животот. Continue Reading

Дали е потребно објаснение на термините во насловот? Не знаете што се тоа властодршци и властољупци? Исти се? Може да се исти(те), ама може да се, а и поначесто се различни. Уште поначесто се на спротивни страни, како „лути“ противници. Continue Reading

Прилогов го напишав и објавив на блогов на 25.02.2008. година (тогаш блогов имаше назив „Хрономер-Хроничар“.

Доказ дека некои  нешта не само што се повторуваат, туку се идентични, освен промената на имињата и позициите!

Го преобјавувам со сосема мали, небитни преправки и додавки. Continue Reading

Што значи да се биде позитивен? Одговарам веднаш: не значи ништо друго, освен да се биде реален, објективен, независен. Едноставно, оној што не е таков и да сака не може да биде сето тоа. Пред сѐ и над сѐ поради тоа што е „врзан“. Најдете таков-„врзан“ и позитивен, па веднаш ќе се негирам себеси, ќе ви признаам дека сум грешен и затоа грешно одговорив.

Некој може да се посомнева во моето тврдење дека реалниот, објективниот, независниот е „нормално“ позитивен. Тој и таквиот треба да знае дека и сомничавите се позитивни. Да бидам поконкретен? Важи: Continue Reading

Конечно не се покажа или откри, туку само се потврди дека Македонија, ваква каква што е, не е и не може да биде продадена на странскиот пазар како „успешна приказна“. (Без наводници продавањето е или завршено или е при крај, ама неуспешно за граѓаните на ова парче земја, во кои не се вбројуваат „раководните“ политичари).

Оние што во сиот изминат период се обидуваа и имаа успех во замајувањето на народот, веќе не можат да се кријат зад неа како измислена. Од проста причина што не се вешти во „раскажувањето“. Continue Reading

Се разбира, целта на овој прилог не е „темелно“ едукативна односно да потсети на основните сознанија и знаења за демократијата воопшто или, на пример, нејзината суштина да произлезе од развојниот, историскиот конткекст. Напротив, имајќи ги предвид општопознатите сознанија и знаења за демократијата воопшто, а особено нејзиното практикување, сакам да укажам на некои пред сѐ намерни недоследности поради кои ги имаме овие и вакви состојби и последици на индивидуален и колективен. Continue Reading

Не ми е познато дали нашите политички партии го планираат, осмислуваат и реализираат своето континуирано дејствување на политичката сцена според глобални или одделни (посебно разработени) стратегии и тактики. Меѓутоа, судејќи според она што го нудат, се чини дека на тоа посветуваат најмало, повеќето од нив дури никакво внимание. Continue Reading

Неукост, наивност или карактерна особина е непостоењето или недоволната самокритичност? Умееме ли да ја препознаеме во себе и во другите околу нас? Дали можеме прецизно да ја дефинираме и да ја издвоиме од самосвеста за сопствените вредности, способности и знаења?

Што значи да бидеш самокритичен?

Пред сѐ строгост спрема себеси, но подеднакво кон сѐ да се тргнува од себе. Continue Reading