Уривањето на двата авиона на „Ербас“, како и повеќе поранешни инциденти со мали последици или без нив (помал број на жртви, принудни слетувања поради дефекти и сл.), нема посериозно да го загрозат имиџот и бизнисот на оваа „паневропска“ авио- компанија, пред се во однос на безбедноста на летовите и продажбата на овој тип на патнички авиони.

Се разбира, последните трагедии- денешниот пад на авионот на „Јеменија ер“ во Индискиот океан и оној на „Ер Франс“што се урна во Атлантскиот океан во ноќта помеѓу 31-ви мај и 1- ви јуни, со огромен број на загинати патници и членови на екипажот- вкупно 380- мина (преживеало само едно 14- годишно девојче), не можат да ја доведат во прашање безбедноста на летање со овие авиони, но е повеќе од сигурно дека овојпат не ќе може да се забошоти се, како што вообичаено се случувало во минатото и се случува денес. Впрочем, расправата за новата технологија во авионите на „Ербас“ и на „Боинг“ (се разбира и на помалите компании) веќе започна.

Continue Reading

Сигурно дека моево тврдење (во насловот на овој текст) многумина начекува неподготвени (да му се спротивстават со противаргументи), кај многумина предизвикува недоверие, а можеби во најголем број се оние што му се смеат, му се потсмеваат, го отфрлаат како „ординарна глупост“. Таман работа Купот на конфедерациите, чиј финален турнир во Јужна Африка го следевме деновиве, да го замени Светското првенство!

Ама ај да потпрашам: што е „светско“, а што „конфедерациско“- интерконтинентално? Колку ги имаме предвид двете првенства а пред се во организациска (систем) и реализаторска смисла, за да можеме да ги компарираме и да ги (пре)оцениме, конечно да донесеме каков годе заклучок или тврдење (како што е моево)?

Ми доаѓа „случајов“ да го ставам во рамки на една друго мое тврдење (пак за многумина сигурно многу смело), всушност порака која сепак ќе ја одложам за не долго време (друг текст): заборавете на „мулти“, „интер“ и „интра“ се единствената перспектива!
Continue Reading

Без оглед на притисокот на меѓународниот „фактор“, но и на домашната опозиција и нејзините медиумски трабанти, секој што сериозно и внимателно го следи процесот компромис, интензивиран во последниве неколку години, се согласува со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дека, ако беше едноставно, досега ќе се најдеше компромисно решение. Процесот со посредство на Метју Нимиц не може да се нарече ниту разговори, ниту преговори, a компромисот во својата суштина е тоа и не може да заврши поинаку освен или со компромисно решение или со негов прекин. (Бидејќи се инсистира на „преговори“, значи прекин на преговорите). Тоа пак- решението, како што точно посочи Иванов, може да биде или разумно или неразумно (некои неразумното  го нарекуваат гнило).

Разумното компромисно решение се донесува со максимална меѓусебна почит и разбирање, со силата на аргументот, а неразумното со наметнување на едната страна (супериорност), нејзина нетолерантност, непочитување (туку омаловажување, па и ништожење), неразбирање, со аргументот на силата  (при што отстапките се незначителни, безначајни, формални).

Continue Reading

Ако кон нив ги додадеме „зафатените“ од светската економска криза, природните катастрофи кои се се почести и поголеми од година на година (нарушување на еколошката рмнотежа0, жртвите на воени и терористички атакувања врз животот…не би било „премногу“ ако насловот на прилогов, позајмен од истоимениот легндарен филм на Копола ,  го променам во „Апокалипса денеска“.

Недвојбено, очебијно: светот незапирно се движи кон сопствено пропаѓање, кон самоуништување. Може да се „преврти“ единствено доколку од корен го промени сопствениот „светоглед“- на животот, времето денес сосе вчера и утре, на природата која штедро дава, но и жестоко му зема на „грабливиот“ човек, на цивилизацискиот развој, на меѓучовечките односи, на смислата и содржината на сопственото опстојување. Што е за жал тешко, речиси невозможно.

