И годинава ќе следиме иинтересни, на многу скијачки терени и возбудливи натпревари, посебно на два големи меѓународни настана: првиот, штотуку започна, е Светскиот куп во алпско скијање, а вториот е Светското првенство кое од 12-ти до 15-ти февруари следната година ќе се одржи во познатиот француски зимски центар Вал дИзер.

Continue Reading

Со интензивирањето на кампањата, а на само 10-тина дена до крајот, расте неизвесноста за тоа кого американските граѓани со право на глас ќе изберат за нов американски претседал. Очигледно и кандидатот на демократитe, Барак Обама, и на републиканците, Џон МекКејн, веќе почнаа да го користат „завршниот арсенал“ на „вербалното оружје“, кој, како секогаш, е решавачки и од ден на ден дури драматично ја менува разликата во рејтингот помеѓу нив. Последната е „на страната“ на МекКејн. Continue Reading

Дали зад последните убиства односно терористички акти стои организирана политичко- олигархиско- криминогена група со цел дестабилизација на Хрватска што ќе ја оддалечи од евро- интергацијата? Ако се имаат предвид не само тие, туку и мафијашкиот бизнис кој е навлезен и во најниските структури на власта и политиката, како и оценките и жестоката реакција на претседателот Месиќ и премиерот Санадер, состојбата се драматизира и се чини дека ја достаса кулминативната точка.

Засега не се воведува вонредна состојба во државата, но, како што потенцира премиерот, се воведува во органите директно задолжени за внатрешната безбедност. Continue Reading

Светските акции паднаа на најниско ниво во изминатите 5 години, а тој тренд не престанува, туку напротив, како да зема se поголем замав. Aкциите на берзата во Њујорк забележаа нов пад, а клучниот Дау Џонс индекс изгуби повеќе од 300 индексни поени поради стравот од глобално економско забавување. Акциите масовно се продават откако компаниите објавија финансиски податоци за работењето во третиот квартал, кои се полоши од очекуваните. Најголеми загуби имаат автомобилските и финансиските компании. Continue Reading

Предлогот на ЛДП да им се забрани двојно државјанство на функционерите заслужува сериозно внимание, анализа, па и поддршка „од прва“, но неконструктивното опозиционерско образложение веднаш отвора праша, поставува дилеми, предизвикува и отпор бидејќи „мириса“ на популизам.

Уште еднаш се покажува дека главен проблем на оваа партија, чии последици се континуиран, со години на ред катастрофален рејтинг, но и нејзина крајна маргинализација дури и во коалицијата „Сонце“, се  нејзиното најтесно раковоство и лидерската неспособност на Јован Манасиевски. Continue Reading

Досието за атентатот врз Киро Глигоров никогаш не било затворено, ниту, пак, некој досега можел да го затвори. Тоа е и ќе биде отворено се додека не се открие непосредниот извршител, а пред се организаторот или организаторите односно нарачателот/нарачателите. Впрочем, како и сите други слични и различни- поинакви случаи од терористичко- криминоген тип. Continue Reading

Одбележувањето на Денов започна вчера. Министерството за образование и наука за средношколците во земјава организираше историски час. Се одржа во просториите на Младинскиот културен центар, каде што беа прикажани видеозаписот „Заклетва“ и документарците „Илинден 1903“ и „Крушевска Република“. Притоа на учениците кои ги освоиле првите 3 места на републичкиот натпревар по историја, што се одржа во Прилеп, им беа доделени награди. Continue Reading

Ракометот како најтрофеен спорт во Македонија, еден од врвните спортови, на европската сцена се потврдува и на клупски план. Иако очекувани и реални, победите на „Металург“ и „Вардар Про“ се мошне значајни. Едно поради сигурноста и самоувереноста во играта, а друго и затоа што во европските натпреварувања е мошне важна стабилната, константната, а пред се континуираната игра. Почетните резултати најавуваат настап во Европа и во следната година.

Continue Reading

Загрижувачки, дури стравични податоци:

На овој ден, денеска, повеќе од 850 милиони луѓе се на ивица на гладта или на гладуваат, иако правото на храна е едно од темелните човекови права. Тоа право се повеќе се интегрира во националните устави и законодавтсвото.

Continue Reading

Во Астана, Казахстан, се одржува министерска конференција на западните и муслиманските земји „Заеднички свет: Прогрес низ различности“.

По дебатите организирани во две сесии, министрите за надворешни работи и високи претставници од 30-тина земји ќе потпишат заедничка декларација со порака за поголема толеранција и за зачувување на мирот и стабилноста во светот.

Continue Reading