Ќе има ли промена во ставот на САД во врска со проблемот кој го има Данајската република (Грција) со името (не уставното) на нашава земја,  по стапувањето на сцена на новиот претседател Барак Обама и неговата администрација? Уверувањата се дека не треба да се имаат никакви дилеми, бидејќи  американската надворешна политика е констатнтна и конзистентна, а меѓу другото за неа би било и несериозно да ја менува со секое менување на власта (без оглед на моќното грчко лоби?). Continue Reading

Tребаше да се кренат на нозе жителите на селата Бујковци и Миладиновци, да го блокираат влезот, да не дозволат нормално работење на ОКТА- редовен дотур на нафта и мазут, да измрзнуваат со денови, да протестираат цели 9 дена, за конечно Владата на Македонија и рафинеријата да се договорат дека таа повеќе нема да ја загадува околината, нема да ги труе, да им ги загрозува животите! Continue Reading

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), основана во 1991- ва година, финансира структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа, односно ги поддржува во фазата на транзиција кон пазарна економија. Таа е во сопственост на 60 земји и 2 меѓувладини институции (Европската заедница и Европската инвестициона банка), со запишан капитал во вкупен износ поголем од 20 милијарди евра. Не ја користи директно оваа цврста капитална база за финансирање на проекти, туку се задолжува на меѓународните пазари на капитал, притоа постојано придржувајќи се на здравите банкарски принципи. Continue Reading

Секоја година исто, само малку различно: продолжува (макотрпно) производството на македонскиот тутун, во континуитет се преземаат стимулативни мерки, особено за подобрување на квалитетот и непречен, се инсистира на редовен откуп по реални цени. Меѓутоа, сето тоа проследено со „получекори“, ветено- нереализирано, незадоволство и разочарување. Continue Reading

По изминувањето на рокот кој Владата во Софија го имаше за да покаже конкретни резултати во борбара против корупцијата и организираниот криминал, ЕУ одлучи на Бугарија да и укине 220 милиони евра помош од претпристапните фондови на чие користење има право до 2013- та година, до кога би требало од Брисел да добие вкупно 11 милијарди евра помош. Continue Reading

Економската (како нејзина последица и политичката) рецесија неминовно предизвикува глобални, епидемиски размери на лична- индивидуална и колективна- сеопшта депресија. Во земјите кои веќе прогласија рецесија (најразвиените на светот) најнапред оваа тешка душевна болест ја зафаќа- ја зафати високата бизнис класа, а веќе интензивно се шири и во средната. Разбирливо, засега најотпорна е ниската класа, од едноставна причина дека рецесијата неа најмалку ја погодува (и сиромашните земји; пример е Република Македонија). За жал, лечењето не е и не може да биде колективно, туку единствено индивидуално чиј ефект, пак, кога е во прашање епидемија, е речиси никаков. Continue Reading

Кога е во прашање слободата на новинарството и животната загроза на новинарот, се чини дека не постои ниту најмало безбедно место (макар агол во четири ѕида). Таа професија со децении наназад е, а судејќи според се и со децении нанапред ќе биде, една од најопасните каде и да се врши- реализира. Од неа се засегнати (загрижени, уплашени, заплашени, зависни) сите, најмногу политичарите и бизнисмените, а пред се полит- бизнис олигарсите. Кога ќе се најдат во опасност (да изгубат позиција, богатство, влијание), преземаат се што е во нивна моќ да ги замолчат таквите „шуркала“, ако треба и организиrање- плаќање на нивно убиство. Continue Reading

Можна ли е некоја област од нашето севкупно живеење и дејствување без политика, кај нас и во светот? Не е ли самата одбрана од политиката политика? Постои една област која, ако не повеќе, барем го релативизра одговорот на овие и вакви прашања: спортот. Continue Reading

Отсекогаш сум бил вnимателен и резервиран кога сум промислувал за рамноправноста помеѓу половите или, можеби поточно, за нивната еманципација (и на мажот и на жената). Внимателен затоа што станува збор за мошне комплексна и чувствителна тема (цивилизациска, социо- економска, културолошка, историско- традициска итн.), а резервиран бидејќи таа е основна, темелна за разбирање и проценување- оценување на севкупниот развој на една средина, почнувајќи од семејната па се до „глобалната“ односно „меѓународната“. Continue Reading

Акцијата „Засади ја својата иднина“, организирана по втор пат во земјава на Денот на дрвото, е без двојба голема и повеќедимензионална: еколошка, хуманитарна, културолошка, мобилизаторска, регионална, планетарна… Заслужува секаква пофалба, негување, поддршка, продолжение (традиција), ширење (прв нареден чекор „балканизација“).

Нејзиниот успех во светски размери не е толку во засадувањето на повеќе од 5 милиони дрвца (бројка што заслужува дури и Гинисово внимание и респект), колку во искажаната, докажаната нарасната свест и совест кај граѓаните, кај сите генерации за сопствената и иднината на својата земја. Се разбира и во воспоставениот дијалог , меѓусебното разбирање, почитта и заемниот опстој на човекот и природата. Continue Reading