-Зимбабве воведува банкнота од 100 милијарди долари

Централната банка на Зимбабве ќе пушти во промет банкнота од 100 милијарди зимбабвеански долари, во очајничка борба против хиперинфлацијата во земјата, објави банката. Прочитај ја целата поента

Метју Нимиц најави извесна промена на „фокусот“ на преговорите за проблемот што го има јужниот сосед со името на нашата земја. Всушност, не станува збор за промена, туку за враќање на онаа појдовна позиција (уште од „проблематизацијата“ со приемот во ООН и измислувањето на ступидната референца БЈРМ), а која во меѓувреме, под притисок на Атина, се „помести“ односно се „разголи“- се постави вистинскиот проблем: идентитетот на македонскиот народ „конкретизиран“ со проблемот на егејските Македонци, пред се со нужното идно, скорешно признавање на македонското малцинство во Грција (според мене, посоодветно и пооправдано име на јужниот сосед -Данајска република). Прочитај ја целата поента

Собранието на Македонија ја избра новата Влада, шеста на ред од осамостојувањето на Република Македонија.

„Старо- новиот“ премиер Никола Груевски изјави дека во наредните 4 години во Република Македонија ќе има политичка стабилност, економски раст и економски развој, инвестиции во образованието, земјоделието и во многу други области.

Прочитај ја целата поента

По цели 13 години, Радован Караџиќ е донесен во Хаг, со авион на српската Влада. До Шевенинген тој беше префрлен со полициски хеликоптер.

Серж Брамерц, главен обвинител на Хашкиот Трибунал, изјави дека Караџиќ е под надзор на Меѓународниот криминален трибунал за поранешна Југославија, а денеска попладне (31.07.) ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен по обвинението.

Прочитај ја целата поента

(Прилог на Љупчо Димитровски објавен во „Дневен е-Еснаф“, 19..11.2005)

Годинава и во Скопје и во други поголеми градови во Македонија регистрираме многу побогати културни лета одошто во изминатите. Па сепак, она што го потенцирам во овој прилог како се уште да не им е доволно познато на креаторите на културата воопшто, дури како воопшто да не чуле или прочитале.

Прочитај ја целата поента

Како и досега, ништо добро од ММФ. Не затоа што Фондот работи против Република Македонија, туку од проста причина што мора (тоа и е прва „задача“) да ги брани сопствените интереси насекаде каде што влегол и не ни помислува да излезе.

Прочитај ја целата поента

Пред повеќе од две години (на крајот од 2005-та) беше промовиран проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ кој треба да ги забрза постапките за воспоставување на катастар на недвижности и да ги подобри процедурите за впишување на имот.

Целосната имплементација на проектот треба да обезбеди европски стандарди за институционалниот капацитет на Државниот завод за геодетски работи, ефикасност на процедурите и услугите при запишувањата на правата на недвижностите, но пред се сите промени во катастарот да се извршуваат за само еден ден.

Прочитај ја целата поента

Висока делегација на Светската банка на средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски оцени дека невработеноста во Македонија е се уште голема, а сиромаштијата раширена. Енергетскиот пазар, патната инфраструктура, деловниот амбиент, децентрализацијата и социјалниот сектор се области кои бараат посебно внимание. Прочитај ја целата поента

По 13 години постојана, а всушност „дисконтинуирана“ потрага и барање (напоредно) на меѓународната заедница, Србија „реши“ да го пронајде и уапси еден од најбараните на светот, поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ. Прочитај ја целата поента

Станува несфатливо како најтесното раководство и неговото „опкружување“ не разбираат или не прифаќаат дека со однесувањето и дејствувањето во подолг период (од самиот старт на опозициониот „стаж“- пред две и кусур години) се маргинализира себе си; СДСМ веќе не е најголема, а станува, ако се уште не најмала, тогаш „еднакво мала“ опозициона партија со другите „содружници“; дека создава дури анимозитет не само кај своите „довчерашни“ и “доденешни“ симпатизери, туку и кај членството. Прочитај ја целата поента