In continuo

Сезоната на тенисерките им заврши со Мастерс турнирот во Доха, а тенисерите ги чека финалната пресметка на 8- темина најдобри на планетата закажана за крајот на идниот месец во Лондон. Во меѓувреме ќе се одиграат и турнирите во Базел и Валенсија, како и Мастерс-от во Париз.

Годинашнава сезона ја одбележаа и два настана „покрај“ или „околу“ тениските терени: најавата за скорешен крај на кариерата на Надал и автобиографската книга на Андре Агаси во која „се исповеда“ дека се дрогирал.

Continue Reading

Петта страна на светот

Допрва ќе се види која е „силата“ на овој најнов „конгресменски земјотрес“. И досега имало тн. етички истраги, но некои построги санкции не се применети. Освен пишување- испраќање на приватно писмо (до „истражениот“ или неговот застапник) со ослободителна „содржина“ или со строг укор.

Можно ли е нешто слично кај нас, во рамките на „сестраниот развој на демократијата“, макар резултатот да биде не писмо (не е популарно), туку СМС порака преку мобилен?

Засега „немат шанца“. Не затоа што немаме парламентарци кои„заслужуваат“ да „паднат“ под истрага (пробајте да ги изброите според лична слободна проценка невините „ѓоа јагненца“), туку оти не е можно да се формира истражно тело какво што е американскиот Етички одбор на Претставничкиот дом. Continue Reading

Eppur si muove

Беше 2009., па 2010., па 2011, а сега јануари 2012. е „најверојатно“ датумот кога Хрватска ќе стане членка на Европпската унија. Меѓутоа, веќе се јавија анализи и проценки дека е се понереално таа да ги заклучи преговорите до крајот на годинава, а што е услов за да се „достигне“ тој датум.

Како и да е, Хрватска го привршува чекорењето кон членство во ЕУ, а веќе е позната и финансиската „добивка“ по влегувањето, во првите две години: повеќе од 3,5 милијарди евра! Continue Reading

Економикс

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.

Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

Continue Reading

Извлечено-Подвлечено

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов даде интервју за Би- Би- Си во кое повторува познати ставови (константа) за проблемот на Грција со името на земјава, но и дава попрецизнин ставови за суштината на нужното компромисно решение (фер и разумен компромис).

Некои медиуми (тенденциозни, блиски на опозицијата) одговорот на прашањето во врска со референдумот го оценија како промена на неговиот став, иако по ништо не се разликува од досегашните искази. Можноста за „друг начин како да се дојде до одлука“ не е промена, туку само „логика“ по решение „со кое мнозинството ќе биде задоволено“.

Continue Reading