Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави во Баден, во близина на Виена, каде што почна 3-дневната финална рунда на преговори за идниот статус на Косово со посредство на „тројката“ на меѓународната Контакт група,  дека државната делегација на Србија дошла на преговори за Косово за со приштинската делегација да постигне „заемно прифатливо решение“, истакнувајќи дека „топката е во дворот на косовските Албанци“:

Прочитај ја целата поента

Огромен е прогресот што Македонија го прави во насока на остварување на нејзината амбиција, за членство во НАТО, нагласи претседателот на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, Жозе Лело, во неговото обраќање на 81 – та седница на Собранието на Република Македонија.  Лело, кој е силен поддржувач на политиката на отворени врати за членство во Алијансата, особено за Македонија, укажа на големата одговорност што ја носи членството во НАТО.

Прочитај ја целата поента

Оние што ги познаваат политичките состојби во Хрватска и распоредот на политичките сили, воопшто не се изненадени од мошне тесната победа на владејачката ХДЗ над СДП. Пред се, затоа што поразениот во изминатиот меѓуизборен период знаеше како да се однесува конструктивно, што ќе рече „европски“ како опозиционер, за разлика од, на пример, македонските социјалдемократи.

Прочитај ја целата поента

Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик за странските инвестиции.

Ова го покажа студијата „Risk map 2008“ на консултантската куќа „Control Risks“, која оценува дека во речиси 60% од земјите во развој постојат сериозни закани за странските инвестиции во политичкото и безбедносното опкружување.

Прочитај ја целата поента

Во светот се среќаваат најразлични чудни луѓе- чудаци кои прават и работат се и сешто; од најразлични причини, поводи, предизвици, инспирации. Најчесто нивните „дејанија“ се подведуваат под заедничкиот именител „екстравагантност“, но секако не е мал бројот на оние што го прават или работат „тоа“ за материјална корист или да бидат запишани, запаметени во чудната историја на човековата цивилизација.

Прочитај ја целата поента

Две третини од Русите ќе гласаат за партијата „Единствена Русија“ на претстојните парламентарни избори на 2-ри декември (2007.), а формацијата на претседателот Владимир Путин ќе добие значајно мнозинство во Државната дума.

Ова го покажа испитувањето на јавното мислење на независниот центар „Левада“.

Прочитај ја целата поента

Лидерот на Демократска партија на Косово Хашим Тачи прогласи победа на косовските парламентарни избори. Во обраќањето до граѓаните тој рече дека за Косово почнува нова ера:

„Му покажавме на светот дека сме демократско општество и сме подготвени да одиме напред, како земја на слободата, демократијата и независноста“.

Прочитај ја целата поента

По парламентарната пресметка помеѓу коалиционите партнери- лидерите на НСДП, Тито Петковски, и на ДПА, Мендух Тачи, а чиј повод беше интерпелацијата за заменик- министерот за внатрешни работи Рефет Елмази (пратениците од НСДП гласаа за), премиерот Никола Груевски оцени дека не станува збор за криза во Владата, туку за „недоразбирање“ односно „мали проблеми“:

„Се надевам дека двете партии ќе најдат начин да ги надминат тие недоразбирања. Ќе се обидам да ги исконтактирам деновиве, да поразговараме и се надевам дека тие мали проблеми ќе бидат надминати“.

Прочитај ја целата поента

По обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека зад потписот на Бранко Наумовски на одлуката на Уставниот суд, за укинување на неколку члена од Законот за знамињата на заедниците, стои сценарио на претседателот Бранко Црвенковски, договорено на 18-ти октомври во еден од скопските ресторани, од кабинетот на шефот на државата реагираа за изнесени лаги и инсинуации, упатувајќи простачка, никако не политичка навреда („Деца, не си играјте со државата“):

„Да се води држава не е детска игра, особено тоа не ви е дозволено вам, на кои им е доверен мандат проблемите да ги решаваат, а не да ги создаваат и да манипулираат“.

Прочитај ја целата поента

Конечно, по долго мое инсистирање (во многу коментари и на овој сајт) дека не постои „грчко- македонски спор“ за името на нашата земја, почна да се прифаќа фактичката „ситуација“: дека Грција нема спор со уставното име „Република Македонија“, туку името „Македонија“ и се „македонско“. Се прифаќа од „државните фактори“, но и од се поголем број на медиуми. Настрана тоа што „лефтерното“ прифаќање на меѓусебен спор предизвика сериозни и долгорочни последици за земјава на меѓународен план.

Прочитај ја целата поента