Continue Reading

Конференцијата на македонската дијаспора е од исклучително значење за Република Македонија, за Македонците во целиот свет. Таа потврдува подготвеност за организирано и засилено заедничко дејствување во одбраната и афирмацијата на македонскиот идентитет, особено во овие клучни моменти на негово оспорување. Клучни затоа што по дефинитивното паѓање на маската на данајското лице на јужниот сосед, на неговото политичко водство- дека не се работи за негов проблем со името на земјава (не уставното), туку со иадентитетот на македонскиот народ, може да се очекувам всушност веќе се случува „последната офанзива“. Имено, во наредниот период (недели, месеци) Данајската република (Грција) и нејзините сојузници во ЕУ и НАТО ќе вршат се пожесток притисок врз македонското државно раководство „проблемот“ да се реши што поброз со негова „флексибилност“ (а не со обостран разумен компромис). Зашто едноставно, времето никогаш не било, ниту може да биде на страната на таквите- со паднати маски.

Continue Reading

Пред да се обидам да одговорам на од ден на ден се поактуелното прашање за предизвиците што се повеќе и се натрупуваат на актуелната македонска Влада, а пред се на премиерот и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, укажувам на одамна познатата (докажана) вистина: секој предизвик, независно од големината и тежината, раѓа страв, но многу повеќе желба, енергија, па и храброст за соочување, совладување, „борба до конечна победа. Треба да се биде внимателен особено при пресметувањето на ризикот, имајќи ги предвид пред се времето и просторот во кои тој се јавува или опстојува.

Најголемиот предизвик за денешниот, модерниот политичар (и на секој што има важна улога во едно општество), а од кој најмногу се стравува, е личната одговорност.

Continue Reading

Ако во изминатава година има област што беше најмногу на „тапет“ во Република Македонија, освен земјоделието, тоа е секако образованието, поточно реформите што со децении со судни маки се спроведуваат во него (од сите досегашни влади и министерства за образование и наука). Да, тоа постојано се реформира, па од нашите основни, средни, виши и високошколски институции излегуваат кои од кои „пореформирани“ генерации.

Од друга страна, нужно е да се потенцира веќе хроничниот отпор на актерите во, но и надвор од образовниот систем (на пример судството, партиите) спрема каков било порадикален реформски зафат. Доволно е да се потсетиме на се уште несовладаниот отпор, пред се на наставниците и професорите поради сопствената неписменост, против компјутеризацијата односно дигитализацијата на наставниот процес. Continue Reading

Ништо не значи „нормалната“ реакција на Луис Фиго во врска со трансферот на моментно најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо за неверојатни 94,5 милиони евра, односно „расфрлањето“ на претседателот на неговиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез (заедно со сумата за Кака- 65 милиони евра, вкупно 159,5 милиони евра!; а „трансфер летото“ штотуку започна):

„Тоа што го направи Перез во време на голема светска криза е срамота! Многу ги ценам Кака и Роналдо, но сметам дека парите потрошени за нив се премногу“.

А токму Луис Фиго е фудбалерот кој во 2000- та година ги помести границите на трансферот и за тогаш неверојатните 37 милиони фунти премина од Барцелона во Реал. Можеби не му е позната „сенародната“: „Кога ќе тргне колата прудолу…“ Continue Reading

Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.

Дволно е да се потсетиме на дволичноста на поранешниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (по „прошталната“ посета на Скопје и Атина) и децидниот став на Саркози дека земјава не може да смета на евро- атлантска интеграција под постојното уставно име „Република Македонија“ (што значи дека бара и уставно преуредување на земјава; толку му сече умот). Continue Reading

Mакедонија Ѓорче Петров е шампионот на Македонија во сезоната 2008/2009 -та. Сосема заслужено и очекувано, доколку се имаат предвид севкупните состојби во македонскиот фудбал што тлеат со години, децении, а никако да се разгорат за конечно да започне неминовното гаснење. Се разбира, тие не го намалуваат, ниту поради нив треба да се потцени успехот на овој тим, но останува „задршката“ за неговите вредности додека не се проверат на меѓународната сцена, во натпреварите во евро- лигата на шампионите. Continue Reading