Како секоја, и оваа година пред почетокот не летната сезона се најавуваше туристички„бум“. Дека конечно македонскиот туризам ќе „скокне“, дека се очекува богата туристичка „жетва“, без оглед што навреме беа „прочитани“ сигналите и најавите за слаба посетеност на странски туристи на нашите главни туристички дестинации. Затоа, пак, е тука домашниот турист кој ќе навали оти нема каде (пред се поради (п)одбивањето на јужниот сосед на македонски граѓани; другите „мориња“ за Македонците се „традиционално“ далеку).

Прочитај ја целата поента

Не поминаа ниту 24 часа од гаснењето и ставањето под контрола на речиси сите пожари во земјава благодарение на долгоочекуваниот дожд, а нов, најголем пожар летово, со мошне загрижувачки размери, изби кај Нов Дојран. Овојпат не станува збор ниту за природна стихија (високи температури), ниту за намерно подметнување, иако пак е во прашање човечки фактор.

Прочитај ја целата поента

Неверојатно и несфатливо е актуелната власт, пред се Владата односно кое било ресорно министерство, а потоа и Парламентот (без оглед на немоќната и маргинална опозиција) да донесат- донесуваат закони или измени на закони кои не се хармонизирани со европските, кога се знае дека е тоа една од првите обврски од Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ, услов за интеграција во европската заедница. Дури и пречеше постојаното потенцирање (во последно време тоа е поретко) дека претходно „законот е испратен на експертиза во Брисел“. Како да е сиот „експертски ум“, за секоја област, собран таму. Прочитај ја целата поента

Пред некој ден (26.08.) Русија ги обвини Македонија, Албанија и другите балкански земји дека и продавале оружје на Грузија. Рускиот генерал Анатолиј Ноговицкин, шеф на Генералштабот на руската армија, на прес конференција во Москва ги обвини сите балкански земји, како и оние од источна Европа, дека го снабдувале Тбилиси со оружје. Освен спомнатите, тој ги именува Бугарија, Украина, Србија и Унгарија.

Прочитај ја целата поента

Ураганот „Густав“, кој најнапред како тропска бура удри на Хаити и Доминиканската Република и однесе 85 животи, вчера (сабота-30-ти август) пристигна како ураган (четврта категорија) до кубанскиот Остров на младоста со ветришта кои дуваа со брзина од 230 км на час. Во својот налет на Куба оштети повеќе од 100.000 куќи, 370 училишта и стотици километри електрични и телефонски водови. Евакуирани се 467.000 луѓе, но никој не го загуби животот. Прочитај ја целата поента

Како што се очекуваше, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо е избран за најдобар во Лигата на шампионите за 2007/2008-ма година. Португалецот е исто така избран и за најдобар напаѓач.

Во изборот во Монте Карло доминираа фудбалерите на Челзи, освојувачи на три награди за најдобри на своите позиции.

Изборот беше одржан паралелно со ждрепката за првата фаза од новата сезона во елитното натпреварување.

Прочитај ја целата поента

Некои колеги- новинари се навистина непристојни, да не речам некултурни, да речам дури безобразни. Не научиле нешто од основната „новинарска“ практика (или беше етика?): не будете го со своите „чепкања“ оној што спие во функционерска фотелја, не му го вознемирувајте сонот. Самиот ќе се разбуди. Ако не порано, тогаш сигурно на последниот ден од мандатот. За да не биде избркан од неа, туку „достоинствено“ да си замине. Прочитај ја целата поента

Наместо колку- толку да се корегира, што значи да ги пренасочи своите активности во „конструктивна“ насока, раководството на Федерацијата на фармери продолжува со своите нелогични и штетни потези и активности. Членството би морало што поскоро да се „позанимава“ со него, да испита и открие од кого е „диригирано“, да побара конкретна одговорност за штетите што им ги нанесе на големите- крупните индивидуални млекопроизводители и да го смени. Прочитај ја целата поента

Од еврозоната се почесто и се повеќе пристигнуваат мошне загрижувачки вести за економските движења: големи надворешни неповолни влијанија, неизвесности околу траењето и конечната цена на превирањата на финансиските пазари, слабеење на американската економија и пораст на цените на стоките. Дефинитивно, и покрај цврстите економски темели, еврозоната почнува да го чувствува влијанието на светската криза.

Прочитај ја целата поента

Премиерот на Русија Владимир Путин во две интервјуа изјави дека е сигурен оти брзо ќе се докаже која страна е виновна во конфликтот помеѓу Русија и Грузија. Веќе почна да се докажува: тоа е Грузија.

При посетата на рускиот Далечен исток, во интервју за ТВ каналот „Русија“ Путин рече дека вистината за ситуацијата околу Јужна Осетија е на страната на Русија која постапува во рамките на моралното и меѓународното право, а во меѓународната ситуација во врска со тоа прашање има „многу емоции“:

Прочитај ја целата поента