Вчера ЕК ги објави мониторинг извештаите за Турција и 7 други земји- кандидатки за членство во ЕУ.

Оценките за Турција воопшто не се изненадување. Анкара се критикува за забавување на темпото на реформите. И се дава рок до средината на декември да ги отвори своите пристаништа за кипарските бродови, а во спротивно ќе се соочи со „неспецифицирани последици“. Прочитај ја целата поента

Владините коалициони партнери договорија поголема употреба на албанскиот јазик во македонскиот Парламент, потврди вицепремиерот Имер Селмани, според кого затворањето на јазичното прашање ќе значи заокружување на обврските од Рамковниот договор. Прочитај ја целата поента

Во Скопје студентите одржаа протест против визната бариера која Европа и ја наметна на Македонија. Со него македонската младина и порачува на Владата што поскоро да почне со имплементација и остварување на реформите, како главен предуслов за поскорешно ослободување од визниот режим. Прочитај ја целата поента

Владимир Путин најави дека нема да се кандидира за нов- трет претседателски мандат. Неговото претседателствување со Русија завршува во 2008. година, а потоа, како што им изјави на група странски експерти, планира да се повлече затоа што негова „морална должност е да не го крши Уставот“.

Според рускиот Устав, Путин нема право на трет претседателски мандат. Прочитај ја целата поента

Во изминатите неколку дена албанската полиција во јужниот дел на Албанија уништи повеќе илјадници стебла на наркотички билки, од кои најзастапен е канабисот. Само во Ѓирокастро се уништени 6.000 стебла канабис, билка која има наркотичка јачина слична на хашишот. Прочитај ја целата поента

Поради најновите судири во Појасот Газа и во Либан пропадна планот за еднострано повлекување на израелските сили од делови на Западниот Брег. Вицепремиерот Шимон Перес изјави дека тој пропаднал поради тоа што се случи во Либан. Прочитај ја целата поента

Откако на интернет порталот Yahoo е објавена „Приказната за Македонија“ во видео и пишан формат, чиј автор е Ричард Бенгс, Грците не семо што се многу лути (постојано протестираат на „соодветното“ место) и не само што ги „боли“ поради стотиците милиони посетители, туку и преземаат конкретни чекори за нејзино симнување односно бришење. Употребуваат секакви средства, а нормалново, во „функција“ ги ставија сите свои „материјални“, но и „психолошки“ сили и капацитети. Прочитај ја целата поента

Владата им предложи на пратениците да го „натераат“ јавниот обвинител да си ги спакува куферите пред да му заврши мандатот. Ќе го менуваат неговите заменици додека не се избере нов. Прочитај ја целата поента

Во последното деноноќие во јужниот дел на земјата се ликвидирани 94-ца Талибанци, соопшти претставник на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан, мајор Скот Ланди. Во провинцијата Кандахар се убиени и неколкумина приврзаници на Талибанците кои извршувале одговорни функции во локалната власт. Прочитај ја целата поента

Најдобриот на сите времиња во Формула 1 Михаел Шумахер, седумкратен светски првак, заедно со неговиот тим Ферари, објавија дека донеле одлука за завршување на кариерата до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Негов наследник во следните 3 години ќе биде Финецот Кими Раиконен. Прочитај ја целата поента