Во април и мај годинава Евробарометар спроведе истражување за моментното расположение во европскитe земји за проширување на ЕУ со нови земји- членки. Првичните резултати покажуваат дека во изминатиот период тоа е значително променето во корист на земјите, помеѓу кои и Република Македонија, чија стратешка цел е што поскорешно зачленување во Унијата. Поддршката за прием пораснала за 3%.

Прочитај ја целата поента

„Вашингтон пост“ откри топла вода: странските работници помагаат во развојот на локалната економија во САД и се почесто работат на досега за нив невообичаени места! Весникот во текстот под наслов „Привремени работници со трајно влијание“ ја анализира состојбата со странската работна сила на американското источно крајбрежје.

Прочитај ја целата поента

Зарем на Британците им треба(ше) посебно истражување за да осознаат какви се нивните малолетници? Веројатно многумина се изненадени од одамна познатата вистина дека нивните малолетници се најлоши во Европа.

Прочитај ја целата поента

Една „маргинална“ вест, што ја пренесе агенцијата Макфакс, го привлече вниманието пред се на младите во Македонија кои, и покрај стручноста, знаењето, способноста, младешката енергија и амбиција, не се „интересни3 за македонските „бизнисмени“. На оние кои веќе не гледаат никаква перспектива во сопствената земја, кои или ги освоила или полека ги освојува најопасната „болест“, најголемата поразија на сите времиња- рамнодушноста. Прочитај ја целата поента

Аристотел Цампирис, влијателен професор по меѓународни односи на универзитетот во Пиреа, во интервју за „Дојче Веле“ истакнува дека ниту една грчка влада нема да прифати членство на Македонија во НАТО под уставното име, но оти Грција сака Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

Прочитај ја целата поента

(Од веб сајтот на ТВ емисијата „Зевзекманија” на Горан Величковски)

Многу внимавам на својот стајлинг, имиџ, мејк ап, ма да ви кажам искрено тоа ми е најважно во свет. За да ми биде тенот поубав секоја вечер пред легнување се мачкам со кора од краставица во која има 54 отсто калциум кој е исклучително важен за хранењето на кожата на лицето и на тој начин лиценцето ми е како дупенце на бебенце. Прочитај ја целата поента

Познато е дека еден од „главните“ услови за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ (има ли „споредни“) е борбата против корупцијата. Засега резултатите и на Владата на Груевски, како и на претходната (оние „уште пред“, на чело со СДСМ- овскиот „државник“, ја раширија, а според сопственото признание направија од неа дури и „октопод“), се „незадоволителни“.

Прочитај ја целата поента

Европската статистичка агенција Еуростат објави дека во 2006. година Бугарија имала најниски цени на храната и пијалоците помеѓу земјите- членки на Европската унија. Цените во најскапите држави во ЕУ се за 2,5 пати повисоки во однос на најевтините земји- членки, помеѓу кои Бугарија е апсолутен лидер.

Прочитај ја целата поента

За „одговорен туризам” многумина веројатно првпат читаат- слушаат, помеѓу оние што се непосредно инволиврани во туризмот (туристичките работници и политикантите), но и во оние НВО-а (невладини организации) чија основна „борба“ во рамките на развојот на цивилното (не)политизирано општество е еколошката. Уште ако додадеме дека тој му е „спротивставен“ на масовниот (а не е елитен), нештата се уште повеќе „збунувачки“. Употребата на многуте наводници произлегува од нашиот наводен туризам, а особено од неговата перспектива ( во „догледно“ време нема шанси да стане масовен, уште помалку елитен).

Прочитај ја целата поента