На Балканот ништо ново кога се во прашање платите на македонските граѓани. Тие со нив и натаму се на дното, без некои посериозни знаци дека наскоро ќе се одлепат од него. Затоа што другите држави одат незапирливо напред, а нам допрва треба да ни тргне.

Continue Reading

Нов извештај за светската конкурентност: на првите 3 места нема ниту една земја членка на Европската Унија.

На прво место се наоѓаат САД, втор е Сингапур, a трет Хонгконг. Најдобро пласирана од земјите членки на ЕУ е Луксембург, на четврто место.

Continue Reading

Многу често, речиси редовно власта, и актуелната и поранешните (пред се сегашната водечка опозиција СДСМ), и префрлува на опозицијата дека врши постојана, континуирана опструкција на нејзината работа и владеење.

Continue Reading

Можеби е поточно во насловов да се постави друго прашање: Дали е време за предвремени парламентарни избори? Значи, не дали се потребни или не, туку кој и како да го утврди “најдоброто време” за нив.

А се почна уште на самиот почеток, со (очекуваните) резултати на редовните избори односно со победата на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, со “крчкањето” на новата Влада на Груевски.

„Концертен маратон со Симон Трпчевски“ е проектот што на прес- конференција го најави Здружението на граѓани „КултурОп“, а кој подразбира 2 концерта на класична музика со различна програма, што ќе се одржат на 19-ти и 20-ти јуни во Домот на АРМ. На концертите Симон Трпчевски ќе настапи заедно со млади музичари и реномирани репродуктивци од Македонија, како и со виолинист од Русија.

Continue Reading

Еден проблем што се појави во изминативе недели помеѓу две врвни институции ќе се реши „преку јавноста“, иако се работи за нешто што би трербало да претставува нормално тековно работење и соработка. Станува збор за проблемот помеѓу Фондот за здравство и Центарот за генетско инженерство во МАНУ, а се сведува на долг на Фондот спрема МАНУ од 16 милиони денари.

Continue Reading

Кубанскиот лидер Фидел Кастро го нарече американскиот претседател Џорџ Буш „апокалиптична личност“, во текст објавен во кубанските весници по повод усвојувањето на Законот за финансирање на американските операции во Ирак.

Continue Reading

Институтот за демократија во Скопје спроведе истражувањe за очекувањата на младите, со акцент на образованието. „Општ резултат“ е дека младите немаат многу доверба во државните институции, критички се настроени спрема образованието во кое недостасува практична работа, позитивно гледаат на Европската Унија и зачленувањето во НАТО алијансата, а невработеноста и корупцијата, како најголеми проблеми од сферата на економијата, се дел од мотивите да заминат од земјава.

Continue Reading

Хелсиншкиот комитет зa човекови права- Македонија оцени дека Обвинителството, МВР и судовите го кршат законот за кривична постапка поради несоодветна и незаконска примена на посебните истражни мерки. Во нив спаѓаат тајно набљудување, визуелно- тонски снимки, користење на прикриени агенти, симулирано давање и примање на поткуп и прислушување.

Continue Reading