Моето новинарско- хроничарско следење на предизборната кампања за редовните парламентарни избори во 2006-та година го завршив, како што е логично и очекувано, со текст за предизборниот молк. Го објавувам и сега, со сосема мали интервенции и прилагодувања (без потенцирање на тогашниот „предизвикот“).

Continue Reading

Станува збор за истражување чии резултати „фактографски“ негираат една од европските „вредности“- безбедноста односно борбата против криминалот. Во наводници оти воопшто не станува збор дека е тоа- вредност, а најмалку европска. Некои македеонски „проевропски“ новинари, аналитичари и квазиексперти токму така ги именуваат „одредниците“- „бенчмарковите“ и другите услови кои Република Македонија мора(ше) да ги исполни за оние од ЕУ да и ја прифатат нејзината милениумска припадност на „европското семејство“. Признавањето од нив не треба ниту да се бара зашто ниту се опитни, ниту се надлежни за тоа. Continue Reading

Да, „непријатен инцидент“ за Грција, но сосема логична, непристрасна, разумна, чесна, расно неоптоварена реакција на човек кој ја согледува (воопшто не е тешко ако се сака) сета глупост, безобразност, безобѕирност на (пре)именувањето на Македонија и М0акедонците, а чиј заеднички именител е европски наци- фашизам. Continue Reading

Моето децидно „Не!“ на поставеното прашање најверојатно многумина ги изненадува, па и фрапира, или во најмала рака го сметаат за несериозно.

Како тоа да не се можни? Зарем не мора да бидат фер и демократски? Зарем „меѓународната“ ќе дозволи да не бидат?

Мора да се победи. По секоја цена! А која е цената?

Continue Reading

На 16.01.2006. година објавив прилог под горниот наслов со следниов вовед:

Судејќи според подготовките за фер и демократски избори (изборното законодавство) и почетокот на медиумската кампања, уште отсега едно е сигурно: ќе биде интересно, а богами и мошне весело и смешно.

Затоа ви препорачувам внимателно да следите се што најавуваат и прават партиите од позицијата и опозицијата. За да се веселите и да се смеете заедно со нас. Ние веќе почнавме. Придружете ни се. Continue Reading

Француската компанија „Монтипе“ ќе гради фабрика за автомобилски делови во слободната економска зона Бунарџик.

Премиерот Никола Груевски и извршниот директор на компанијата Марк Мајус во седиштето на „Монтипе“ во Лењвил, во близина на Париз, потпишаа Меморандум за соработка, со што се отвора патот за реализација на инвестицијата. Continue Reading

Ништо чудно во однесувањето на нашиот јужен сосед. Чудна е се поголемата нервоза кај неговите политичари, сега и на црковни лица. А се знае: нервозата најчесто е предизвикана од несигурност, од лага, од „разголување“ на вистината, но и од фактографска инфериорност.

Нервозата овојпат ја предизвика поглаварот на МПЦ, Г.г. Стефан, кој на чествувањето на Свети Кирил во Рим изјави дека Грција уништува се што создал сесловенскиот просветител.

Continue Reading

Дека многу нешта во овој наш до крајности политизиран, поточно политикантски живот не се менуваат или, пак,  се менуваат мошне бавно, „највепчатливо“ зборува процесот на нашето европеизирање.

Сигурен сум дека на прилогов што следи, објавен на 15.12.2005-та во електронскиот весник „Дневен е-Еснаф“ (сега со незначителни пред се стилски интервенции и во прво лице еднина) многумина, откако ќе го прочитаат, ќе се согласат дека и сега нема што ниту да му се додаде, ниту да му се одземе.

Лично воопшто не милувам да „ретропишувам“, ама кога се работи за ре-актуелност…

Continue Reading

За многумина политичари, особено од актуелната опозиција, токму политичко-државничкото достоинство е деновиве на најголем  испит. А со она што го зборуваат и го прават, како дејствуваат, докажуваат дека воопшто го немале и го немаат. Ако досега некако успевале да го одржуваат држејќи го во заветрината на своите кариеристички амбиции, остварувани дури и со кодошење на сопствената држава вон нејзините граници, дури и со унижување на сопствениот народ, сега веќе не можат. Затоа што станува збор за пресудни моменти за иднината на националното достоинство. Тие се подготвени, тоа веќе и не се обидуваат да го прикријат, дури и идентитетот на својот народ да го проблематризираат, „дискутираат“,  поточно да тргуваат со него за да постигнат лични и партиски лукративни цели.

А еве што напишав и објавив под горниот наслов на 19.11.2005. година. Текстот го преобјавувам без никакви поправки и доправки.

Continue Reading

Има некои домашни и странски- „меѓународни“ политички личности кои со своите настапи и изјави, па и со своите дејанија просто збунуваат. Човек не знае како да ги третира: како сериозни, искусни, мудри или, пак, како личности на кои не им е местото каде што се.

Continue Reading