Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со војна доколку им се приклучи на САД во пресретнувањето на бродови кои носат оружје за масовно уништување. Заканата уследи откако јужнокорејските медиуми известија дека Пјонгјанг, соочен со меѓународни санкции поради нуклеарната проба што ја изведе на почетокот од неделата, повторно ја пушти во погон постројката за преработка на плутониум:

„Секоја непријателска акција против нашите бродови, вклучувајќи пребарување и заплена, ќе биде сметана за непростливо загрозување на нашиот суверенитет и веднаш на тоа ќе одговориме со воена сила“, изјави портпаролот на војската, а пренесе официјалната севернокорејска агенција KCNA. Continue Reading

Сериозноста и зрелоста на еден политичар, а особено на лидер на голема партија најмногу се „чита“ во ветувањето односно ветувањата. Се разбира, мислам пред се на предизборното/ предизборните, но и на она што е „тековно“. Макар што на вториве, барем досега, никому не му текнувало (додека „мандатирале“ позиционерски или опозиционерски).

Continue Reading

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Continue Reading

Не мислам на односите спрема стварите, нивната употреба и злоупотреба од страна на човекот-човештвото, туку на дневен ред ги ставам односите помеѓу луѓето. Поточно, нашиот-личниот и колективниот однос спрема човечката средина и околина. Continue Reading

Со потпишување на изјава во Собранието, Ѓорге Иванов ја презеде функцијата Претседател. На свечената инаугуративна седница на која, освен премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници , присуствуваа досегашниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски и првиот на независна Македонија Киро Глигоров, како и претседателите на Хрватска, Србија, Албанија и Црна Гора, Иванов вети дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води земјата и ќе биде претседател на сите граѓани. Во кусиот, но мошне експлицитен и прецизен говор, тој уште еднаш ги потенцира главните заложби од политичката агенда што ја промовираше во предизборната кампања- внатрешна стабилност на државата, здрави меѓуетнички односи, економско закрепнување на земјата, влез во ЕУ и НАТО и тесна соработка со сите соседи, особено со Грција. Continue Reading

За оние што недоволно го познаваат новиот шеф на државата, односно не ги следеле неговите досегашни активности, постигања, круговите во кои се движел, личностите со кои бил во постојана комуникација, со кои соработувал, составот на неговиот кабинет претставува мало изненадување. Не е за оние што добро го познаваат или веќе се информирале за неговата биографија, пред се неговата научна и интелектуална дејност. Особено треба да се има предвид фактот дека Доктор Ѓорге Иванов е водечки експерт за граѓанското општество и политичкиот менаџмент, како и еден од најистакнатите македонски аналитичари на политичките и општествените движења во светот. Несомнено е неговото учество и влијание врз обликувањето на политичката сцена во Македонија. Continue Reading

Она што деновиве македонската опозиција и „независното“ односно нејзиното новинарство се обидоа да го постават во „центарот“ на јавното мислење е само уште еден „надуен балон“ кој, заедно со сите досегашни, не може да си го припише како свој успех (не само затоа што е тоа). Continue Reading