Акценти

Германските избирачи го потврдија (поздравија) досегашното успешно раководење на Ангела Меркел со модерната и моќна Германија и и доверија уште еден мандат. На изборите во неделата (27.09.) тие и дадоа можност да формира нова влада на десниот центар. Continue Reading

Поентар

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. Continue Reading

Антрфиле

Светот со интерес, а пред се со љубопитство ја проследи пуситнската бура во Австралија, во најголемиот град Сиднеј. Меѓутоа, малкумина коментираат дека последиците од неа не се само моментни, туку допрва ќе следат. Не само за Австралијците. Continue Reading

Петта страна на светот

Успехот на македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Полска нужно наметнува преиспитување и промена на односот на спортските новинари, а и на публиката спрема спортот воопшто, посебно спрема оние што настапуваат под македонското знаме на меѓународни натпревари. Можеби не толку во оценките и критиките за нивните (не)успеси, некој ќе рече „толку им сече“, колку во создавањето на здрава, пристојна, коректна, конструктивна атмосфера наспроти еуфоричноста. Одамна е утврдено дека таа повлекува, понесува, па и однесува, заматува, поматува, го доведува нашето однесување до степен на губење на самоконтролата, во состојба кога не можеме да се (пре)слушаме себе си,  а камо ли да (по)слушаме други.

Continue Reading

Поентар

Дали сте прочитале- чуле виделе некаде во светот, во минатото и денес да има(ло) адолесцентна, недозреана, незрела држава? Се разбира не. Ниту имало, ниту ќе има, ниту може да има таква во иднина. Дури и во симболичка смисла, како недооформена, несигурна, небезбедна, привремена.

Сепак има. Денеска разбрав(ме) дека до овој ден сме живееле токму во таква, ама отсега живееме во нормална, што ќе рече држава со сите нишани, како секоја друга, пред се полнолетна?! Се разбира, тоа значи дека пред се оние што ја водат, што владеат со нас, до денеска биле малолетни, а на овој ден го положиле „испитот на зрелоста“ (нема промашување- дека некој ќе „падне“), но и ние, нејзините граѓани.

Каква ступидарија!

Continue Reading