Со усвојување на заедничка Декларација за унапредување на дијалогот и заемното разбирање помеѓу религиите и цивилизациите од сите, на над 200-мина духовни водачи и претставници на поголемите верски заедници од 40-тина држави во Охрид, заврши Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Прочитај ја целата поента

Итната седница посветена на инцидентот во Танушевци, во кој загина еден припадник на граничната полиција, а двајца беа ранети, како и предложените заклучоци се само политички памфлет на опозицијата. За опозицијата, пак, тоа е уште еден безуспешен обид да се освести власта и на безбедносната состојба да гледа пореално.

Прочитај ја целата поента

Интересно прашање на една моја колешка. Навистина, кој и посакува лошо на Република Македонија? Нема никој? Ниту внатре, ниту надвор?!

Го пренесувам текстот на Гордана Дувњак, објавен во „Утрински весник“, без никаков мој коментар. Ви го оставам вам.

Прочитај ја целата поента

И самата разбирајќи дека се вовлекла во небулозен, ступиден „спор“, а слушајќи и чувствувајќи дека и отчuкуваат последните не пет минути, туку минута-две, се обидува да ја стави в уста последната „сламка на спасот“ (наводниците можеби не се потребни). Прочитај ја целата поента

Ал Гор конечно нешто освои- му се потсмеваат Републиканците на политичкиот непријател, алудирајќи на изгубените избори и неговиот триумф во Кодак театарот- добивањето на „Оскар“. Попатниот коментар за наградата за еколошкиот филм „Непожелна вистина“ го изрече и неговиот противник од пред 7 години. За актуелниот претседател Џорџ Буш „Оскарот за политичарите треба да остане во доменот на сништата“.

Прочитај ја целата поента

Конгресот на Кинеската комунистичка партија, што почна на 15-ти овој месец, е јавен форум, грижливо подготвуван и во длабока тајност, кој ќе му овозможи на шефот и претседател на Републиката Ху Џинтао да ја консолидира политичката власт. Прочитај ја целата поента

Да, ни се поставува (само) прашањето „Што се случува со нашето достоинство?“, а ние се правиме како да им се поставува на други. Се покажуваме пред себе си и пред други недостоинствени, инфериорни, понижени, ништожни. Како сето тоа добро да ни „лежи“. Тоа- недостоинството е најдиректно поврзано со патриотизмот или, попрецизно, со националната гордост, стаменост, самосвојност.

Прочитај ја целата поента

Уште една знаменита, позната и мошне интересна, провоцирачка светска личност зи замина од овој наш свет на минливоста. Големиот духовен учител, хуманитарец и миротворник Шри Чин Мој почина на 11-ти овој месец во Њујорк, во 76-тата година од животот. Прочитај ја целата поента

Околу 212 милиони евра ќе чини новиот модерен аеродром во Загреб што ќе се гради во непосредна близина на постојниот објект. Изградбата треба да заврши до 2011-та година.

Новиот терминал и писта ќе се градат на 2,5 километри североисточно од постојниот аеродром.

Прочитај ја целата поента