Ако нешто позитивно забележувам во последно време кај нас, освен владиниот економски „бум“ на Македонија, што искрено ме весели ( за радување немам време оти со податоците за него ме бомбардираат секојдневно), тоа е што помеѓу нас има се помалку и сеирџии и мативоди. Првите малку повеќе од вторите. Не затоа што се намалија по „природен“ пат, туку затоа што се подисплашија, па се затаија привремено.

Прочитај ја целата поента

Може ли да се води успешна политика без лаги и измами? Го нагласувам водењето, а не практицирањето на политиката, имајќи го притоа предвид ставот на некои учени дека политиката е вештина на владеење воопшто, а особено со луѓе, групи- маси, народ. Прочитај ја целата поента

Непосредно по последните парламентарни избори (2006-та), по победата на ВМРО-ДПМНЕ, во серијата секојдневни прилози пред и по неа објавени во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ е  и следниов (07.07.2006), со кој актуелизирав едно мошне важно прашање, а е непосредно поврзано со програмата на Никола Груевски „Преродба во 100 чекори“.

Го објавувам на ова место исто како да сум го напишал сега, на овој ден.

Прочитај ја целата поента

Има ли некој што во контиунитет ги следи случувањата во Куба, по сериозното разболување на Фидел Кастро, а пред се неговата старост и истрошеност, да е навистина изненаден од потегот на „единствениот претседатело на Куба“? Необичното е можеби единствено во тоа што тој не почека да го заокружи своето владеење на точно 50 години, без оглед што привремено подолго време не е претседател- го заменува неговиот брат. Можеби веќе „нема време“ за тоа.

Прочитај ја целата поента

Пред неколку месеци имав доволно „храброст“ да предложам ново име на нашава држава (не уставно), како што тоа го стори уште еден мој колега кој потоа, веројатно под „притисок“, својот предлог самиот го оквалификува како несериозен односно ироничен.

Прочитај ја целата поента

Општа е оценката (и на политичарите и на бизнисмените) дека со решавањето на статусот на Косово, односно прогласувањето на неговата независност се отвораат нови страници во развојот на економијата во регионот, во развојот, продлабочувањето и проширувањето на меѓусебните економски врски.

Прочитај ја целата поента

Она што се случува подолго време во една високоразвиена земја особено на економски план, а која често се наведува(ше) како „светол“ пример за меѓуетнички соживот што треба да се след“ (некои од политичарите на македонски Албанци), се покажува како логичен, неодминлив „ред на нештата“: Белгија е длабоко поделена и тешко дека ќе опстојува уште долго како таква.

Прочитај ја целата поента

„Првиот дел“ од најавата се оствари: на средбата во Атина посредникот на ОН за решавање на „билатералниот“ проблем помеѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, во врска со уставното име на Македонија (всушност „унилатерален“, бидејќи е проблем само на Атина), донесе нов, според некои аналитичари последен предлог- ново име. „Вториот дел“- тоа да се обелодени е „одложен“. Предлогот на Нимиц ќе остане таен се додека двете земји на највисоко ниво не го анализираат и објават во јавност.

Прочитај ја целата поента

(Текстов е објавен на 04.07.2006)

Убедувањето за што било е пред се долготраен процес, акција или дејствување. Тоа не може да се постигне за кратко време (денови, недели), а особено не кога е вербално. Кога е во прашање процес, има утврден, проверен тек на „нештата”: најнапред се поставува крајната цел, потоа целите на „меѓуфазите“, па стратегијата и тактиката, средствата (зборовите- јазикот- стилот) и изборот на убедувачите.

Прочитај ја целата поента

Очекувано, без никакви изненадувања: Советот за безбедност на ОН не донесе никаква одлука за во овој момент едно од најгорливите прашања, не само на Балканот и Европа, туку со мошне сериозни импликации по мирот и перспективата на светот.

Се беше однапред познато пред неговата седница: Србија е подготвена за продолжување на преговорите, а Косово за ништо друго, освен за прогласување на ( ветената) независност.

Прочитај ја целата поента