Неразбирливо и апсурдно: туберкулозата во овој модерен 21- ви век убива повеќе луѓе во светот отколку во минатиот. Се знае причинителот, а има и современи лекови и вакцина. Меѓутоа, нејзиното враќање е предизвикано од исто: сиромаштија и лоши услови за живеење.

Continue Reading

Состојбата е мошне загрижувачка, па нешто итно мора да се преземе. Особено ако се има предвид зголеменото насилство и криминално поведение на меѓуетничка неотеларнтна основа. Се разбира дека сиромаштијата ги поттикнува, но постојат и низа други сфери што не функционираат, во кои не се дејствува воопшто или тоа не е доволно.

Continue Reading

Некои се „изненагени и увреѓени“ („главните“ во опозицијата), а се работи само за почетно одмотување на клопчето наречено „Клинички“, кое е мотано со години наназад

Очигледно, за претходната власт, па и за онаа пред неа (и сите пред нив) Клиничкиот центар во Скпопје бил „златна кокошка“. (Патем, СДСМ се уште не одговара каде е нивниот екс министер за здравство Владо Димов. Не знае? Да не е можеби во Турција? А зошто ли само се скрил? Барем да се јави и да ни каже.)

Continue Reading

Не е никакво откритие, изненадување, радикална промена. Едноставно, жените во Македонија тивко или молчешкум, како што само тие можат (мажите не можат да бидат такви бидејќи повеќе би личеле на жени), во изминативе години ги презедоа работите во свои раце. Засега во јавната администрација и во власта, а за се останато лесна работа- се само ќе си дојде на ред.

И не оти сме нешто загрижени, фрапирани, исплашени. Напротив, тоа многу не радува и не прави надежни.

Continue Reading

По дводневната посета на Македонија, американскиот заменик- помошник државен секретар за одбрана Даниел Фата ја повтори поддршката на САД на земјава за прием во НАТО, но едновремено порача што побрзо да се завршат реформите.

Continue Reading

Во интервју за московскиот весник „Новие известија“, генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се осврнува на можностите за соработка со Русија. Притоа потенцира дека НАТО и Русија имаат огромен терен за заедничка работа, а клучно во меѓусебните односи е конструктивно заемно дејствување, дури и ако не се согласуваат за нешто.

Continue Reading

Иако во нашава земја, според Уставот, нема малцинства (ако се сеќавате, при „договарањето“ на Охридскиот договор беше потенцирано дека тоа било навредливо, односно дека со тој назив нивните припадници биле граѓани „од втор ред“), туку имаме „мнозинска и немнозински“ заедници, Меѓународната група за права на малцинствата ги „навредува“ со тоа што како такви ги третира во својот извештај објавен деновиве!

Досега од ниедна „немнозинска заедница“ во земјава не чув или прочитав некаква реакција, протест и сл., што е прилично чудно.

Continue Reading

Прославата на 50- годишнината на ЕУ имаше свечен,  многу повеќе пригоден, а најмногу „воздржан“ карактер. Ги имам предвид и потпишаната резолуција и бројните изјави на врвни луѓе од европските земји за перспективата на Унијата, а особено она што мора брзо да се направи за таа да биде подготвена за предизвиците на новото време што иде.

Continue Reading

Европската унија ја прослави својата 50- годишнина. Еве хронологија на позначајните датуми од процесот на нејзиното обединување, но и интересни нешта од нејзината денешнина- нејзината стварност.

Continue Reading

Се сеќавате на Ричард Холбрук? Таман работа да го заборавивте. Беше мошне успешен при „убедувањето“ на инволвираните во распадот на Југославија (Изетбеговиќ, Туѓман и Милошевиќ) да го потпишат Дејтонскиот договор.

Интересно и мошне индикативно е неговото повторно јавување (или ангажирање) сега, и тоа во борбата за независност на Косово. Познато е, тој никогаш не се занимавал со „ситници“ во разрешувањето на кризни ситуации (со „морков или стап“), туку со „круцијални“ работи. Така и овојпат.

Continue Reading