Големиот број на реформи, успешните потези и постојаната активност му овозможија на францускиот претседател Никола Саркози постојано да биде присутен во јавноста, оценуваат западните печатени медиуми во оценкита за 100-те дена од мандатот на шефот на француската држава.

Continue Reading

Најголем предизвик за Македонија денес е функционирањето на политичкиот систем, изјави Роберт Бенџамин, регионален директор за Централна и Источна Европа при Националниот демократски институт, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Continue Reading

Директните странски инвестиции во Русија во првата половина на 2007-ма година изнесувале 15,8 милијарди долари, соопшти Федералното биро за статистика. Ако се земе предвид и приливот на пари на берзите, тогаш вкупниот збир на странски вложувања изнесува 60,34 милијарди долари.

Continue Reading

Турските полицајци повеќе нема да можат да имаат мустаќи и брада, соопшти турското електронско издание „Журнал турк“, повикувајќи се на наредбата за облекување во полицијата, објавена во турскиот службен весник.

Continue Reading

Во првите 7 недели откако Гордон Браун ја презеде премиерската функција од Тони Блер, „потрошил“ 39 милијарди фунти за развој, унапредување и модернизирање во разни сектори на британскиот општествен живот. Се смета дека тоа во голема мера придонесува за градењето на неговиот поинаков имиџ од оној на неговиот претходник, како и за зголемување на рејтингот на лабуристите кај домашните гласачи.

Continue Reading

Полската министерка за надворешни работи Ана Фотига предизвика жестоки реакции во земјата, посебно помеѓу опозицијата. Во интервју за „Интернешнл хералд трибјун“ таа ја обвини Германија дека како „историски непријател на Полска“ настојува да ја понижи земјата и да ја разниша нејзината позиција во ЕУ и НАТО. За таа цел кова завера со Русија, „вториот историски непријател“ на нејзината држава.

Continue Reading