Оној што има барем просечни познавања од економијата и финансиите, барем површно ги следи светските економски текови, прво воопшто не би ја прашувал Владата (ресорниот министер) дали Република Македонија е во рецесија или не (демек, Владата „да признае“), а второ би барал- предлагал внимателни, темелно осмислени и долгорочни мерки за нејзино совладување.

На човек да му се смачи читајќи- слушајќи некои новинари- медиуми и партиски војници со каков дилетантизам ги „мешаат“ актуелните глобални, регионални и локални- македонски економски прашања и проблеми. Еднакво како идиотизмот на една “новинарка“ наречен „антиквизација“ и поранешниот (исто така (и) нејзин) „политички дијалог“. Continue Reading

Два главни принципа на работење или две суштински заложби беа и се „најзаслужни“ за контнуираниот висок рејтинг на Владата на Никола Груевски и на лично неговиот: посветеноста и транспарентноста. Првата е се уште во „игра“, премиерот секогаш ја потенцира, особено сега во секојдневната битка со економско- финансиската криза односно рецесијата, а втората… Continue Reading

Пораката на новиот генерален секретар на НАТО Данајската република (Грција) да престане да го блокира приемот на Република Македонија не е нова, неочекувана, а најмалку изненадувачка. „Влегува“ во рамките на неговата веќе јасно искажана целосна посветеност на политиката на отворена врата на алијансата.

Имено, Андерс Фог Расмусен по стапувањето на должноста на 1-ви август годинава на првата прес конференција изјави:

„Јас сум целосно посветен на политиката на отворена врата на НАТО. Но, членството не е право, земјите мора да бидат подготвени за него. Сепак, проширувањето на НАТО веќе ја покажа својата моќ да ја шири стабилноста и да промовира реформи. Очекувам дека тоа ќе продолжи за време на мојот мандат“.

Continue Reading

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

Continue Reading

Тој е македонски примерен спортист, со бележити резултати и успеси во светски рамки. На 29 години ја заврши својата кариера со она што веќе се третира повеќе симболички- „круна“ на маратонското пливање. Во историјата ќе биде запишан како трет кој успеа да го преплива Ла Манш, по Нико Нестор во 1959-  та и Атина Бојаџи една деценија потоа. Со тоа заслужено се стекна со националното спортско признание, популарно наречено „спортска пензија“, што ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Владата на Република Македонија. Признанието го доби од премиерот Никола Груевски. Continue Reading

Не е првпат пратениците (во друг- претходен состав) во некој „необичен“, па и клучен момент да го покажуваат сопственото бесрамно лице кога станува збор за личниот интерес, односно за нивните привилегии. И она што им е „пропишано“ се разоткрива како „ненормално“, а пред се недостојно- недостоинствено, па и нелогично и смешно.

Договореното- да се донесат трите закони што ги бара Брисел за Република Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ- ќе биде испочитувано? Којзнае. Не поради бараните привилегии од кои брзо се откажаа сите, сите „мијат раце“ иако им се одамна извалкани (со многу други нешта- се разбира, секоја чест на исклучоците), туку поради познатиот партиски „лов во матно“, а поради кој земјава е каде што е и којзнае уште колку ќе биде. Веќе не „ни ваму- ни таму“, туку „некако близу до никаде“.

Continue Reading

Во 21- ов век Данајската република (Грција) се однесува како да живее и дејствува во 19- от и 20- от, иако е „заслужено“ модерна евро- натовска држава. Раководството во Атина очигледно се уште мисли дека светот е поделен на „големи“ и „мали“, а големите можат да им се закануваат на малите, да ги блокираат, да им поставуваат услови, да се однесуваат арогантно спрема нив. Притоа не ни помислувајќи, ниту разбирајќи дека токму „малите“ отсекогаш биле, се и ќе бидат поголеми од „големите“. Со своето достоинство, со своето опстојување, доследност, разум, мудрост, со својот идентитет. И, што е најважно, „големите“ не ги третираат и не се однесуваат спрема нив како „мали“, туку како рамноправни со нив во името на соживотот, заедништвото, развојната перспектива. Да, и во името на евро- натовското односно глобалното интегрирање. Continue Reading

На 26.01.2006- та година го објавив текстот под горниот наслов за една необична, но над се ступидна акција или предизборна политичка кампања на Либерално- демократската партија на Македонија (ЛДП). Тогашен нејзин лидер беше Ристо Пенов. Таа не само што не беше успешна, туку кај јавноста односно народот воопшто (и оној дел од него што „пет пари не дава за политиката“) предизвика дури потсмев, па и мајтапење.

Во текстот, меѓу другото, ја потенцирам маргиналноста, минорноста на оваа партија (сега во опозиција), а која на почетокот- појавата на македонската политичка сцена, привлече голем број на членство и симпатизери, а претставуваше значаен „фактор“ и за позицијата и за опозицијата. Интересно е што таквата позиција ја има и денес, со новиот лидер Јован Манасиевски, а нема ниту збор, камо ли најава за нејзино „проветрување“, како што тоа, се чини мошне успешно, го направи во изминатите недели и месеци „најголемиот опозиционер“ СДСМ. Очигледно, минорноста и маргиналноста и годи, и прилега на сегашната раководна гарнитура на ЛДП.

Се разбира, кампањата за која станува збор ја третирам и од поширок, „поуниверзален“ агол, што ќе рече претставува повеќе повод за да кажам (напишам) збор- два за „слушањето на народот“ од страна на партиите- застапувањето, реализацијата и одбраната на неговите интереси.

Continue Reading