(26.02.2007, Паноптикум)

Една од најважните последици или, поточно, успеси на опозицијата со постојаното „трубење“ пред „меѓународниот фактор“ дека во Македонија не постои политички дијалог помеѓу власта и опозицијата, е очигледната криза во владината коалиција, а пред се на релација ДПА-НСДП. Тоа би можело да се нарече и прв чекор кон „конечниот успех“: формирање на широка коалиција, потоа тн. техничка влада, која треба во разумен (за опозицијата поволен) период да подготви предвремени парламентарни избори.

Прочитај ја целата поента

(26.02.2007, Паноптикум)

Присуството на поранешниот бугарски претседател, Петар
Стојанов, и на актуелниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу, на одбележувањето на 3-годишнината од трагичното загинување на Борис Трајковски беше искористено за средби со македонскиот државен врв, но и за куси изјави за медиумите. Прочитај ја целата поента