Петта страна на светот

Во последниве неколку години Јапонија го шокира светот со „популарноста“ на колективната смрт помеѓу младите. Познато е дека „земјата на изгрејсонцето“ е со најголема стапка на самоубиства на светот, а во основата на „леснотијата“ на самоубиството воопшто (харакири- самурајски самоубиства поради чест, камиказа, шинџу- заеднички самоубиства на вљубени парови, на возачи на подземна железница- си го одземаат животот само ако една секунда отстапат од возниот ред…) се смета дека е нехристијанската традиција, поточно на него не се гледа како на еден од најголемите гревови. Continue Reading

In continuo

Од поодамна е јасно дека со својата нуклеарна програма Иран е и допрва ќе биде „трн во окото“ на „развиениот“ Запад, а пред се на САД. Не неколку години наназад (на пример од почетокот на кризата во 2002- ра), туку децении- може да се рече од 1950- та кога разви нуклеарна технологија. Continue Reading

In continuo

Веста е само потврда на најавите во последниве месеци и изминативе две- три години, всушност остварување на предвидувањата на странски воени експерти уште на почетокот на војната во Ирак. Со таа разлика што овојпат станува збор за сериозна најава од (нај)компетентен „извор“. Continue Reading

Ретропис

Какви резултати даде досега и какви (ќе)  дава заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ? Колку се остварени и континуирано се остваруваат нејзините цели дефинирани уште со договорот за ЕУ во 1993- та година? Да потсетам на петте главни: да се бранат заедничките вредности и темелните интереси на Унијата, да се зајакне безбедноста на ЕУ, да се зачува мирот и да зајакне меѓународната безбедност, да се поттикнува меѓународната соработка и да се развива демократијата и владеењето на правото, вклучувајќи ги човековите права. Continue Reading

Антрфиле

Веста како молња проструи низ светот, иако не е неочекувана (во изминатите денови и недели се шпекулираше дека Кастро е „готов“): кубанскиот претседател вчера е опериран поради внатрешно крвавење, а овластувањата привремено му ги пренел на својот помлад брат Раул. Во соопштението, кое на државната телевизија го прочита неговиот соработник Карлос Валенсијага, се вели дека Фидел Кастро објаснил оти го исрцпел самитот на претседатели на земјите во Јужна Америка и минатонеделното одбележување на нападот на воениот гарнизон во 1953-та година, а што предизвикало „акутна внатрешна криза со непрестано крвавење“. Continue Reading