(29.11.2006, Паноптикум)

Веста доаѓа од Загреб-Хрватска:

Градската управа одлучи професорот Балтазар да биде службен заштитен знак на хрватската престолнина. Наскоро на улиците на Загреб ќе се најдат скулптури со ликот на Балтазар, откако тој е искористен за една реклама.

Continue Reading

(29.11.2006, Паноптикум)

Ќе се открие ли точната „тежина“ на криминалот со „Кинескиот ѕид“ во Градскиот парк во Скопје? Може ли на
крајот да излезе дека никој не е виновен, односно криминал воопшто нема, „се е регуларно“?

Continue Reading

(29.11.2006, Паноптикум)
Самитот уште незавршен, а во шумскиот резерват „Јасен“ Министерството за одбрана организира славје. Со чашка жолта, оган(че) и дивеч за ручек, без американската амбасадорка, но во друштво со британскиот амбасадор и амбасадорите на поновите земји- членки,
македонскиот воен врв и воени аташеа во земјава од земјите-членки на НАТО.

Continue Reading

(28.11.2006, Паноптикум)

Скопје и тоа го преживеа, почна да го „живее“: со албанска химна и знамиња, со партизација и дипломати преплашени од истрели, на платото на Старата скопска чаршија е откриен споменикот на Скендербег.

Continue Reading

(28.11.2006, Паноптикум)

Упорноста на новинарите вроди со плод: по средбата помеѓу претставниците на Управата за јавни приходи и Антикорупциската комисија (Трајковски и Тасева), се дозна за 18-мина функционери кои успеале да се збогатат со „помош“ на својата чиновничка плата.

Continue Reading

(28.11.2006, Паноптикум) Очекувано, најавено: 26-те земји членки на НАТО во Рига ќе расправаат за трансформацијата на Алијансата, односно за нејзината подготвеност за новите предизвици на 21-от век, во глобални рамки. Проширувањето воопшто не е тема на дневен ред, затоа што најнапред ниедна од земјите-кандидатки не е подготвена за членство. Дури, на маргините од самитот се добија сигнали и конкретни (од)говори повеќе од очекуваните. Ова особено „на задоволство“ на Македонија. Макар што ништо од нив досега не беше непознато.

Continue Reading

(28.11.2006, Паноптикум) Во нашава земја престојува делегација на Советодавниот комитет на Советот на Европа за конвенцијата за национални малцинства. Две нешта се од посебен интерес: да добијат претстава за почитувањето односно спроведувањето на интересите на малцинствата во Парламентот, како и да постават конкретни прашања во врска со развојот на законодавството.

Continue Reading

(27.11.2006, Паноптикум) Преземено е се околу 5.000 учесници, од кои половината се претставници на официјалните делегации на 26-те земји членки на НАТО, како и околу 1.700 претставници на медиумите, безбедно да работат утре и задутре. За безбедноста на самитот на НАТО во главниот град на Летонија ќе се грижат речиси 9.000 полицајци и војници. Од нив, околу 7.000 се припадници на летонските сили, а останатите се од државите-членки на Алијансата.

Continue Reading