Акценти

Во најава на два настана е констатирана „политичка пролет“, но со сомнежи дека таа не е можна среде зима.  И двата се однесуваат на претстојните претседателски и локални избори, а „симболиката“ е всушност оптимизам дека предизборната клима гарантира оти (конечно) во Република Македонија ќе  бидат организирани регуларни, фер и демократски избори, но и стравување или сомнеж дека е тоа така, па и најава дека ќе се случат некои „репризи“. Continue Reading

Економикс

Во еден неодамнешен текст на овој сајт го изнесов својот став оспротивен на многумина светски економски експерти: дека годинава нема да биде „кулминативна“ за светската криза односно економската рецесија, туку тоа ќе биде идната или дури (со голема веројатност) 2011- та. Деновиве в0 некои медиуми и на Интернет имав можност да прочитам изјави на светски експерти во кои го тврдат истото- дека таа ќе потрае најмалку две- три години, а последиците од неа допрва ќе бидат „стресни“ за светот. Continue Reading

Eppur si muove

Најголем проблем на секој земјоделец е пласманот на неговото производство. Не само на нашиот, туку и на оној во земјите- членки на ЕУ и во најразвиените земји надвор од неа.

Секоја година сме сведоци на незадоволство, револт изразен со протести, блокади на патишта и сл., на кои се фрла, се истура, се гази, се гори произведеното. Причини многу: неможност да се продаде, однапред необезбеден пласман, ниски откупни цени, неконкурентен увоз, недоволни и неразвиени преработувачки капацитети, а пред се недефинирана и/или неконзистентна аграрна политика од страна на власта- државата. Continue Reading

Поентар

И не само здодевни, туку се и небулозни, а најмногу смешни (како циркуски кловнови). На нивните пријатели во ЕУ и НАТО одамна им е јасно дека она што го бараат, на што инсистираат за Република Македонија- таа да се преименува себе си на „обострано задоволство“, е крајно ступидно, нема врска со„државничка“ и каква било друга логика. Тие посредно, „срамежливо“ веќе им укажуваат дека одамна преминале секоја „нормална“ (добро)соседска граница и треба малку да „ретерираат“ односно „да се смират“. Continue Reading

Антрфиле

Ново предупредување од Европската комисија: глобалното затоплување би можело да му нанесе на светот покатастрофални штети отколку што беше досега проценувано.

„Ова е речиси сигурно последна шанса климата да се одржи под контрола пред да ја мине точката од која нема враќање“, изјави европскиот комесар за екологија Ставрос Димас. Continue Reading