Антрфиле

И на економскиот лаик му е јасно дека ќе биде тешко и долготрајно излегувањето од светската економска криза. Особено затоа што сценариото за неа долго се подготвуваше, а уште подолго траеше нејзиниот почеток (белким не мисли некој дека таа „падна од небо“). Во тој контекст е наивно, па дури и смешно убедувањето на некои странски експерти и политичари дека процесот на стабилизација односно совладување на кризата е веќе започнат, па дури се забележуваат и првите знаци на економски подем од „нулта точката“. Continue Reading

Петта страна на светот

Обично секогаш почнува така:

Ќе се чепне еден случај, актерите во него привремено ќе успеат да го заташкатат, можеби ќе се чепне и заташка уште еден, ама нема „трета мајка“. Во меѓувреме „од околу“, дури сосема незабележливо, црно- белото клопче (всушност ептен зацрнето) токму затоа ќе почне да се одмотува, за на крајот да се зададе решавачкиот удар кој, пак, едновремено значи „иницијално жарче“ за распалување на „огнот“. Continue Reading

Читни го ова!

Јавната администрација е проблем кој „се влече“ уште од почетокот на независниот опстој на Република Македонија, и тоа како несоодветна и во квантитативна и во квалитативна смисла (бројна, неефикасна и партизирана). Всушност, намерно „го влечеа“ сите досегашните власти- Влади, а обидите таа да се реформира (осовремени- рационализира и модернизира) претставуваа само „шминка“ и замајување на домашната јавност и меѓународните „набљудувачи и контролори“ на процесот на европеизација и натоизација на државата.

Се чини дека она што се случува(ше) со неа конечно почна да се именува со вистинското име: манипулација. Значи, веќе не е најголем проблем нејзината гломазност и постојано зголемување, ниту неефикасноста и нефункционалноста, туку манипулирањето со нејзините „ресурси“ и се уште неосвоени (сменувачки) „простори“. Токму барањето (веројатно и се посилен притисок во наредниот период) да се престане со тоа, дава надеж дека конечно егзистенцијата и кариерата преку политика (највулгарно со „шетачко членство“ од една „добитна“ партија во друга) ќе ја замени искрениот и чесен ангажман за доброто на народот и државата, а едновремено ќе значи почеток на нужниот процес на деполитизација на македонското општество.

Нудам за (пре)прочит еден мој прилог токму за јавната администрација (под тој наслов), објавен на 25.01.2006. Continue Reading

Поентар

Тоа не го покажа само првиот изборен круг од годинашниве избори, туку е покажано и докажано многу одамна. Затоа не е јасно како е можно Љубомир Фрчковски и „неговите“ СДСМ и НСДП да оценуваат и проценуваат толку политички незрело, инфантилно, „неписмено“, па и недоветно. Дури тоа се потрудија и да го потврдат со своите изјави и пораки до гласачкото тело за негова определба во вториот круг.

Меѓутоа, пред да се обидам да навлезам малку „подлабоко“ во тој несфатлив став (особено ако се има предвид дека се работи за еден професор, интелектуалец, „превеан“ политичар и партија- СДСМ- која токму евро- алтантската интеграција на Република Македонија ја „дотуркала“ до неповратна позиција), ќе се обидам аргументирано да разоткријам една шпекулација која е пласирана од опозиционата медиумско- полиичка „кујна“: тивок бојкот на вториот круг како дел од однапред детално осмислено и вешто скриено сценарио. Continue Reading

Извлечено-Подвлечено

Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент. Continue Reading