Приемот на нови членки во ЕУ станува се потежок, посложен и понеизвесен. Особено за оние кои веќе забрзано „чекорат“ кон неа или се на нејзиниот праг. Тоа не е ништо друго, освен одбрана на интересите на одделни членки или групи односно кругови, пред се на најсилните, на „елитата“, освен страв од „разводнување“ на европската заедница, но пред се веќе согледаната немоќ и неспособност на прескапата, гломазна администрација во Брисел да ги координира и реализира заедничките интереси. Continue Reading

Светот како да очекуваше и се уште очекува „некаде“ да почне војна, поучен од таквото „ефикасно и брзо“ решавање на регионални и глобални економско- политички кризи. Сепак, судејќи според рамнодушноста, особено на најмоќните, оние во чии раце е судбината на светот (така е, без оглед дали тоа му се допаѓа некому или не), пред се едностраните поддршки, тоа „некаде“ не е појасот Газа и старо- новиот судир помеѓу Израел и Хамас. Допрва ќе се види каде, а во овој момент единствено е сигурно дека „решителниот удар“ на Израел против палестинските екстремисти ќе запре привремено кога за тоа ќе решат неговите поддржувачи, пред се САД. Continue Reading

Ги препознаваат ли и се гордеат ли малите народи со своите големи луѓе? Дали е тоа во „природата“ на големите народи, дали е привилегија тие да се еднакви, да се изедначени со своите, но и со туѓите големи луѓе (што не значи само почит кон нивното дело, туку и приопштување- присвојување)? Нели малите се поголеми од големите со своите големи луѓе?

Да бидеме начисто: мислам на големината, а не на големштилакот. Continue Reading

Титулата најдобар на „стариот континент“ помеѓу сите спортисти, од сите спортови, е сигурно една од највредните и најласквите. За да се добие е потребно навистина многу. Не само најдобри резултати, постигања во својот спорт, туку и по нешто од сите најдобри во другите спортови. Што е, што може да биде тоа? Continue Reading

Македонската опозиција веќе им здодеа на граѓаните, а веројатно и на себе си, со папагалското „критикување“ на позицијата односно на Владата на Никола Груевски дека троши „огромни средства (пари)“ на “саморекламирање“, притоа мислејќи на континуираните („за се и сешто“) медиумски кампањи. Веројатно и на Владата и на самиот Груевски исто така му е здодеано постојано да ги слуша прозивките за отчет- да каже (лично тој) колку„народни пари“ се потрошени и се трошат за тоа (бидејќи „огромни“ кај народот не „пали“), па не ги слуша или го фатило инает и веројатно нема да каже и по губењето на власта( кога опозицијата ќе научи како се победува на регуларни и демократски избори). Continue Reading

Како човек, професионален новинар и творец отсекогаш сум се залагал за поддршка- стимулирање, промоција и афирмација на вредности- дела- творештво. Затоа што сметам дека создавачкото- генеричкото во човекот и од него е единствената цел, ако сакате и смисла на живеењето, на постоењето.

Притоа, за разлика од многумина други промислувачи односно мислечки луѓе во минатото и денес, јас не мислам дека на тој начин се победува времето, односно се поразуваат минливоста и маргиналноста, туку вечноста како заедничка назнака на трајноста и бескрајноста се потврдува единствено во создавањето и создаденото. Continue Reading

Не треба многу стручност, ниту „општо“ знаење за функционална и ефикасна држава за да се одговори на „најпрвото од првите“ прашања: што е тоа независно судство? Дека е тоа значаен, еден од најважните елементи на современ уставно- правен систем, на поделбата- рамнотежата на власта и демократска правна држава. Continue Reading

Македонските стопанственици следат што се случува во светот, веќе ги чувствуваат последиците од светската рецесија (ниски цени и отежнат пласман на производите во странство) и се однесуваат како таа допрва да ќе започне.

А сите анализи и експертски проценки велат дека во 2009- та нема да кулмиунира, туку ќе продолжи да се интензивира во наредните најмалку две- три години, со се потешки економско- социјални, но и политички последици (редефинирање на стратешките цели). Бараат парцијални, „моментни“ решенија ( за да се продолжи живуркањето), и тоа пред се од Владата (како да им е таа бизнис партнер), притоа не размислувајќи за преструктуирање, прилагодување, конкретни решенија на среден рок, рационализација, ефикасност, модернизација… Continue Reading

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори. Continue Reading

Веќе две- три децении италијанската мафија не е она што беше- најсилната, најорганизираната и највлијателната на светот (врз политиката, економијата итн.). Приматот го презеде албанската, на која не може да и „конкурира“ ниту колумбиската нарко- мафија, особено не во однос на внатрешната организација, хиерархиската поставеност и исплетената полит- бизнис- олигархиска мрежа, во која, се разбира, го води главниот збор (во името на „сеалбанството“). Италијанската стана „регионална“, а е на „добар пат“ да се сведе и на „локална“ (растурена, неповрзана) со оглед на исцрпеноста во постојаната борба со власта односно полицијата- популарните карабињери. Continue Reading