Поентар

Само политички и новинарски шарлатани и дегенерици, платени или не сеедно, можат да смислуваат вакви и секакви други за само и само да „лаат“ против својот (внатрешен) непријател- власта, како гладни кучиња за, пред или по фрлена коска. Continue Reading

In continuo

Конечно, по толку многу избори во Македонија- претседателски, паламентарни, локални, се „отвори“ и постави за решавање, и тоа исклучиво под притисок на „меѓународниот фактор“, вториот круцијален проблем за спроведување на фер и демократски избори (првиот е транспарентното финансирање што не го решила ниедна држава, па и најдемократската на светот). Не беа- не се тоа инцидентите на избирачките места (што е проблем на нивната регуларност), ниту, пак, „дозволеното ниво“ на политичка некултура при нападите на опозицијата, „оцрнувањето“ на се што постигнала и не постигнала актуелната власт. Проблемот кој ги „обединува“ нерегуларноста и нужното, „стандардното“ ниво на фер и демократски избори е семејното гласање. Continue Reading

Поентар

Позиционерско- опозиционерските позиции се заземени, одамна познати и без некакви преместувања, поместувања, промени во стратегијата и тактиката, и само се чека знакот на „стартерот“ (сказалките на претседателско- локалните избори 2009- та на 00,00 часот на 2- ри март), па да се тргне жестоко кон целта.

„Трката“ нема да се разликува од сите досегашни, освен можеби во политичкиот вокабулар (веројатно малку покултурен од поранешните, што за некои кандидати- колумнисти ќе биде мошне голем напор) и обраќањата на јавноста односно гласачкото тело. Се разбира, со многу поголема мобилност во одржувањето на регуларни, фер и демократски избори, пред се поради личната одговорност што им ја наметна „меѓународниот фактор“. Continue Reading

Акценти

И покрај заострените мерки на заштита пропишани од страна на власта по серијата несреќи во рудници за јаглен во Кина во текот на 2007 -ма година, се чини дека тие уште долго ќе се случуваат. Можеби и почесто, бидејќи безбедноста е на многу ниско, недозволиво ниво.

Токму вчера, ден по денешната експлозија во рудник во градот Гуиѓао, на таа тема се одржа конференција на провинциски официјални лица. Continue Reading

Акценти

Резултатите што како занимливост ги презентираа сите големи и мали медиуми во светот (освен оние на кои не им се допаднале) наметнуваат една од „вечните теми“ (доколку се согласуваме дека постојат такви во животот и дејствувањето); се поактуелна во ова наше пресвртно време, кое со глобалната економска криза најавува нова страница во развојот на човековата цивилизација: политички лидер.

Се разбира, природата и целта на овој блог наметнува пред се просторно ограничување за, на пример, да можам да понудам потемелен есеј. Но затоа „конкретноста“ ми овозможува да пренесам некои компетентни промисли, а помеѓу нив и мои домисли кои ќе ги „доработам“ во некое поглавје од мојот креативен ракопис (рубрика на порталот „Паноптикум“).

Continue Reading