Читни го ова!

Александар Македонски воскресна во малата ќелија на судот за воени злосторства во Хаг. Ужаснат од фактот што неговата Македонија клечи пред Европскиот сојуз во кој е и Грција (наместо обратно, тие да клечат пред Македонија), почна да се присетува на лекциите по логика што Аристотел некогаш му ги предавал. Потсетувањето беше болно бидејќи не можеше да сфати како е можно на Македонците да им го оставиш во владение целиот свет, а тие да го раскрчмат пошто – зашто. Не само светот, туку и Македонија. Да ја сведат државата на Војсководецот на нешто што во Хаг го викаа FYROM.

Continue Reading

Економикс

Интересна, но не и неочекувана (не)реакција на нашите економски стручњаци: македонскиот Буџет за 2008-ма година е проектиран на рекордна сума досега. И толку. Ниту збор за, на пример, колку тој ќе им биде „тежок“ на оние што ќе треба да го „наполнат“, во која мера е развоен, односно дали се доволно оправдани конкретните расходни ставки во него; воопшто, дали толку големата сума ќе значи поткрепа на предвидениот економски раст, колку тој ќе придонесе за сеопштиот општествено- економски раст на Македонија, а особено на стандардот и квалитетот на животот.

Continue Reading

Ретропис

Сосема очекувано, без никакво изненадување: мојата новинарска дребност не може да се мери со значењето, а особено моќта на македонско- бугарскиот државјанин и пратеник во македонскиот Парламент, Љубчо Георгиевски. Неговиот предлог за промена на „уставното име“ на Македонија (во Северна Македонија) има „соодветна тежина“ и на него се реагира како „опасен“ (без оглед што е во најмала рака неиздржан, а за многумина и несериозен), а мојот предлог за промена на името (не уставното име) како воопшто да не е прочитан, иако од поодамна стои на овој сајт. Нема никакво реагирање, макар како единствен и дилетантски.

Continue Reading

Акценти

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Анкара на заедничка прес-конференција со својот гостин, македонскиот премиер Никола Груевски, истакна дека е лош и погрешен ставот на Грција да го условува приемот на Македонија во НАТО со промена на името. Секоја држава треба да ги почитува независноста, името и суверенитетот на Република Македонија. Ердоган соопшти дека им дал налог на претставниците на Турција во сите структури на НАТО да работат на приемот на Македонија во алијансата.

Continue Reading