Глупоста и недоветноста навистина немаат граници. Со нив постојано не напаѓаат, навалуваат врз нас оние што ги измислуваат, ги прават поради основна неписменост, незнаење, дилетантизам, инфантилност. Во сите области на нашево живеење и дејствување, без исклучок.

Прочитај ја целата поента

Агенциите и медиумите во целиот свет објавија дека австриската полиција уапсила татко монструм кој цели 24 години ја држел во заложништво сопствената ќерка, сексуално ја злоставувал и со неа имал 7 деца.

Прочитај ја целата поента

Предупредувањето- најавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, при донесувањето на одлуката за предвремените парламентарни избори во Македонија и самораспуштањето на Парламентот- дека на изборите ќе се случи „касапаана“, се реална, загрижувачка опасност за стабилноста и перспективата на Република Македонија.

Прочитај ја целата поента

Токму така! Она што го започна и во наредниот период ќе го продолжи многу поинтензивно нашиот јужен сосед- необјавена трговска односно економска војна, е само продолжение на безобразието кое за демократскиот свет полека станува ем несфатливо, ем неподносливо.

Прочитај ја целата поента

Ова го има домислено еден голем ум, но не во прво лице како јас. Јас го велам во прво најпрво зашто немам второ, трето лице, а попрво оти сакам да кажам нешто конкретно, најконкретно токму за денес.

Дали и вам ви е денес секој ден, како секој друг? По вчерашниот?

Прочитај ја целата поента

Во својата велигденска порака, поглаварот на МПЦ Г.г. Стефан вели:

„Ние сме народ кој знае да се радува на Велигден и на сите празници, како што знае и да трпи страданија, да поднесува голготи и распетија.

Прочитај ја целата поента

Ова постојано повторувано барање и од наши и од странски добронамерници- оние што и мислат добро на нашава држава, што не се сомневаат во нејзиниот опстанок и иднина, најмногу ги вознемирува, па и плаши. Но пред се ги нервира „стариве“. Тоа многу лесно може да се заклучи од нивниот единствен одговор („консенсуален“):

„На повидок нема нови луѓе“.

Имаат ли право? Само делумно.

Прочитај ја целата поента

Извештајот на Европскиот парламент за Македонија доби позитивни оценки, и покрај пресвртот што го наметна решавањето на спорот за името како услов за добивање на датум за преговори.

Официјално Скопје изразува особено задоволство за позитивните оценки на спроведените реформи и побара, доколку е можно, на следниот самит ЕУ да и определи датум за почнување на пристапни преговори.

Прочитај ја целата поента