Можеби насловот со оценка ќе претставува недозволива новинарска (моја) „антиципација“, но таа се наметнува сама по себе. Од проста причина што „утките“ на водечката СДСМ (пред се) веќе не можат да се избројат, а се премногу очигледни. Ја поткрепувам и со познатата: „Кој си ја има мувата на капа…“, и тоа со аргументи со кои позицијата (ВМРО-ДПМНЕ) удираат „контра“. Нема потреба да се изнесуваат други, „независни“ или „објективни“, а „нерасчистени“, ниту, пак, новото раководство на најголемата опозициона партија (колку најголема?) помислува да стори макар минимален напор во таа насока.

Значи, само пренесувам нешто „најново“, а кое потпаѓа под тн. урбанистички криминал- урбана мафија:

Continue Reading

„Во македонската историја има многу противречности, па треба да бидеш будала за да не разбереш дека, доколку си Словен, не можеш да бидеш Македонец и да го присвојуваш Александар Македонски“.

Ова пред некој ден на водечката албанска телевизија „Топ Ченел“  го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, доколку некој треба да го присвои Александар, тоа не се Македонците, туку Албанците, поради тоа што неговата мајка Олимпија била од илирско потекло.

Continue Reading

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ регистрирал 1.341 порачка во текот на 2007-ма година, што е помалку од 1.413 авиони кои ги договорил американски „Боинг“, во рекордната година и за двете компании, соопшти „Ербас“.

Вредноста на порачаните „Ербасови“ авиони е 157 милијарди долари по каталошки цени, иако компанијата дава и попусти при склучувањето на договори. „Тоа се големи бројки во извонредна година“, изјави Том Ендерс, прв човек на „Ербас“. Европскиот произведувач предвидува дека порачките во 2008-ма ќе бидат поголеми од договорените 470 испораки.

Continue Reading

Почитувањето на политичките слободи е намалено во повеќе земји на светот, помеѓу кои се и Русија, Иран, Пакистан, Венецуела и Кина, соопшти независната организација за заштита на човековите права и слободи „Фридом хаус“. Минатата година тие бележат регрес во 20% од земјите во светот.

Во годишниот извештај на „Фридом aхаус“ се истакнува дека ситуацијата во многу земји ширум светот е драстично влошена кога станува збор за слободите, изјави Арш Падингтон, директор за истражување на невладината организација, чие седиште е во САД.

Continue Reading

(Љупчо Димитровски: прилог објавен во е-Еснаф, на 25.07.2006-та година)

Во изминативе неколку дена вложив максимални напори да се навратам на книгите од мојата домашна библиотека во кое стручно- експертски се елаборира политичкото опозиционерско дејствување во парламентарната демократија. Колку да се потсетам на едно од „таквите“: ја најопасно, ја најефикасно, ама без дилема најконструктивно- жестокото. И на мое големо, ма огромно изненадување, не пронајдов ниту збор! Којзнае, можеби изборот што го поседувам е погрешен. Но…

Навистина, можете ли да си одговорите (а со тоа и мене да ми помогнете да си одговорам) на поставеново прашање:

Што е тоа жестока конструктивна опозиција?

Continue Reading

Дека Претседателот на Република Македонија никого не „потресе“ со своето обраќање пред пратениците и гостите во македонското Собрание потврдија и само „првичните“ реакции односно оценки, без ничиј и никаков обид за попродлабочена анализа и оценка на искажаното, реченото и недореченото. И тоа само во однос на „неизбалансираноста“ во „карањето“ на власта и опозицијата („нормално“, во тој контекст „акцентот“ беше ставен на Владата на Груевски).

Continue Reading

Уште еден добар потег на Владата на Груевски со што ги потврдува грижата и чувството за националниот интерес и афирмацијата на македонските творечки вредности: за првпат се издвоени средства, во висина од 200.000 долари, за поддршка на кандидатурата на филмот на Манчевски „Сенки“ за најголемата филмска награда на светот „Оскар“.

Continue Reading

Се случи нешто што во други средини e не само недозволиво, туку и несфатливо: да се исклучи струја на кардиохируршка клиника! Само среќата „помогна“ да се избегне катастрофа.

На 27-ми декември (2007-ма)  во Кардиохирургијата „Филип Втори“ Воената болница ја исклучила струјата поради поправка на високонапонска склопка која овозможува да работи агрегатот.

Continue Reading

Во Словенија е нарушена конкуренцијата? Зарем е тоа можно во членка на ЕУ? Нели е таа- „хармоничната“ конкуренција еден од економските критериуми за зачленување во неа?

Словенечката служба за заштита на конкуренцијата презеде истрага против трите водечки трговски синџири во земјата- „Меркатор“, „Шпар“ и „Енгротус“, обвинувајќи ги дека се договараат за цените.

Continue Reading