(Пренесено од МИА)

Од срцеви заболувања годишно умираат над 10.000 луѓе во Македонија, соопштија на денешната прес-конференција по повод 30-ти Септември, Светскиот ден на срцето, министерот за здравство Имер Селмани, директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита Д-р Драган Ѓорѓев и директорот на Клиниката за кардиологија Д-р Сашко Кедев. Continue Reading

Со оглед на тоа дека американскиот претседател Џорџ В. Буш „нуклеарно“ го изговара како „нукјуларно“, а поначесто се мачи и со изговорот на странски имиња, неговите советници за говор пред Општото собрание на ОН му подготвиле „фонетски“ говор, кој со некое чудо се најде и на интернетските страници на ОН.

Continue Reading

Сигурно е дека  5 земји членки на Алијансата ќе  гласаат за прием на Македонија во НАТО следната година. Тоа се познатите најголеми поддржувачи: САД, Британија, Турција, Словенија, на кои сега им се придружи и Романија. Но, тоа не значи дека и други не се подготвени да го поддржат членството на нашава земја. Особено во „пакетот“ со Албанија и Хрватска. Тоа пред се се однесува на новите земји- членки- Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Словачка. Continue Reading

20 држави во светот се посочени како најголеми производители на наркотици или како транзитни држави низ кои се шверцува дрогата, се истакнува во извештајот на американскиот Стејт департмент за светската трговија со дрога во 2006-та година.

Continue Reading

Распаѓањето на Чехословачка пред 15 години беше наречено „кадифен развод“. Двете членки на федерацијата се разделија мирно, на пријателски начин. Фламанците и Валонците го проучуваат овој пример, обидувајќи се да утврдат дали е применлив на нивната земја. 3 месеци по парламентарните избори, Белгија и натаму нема Влада, а на двете страни се погласни се оние кои повикуваат на раскин на 117 години старата федерација со 10,5 милиони жители. Сепаратистички повици се слушаат и од богатиот север и од посиромашниот југ на земјата.

Continue Reading

Доколку се усвои препораката на Одборот за човечки ресурси, армијата на Израел комплетно ќе ги интегрира жените во сопствените редови, вклучувајќи ги и единиците во првите борбени редови. Усвојувањето на препораката ќе предизвика драматична промена во израелската армија. Жените ќе бидат вклучени и во последните целосно машки делови од армијата: пешадијата на првата борбена линија, артилеријата и специјалните единици.

Continue Reading

Проблемот на ДПА и на Албанците во Македонија се вика СДСМ. Таму се собрани заедно поранешни комунисти, економско-финансиски структури, кои на криминален пат преку ноќ станаа најбогати луѓе во државата. Загрозени од борбата на Владата против организираниот криминал, тие сега се обидуваат да продуцираат нова криза.

Ова е објаснувањето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за обидите за дестабилизација на државата.

Continue Reading

Всушност, не станува збор за вистински пораз (затоа во наводници), туку за уште една од многуте утки на оваа опозициона партија во залез односно згаснување (според многумина аналитичари и експерти). Тоа е веќе манир на една тотално инфантилна, дилетантска, дури ступидна и карикатурална опозициона „активност“: прво ќе се „нападне“, а кога „нападнатиот“ ќе излезе пред јавноста со факти и аргументи, ќе се остане „глув и нем“, како да „не сум одовде“, „не бев јас“ и сл. Continue Reading

Македонија со 117 милиони евра е 7-ма на листата земји според висината на словенечки инвестиции во странство во 2006-та година. Словенечките фирми лани во странство инвестирале вкупно 3,5 милијарди евра, од кои речиси две третини во земјите од поранешна Југославија, објави словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Словенечки инвестиции во поранешна Југославија: Хрватска 927 милиони евра, Србија 790 милиони евра, БиХ 344 милиони евра, Македонија 117 милиони евра, Црна Гора 71 милиони евра.

Continue Reading

Можеби, необично, можеби неочекувано како дел од долгорочна развојна стратегија на една земја:

Полска ги повика емигрираните Полјаци да се вратат во својата земја. Станува збор за околу 1,2 милиони кои емигрирале по приемот во ЕУ, во текот на 2004. година.

Continue Reading