Уште еден извештај на УНДП за рано предупредување, поточно анкета на граѓаните, само го потврди поразителното сознание дека Македонија е на дното во групата на транзициони земји, и тоа според „првиот“ параметар- транзицијата. Уште поконкретно, недоволниот развој, споредено со сите други држави во регионот и пошироко, е резултат на некомплетираната социо- економска транзиција.

Continue Reading

Обидите да се оценува како лицемерие однесувањето на македонските партии спрема законите за нив, донесени од самите нив кога биле (се) на власт, претставуваат „благ укор“, слично како на поранешната „морално- политичка (не)подобност“.

Continue Reading

Најновиот „добрососедски гест“ на Грција, како дел од мошне интензивната политичка активност на економски план (?!), не е уште една потврда на понижувачкиот однос на Грција спрема Македонија, како што коментираа некои. Напротив, тоа е само уште една глупост како израз на немоќ и очај, што само предизвикува сожалување, па и презир.

Continue Reading

ЦИА уште кон крајот на 1970-та година предвидела распад на Југославија, покажуваат документите од коишто таа ја симна ознаката на тајност, а кои сведочат за многу незаконски активности од 1950-та до 1970-та. Во нејзините документи, изработени на 20-ти ноември 1970-та, републиките и покраините на поранешна Југославија се опишуваат како своевидна измислица на 20-от век. Continue Reading

Лидерите на Европската унија на 23-ти јуни ја договорија тн. патна карта за детални преговори за новиот договор, кој треба да го замени отфрлениот Устав и да направи „капитален ремонт“ на европските институции.

Continue Reading

Очекувано, на енергетскиот самит во Загреб не се реши проблемот со енергетската криза, со која се соочува регионот, но „ѕвездата“- рускиот претседател Путин најави засилена руска доминација на Балканот, како вовед во освојувањето на европскиот енергетски пазар.

Continue Reading

Македонската Влада излезе со оценка дека компромисот, што го постигнаа европските лидери во Брисел, а во врска со договорот што го „замени“ Евроуставот, односно со кој се создадоа услови за темелни реформи на европските институции, е „одлична вест“. Образложението е дека со него се овозможува во 2009-та година влез на нови членки, се разбира по исполнување на критериумите од Копенхаген. Continue Reading

Според некои проценки, од нелегални бизниси во светот се перат стотици милијарди долари. Најзбунувачко е што „машините за перење“ ниту се расипуваат, ниту се абат од работа, ниту застаруваат. Напротив, како да се вечни, совршени, секогаш модерни. Ако се подразмисли малку подлабоко, такви се и не можат да бидат поинакви. Особено „машините“ организиран криминал, конкретно продажбата на дрога и оружје, банкарските и финансиските измами.

Continue Reading

Иако ПЈРМ и по толку години „официјално“ е привремена референца за Република Македонија за користење само во ОН (привременоста требаше да трае само 3 месеци), нејзината употреба најверојатно ќе се прошири, а за што (однапред) даде согласност и претседателот на државата, Бранко Црвенковски (?!)

Continue Reading

Италијанското обвинителство во Бари ја заврши истрагата за големиот шверц на цигари во последната деценија и одлучи да покрене судски процес против поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, тогашниот министер за финансии Мирослав Иванишевиќ и трговскиот претставник за Црна Гора во Италија Душанка Пешиќ-Јакниќ, соопштија црногорските медиуми. Continue Reading