Владата на Караманлис и тој лично очигледно ги издава трпението. Се повеќе станува јасно дека Атина ниту барала, ниту бара конструктивно решение на нејзиниот проблем во врска со името на нашата земја, туку нова географска одредница која всушност значи бришење на националниот идентитет на македонскиот народ. Прочитај ја целата поента

Кој вели дека Македонија не е правна држава? Дека законите и судството во нив се уште не се на потребното „европско ниво“, а тоа е еден од се уште неисполнетите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ? Зарем е мал, недоволен аругментот дека дури и мечка може да се најде на суд и да се пресуди во корист на оштетената страна- човекот?

Не можам да им се изначудам на нашиве, директно и индиректно одговорни за исполнување на условите, како е можно случајот да не им го „удираат од глава“ на Оли Рен & comp во Брисел. Прочитај ја целата поента

Вознемирувачка- загрижувачка изјава на Дмитриј Медведев за оние што внимателно ги следат и анализираат геостратешките придвижувања, поместувања, преместувања, прераспоредувања итн., а кои со светската економската криза добиваат и се повеќе ќе добиваат на интензитет:

Рускиот претседател им наредил на своите службеници да подготват нацрт- закон со кој би се одредиле границите на Арктикот. Притоа не навел каде точно би требало да се наоѓаат тие, но е веќе познато дека Русија смета оти полага право на голем дел од неговата територија. Прочитај ја целата поента

Веќе неколку години на ред се бара темелна реформа на ООН, а со цел поголема улога и ефикасност во решавањето на глобалните, регионалните, па и локалните проблеми, конфликти и процеси. Меѓутоа, и кога се работи за најголемата и најзначајна светска организација нема поместување од мртвата точка, од состојбата status quo. Причината е јасна: барањето е „логички“ поставено, како и при која било друга нужна и сериозна реформа: ООН треба да почне да се реформира од „главата“, конкретно од Советот за безбедност. Прочитај ја целата поента

Можеби сум првиот кој го користи терминот „европеизам“ (значи полагам право на авторство), а во значење на европски дух, европски вредности, европска култура, европски стандарди.

За жал овојпат „поврзан“ со еден друг кој, пак, означува пред се примитивизам, а потоа нетолеранција, омраза, деструкција, дури ниски- животински страсти. Кој никако да се искорени, а се чини дека најжилав отпор дава на фудбалските терени. Најнов е оној случен- жестоко изразен во Загреб. Прочитај ја целата поента

Скопје европска престолникна на културата? Ниту на сон! Барем по 10 години? Ма, како што е сега, она што е денес, а нема шанса да биде подобро утре со сегашнава политичка и општинско- градоначалничка гарнитура, ни по 100!

Мошне скептично? Нихилизам? Знаете ли кои критериуми треба да се исполнат за да се истакне кандидатура?

Прочитај ја целата поента

Во развиениот бизнис, особено мултинационалниот- меѓународниот, главен „принцип“ на работење и дејствување е: ништо случајно не се случува зашто Господинот Случај не е и не може да биде ниту маргинален, ниту минорен партнер. Следствено, секој најмал потег и секое „моментно“ решение се дел од темелно осмислена среднорочна и долгорочна стратегија. И тоа не самостојна, поединечна- индивидуална, изолирана, туку на најмоќен или на еден од најмоќните бизнисменски „кругови“, односно полит- бизнис олигархиски елити во најмоќната земја или во сојуз на најмоќни на светот. Прочитај ја целата поента

Сигурно не ви е потребно објаснување на разликата помеѓу тактика и стратегија. Доволно е да се има предвид разликата во нивната временска димензија. Меѓутоа, и за едната и за другата се потребни визија, знаење, стручност, искуство и способност. Едноставно, една без друга не одат.

Се разбира, тактиката произлегува од стратегијата, а не обратно. Обратното не значи ништо друго, освен конечен пораз на „тактизирањето“, односно импровизацијата, волунтаризмот, незнаењето, неспособноста, а над се на неодговорноста. Прочитај ја целата поента

Република Македонија немала и нема никаква „американска карта“ в раце за решавање на „спорот“ со јужниот сосед (во наводници оти воопшто не станува збор за спор, туку, да повторам по којзнае кој пат, за проблем на Атина со име на друга- соседна држава, што е сам по себе парадоксален, апсурден, нонсенс, непримерен за меѓународни, а пред се добрососедски односи). Зашто, доколку ја имаше, доколку ја има, ќе ја искористеше односно ќе ја користи максимално до „последен момент“- до претседателските избори во САД, а можеби и по нив (доколку победи републиканецот МекКејн). Прочитај ја целата поента

Иако е „најгорливо“, со најмногу проблеми и „матни води“, она што е направено и во континуитет (секојдневно) се прави во здравството наидува на одобрение и поддршка. Макар да е и не многу значајно, нешто што е одамна стандард во развиениот свет. Тоа е сосема разбирливо, особено ако се има предвид статусот и неговата улога во нашево современо, стресно и поприлично „болно“ време. Прочитај ја целата поента