Станува збор за најзначаен муслимански празник кој доаѓа два месеца и 10 дена по рамазан, а се празнува 5 дена.

Татковците и мајките богато ги даруваат своите деца и најмладите роднини, а жените подготвуваат богата трпеза за гостите.

Бајрам се дочекува во домовите, а в зори муслиманите одат во џамии на сабах- намаз, го чекаат излегувањето на сонцето и клањаат бајрам- намаз. Потоа следи честитање, па заминување на гробишта и враќање во домовите каде што се подготвува за жртва Курбан (колење-жртвување), најчесто овца, а според правилата на шеријатското право. Continue Reading

Вирусот А Х1Н1 во Република Македонија почна да се шири забрзано и во наредниот период секој ден ќе заразува се поголем број на граѓани, а пред се млади и деца- ќе се бројат не со стотици, туку со илјадници нови случаи. Како насекаде во светот (пандемија), и во земјава веќе се регистрираат и смртни случаи (втор), а едновремено се повеќе реакции и сомнеж односно страв од вакцината- колку е безбедна, дали (ќе) има и какви последици од неа по здравјето на краток и долг рок. Ова особено откако Светската здравствена организација (СТО) предупреди на внимателност.

На Интернет, пак, има се повеќе текстови, расправи,  „лаички“, на експерти, и видео клипови (на YouTube) во кои се изнесуваат мислења и ставови, но и аргументи и факти дека станува збор за светска завера, за бизнис криминал на најголемите фармацевтски компании во светот.

Continue Reading

Што се не се изнаслушавме и не се изначитавме деновиве во врска со проблемот на Грција со македонскиот идентитет, а кој и го наметнува не само на Република Македонија и нејзиниот народ (според Уставот, мнозинскиата и немнозинските заедници; значи и на нивниуот идентитет!), туку мошне вешто и на „меѓународниот фактор“, пред се на членките на ЕУ и НАТО: нонсенси и небулози, недоветности, неукости, наивности, експертизи со и без наводници, политикантства, „прагматичности“, „отворени“ и „затворени“ лични сметки и пресметки…

Од тоа дека како последица веќе имаме „две Македонии“(?!); одамна прифатеното „здраво за готово“ дека станува збор за „билатерален проблем“ (иако Македонија нема ист или сличен со името на Грција односно идентитетот на нејзиниот народ); дека треба да се водат „суштински“ преговори (без објаснение- конкретизација на „суштинското“ и одговор зошто и како досега биле „несуштински“); да се биде флексибилен (во однос на што?; на идентитетот?); па се до срамното сведување (од страна на новинарски „аналитичари“ и политички медиокритети) на негирањето комплексноста на македонскиот идентитет на „обичпната“ придавка „македонски“.

Continue Reading

На 09.06.2006. година под горниот наслов во електронскиот дневен весник „Дневен е-Еснаф“ објавив прилог пред почетокот на паламентарните избори во Македонија таа година, а посветен на нужноста односно налогот од „меѓународниот фактор“  за фер и демократски избори. Во него посочувам дека, како и секогаш досега, прекршувањето на Изборниот законик се случува претходно, а се однесува на неофицијалноста“ на предизборната кампања.

Деновиве со формирањето на „институтот“ ДЕМОС, според многумина „трета политичка опција“ која би трбало да го замени „ биполарниот политички амбиент во Македонија“. Потсетувањето на една тогашна неуспешна иницијатива- за формирање на политичка партија ГПМ треба да се „чита“ о тој контекст.

Интересно е што во него го бележам предизборниот „бисер“, односно „случајот“ Бучковски- Бонева кој неодамна доби судски епилог (Бучковски е осуден како виновен).

Continue Reading

Резултатите од едно истражување на Gallup Balkan Monitor и Европскиот фонд за Балканот под наслов „Во Европа ние веруваме“, чии резултати деновиве беа претставени во Европскиот политолошки центар, покажуваат дека севкупната општествено- економска состојба на Балканот се влошува, но не се намалува проевропското расположение. Освен во Хрватска, што е мошне интересно, а која е најблиску до членството во ЕУ. Можеби и нормално, очекувано, со оглед на се поголемото соочување со обврските и се поголемите задачи во врска со исполнувањето на европските стандарди.

Во секој случај ова истажување, што инаку се спроведува секоја година, би требало да има подеднаква важност, во не мал број на „аспекти“ и загриженост, како за земјите од Западниот Балкан, исто така и за ЕУ во целина. Continue Reading

Се смета дека клучни функции во „новата ЕУ“ се претседателот, шефот на дипломатијата и генералниот секретар на Советот.

Судејќи според изборот, првите оценки и коментари се дека суштината на политиката на заедницата по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, на 1. декември, ќе биде комрпомисот. Избраните се докажани „компромисери“, малку познати економисти, кои според многумина нема да им „пречат“ на лидерите на европските земји, ниту да го загрозуваат нивното значење.

Меѓутоа, од друга страна се поставува прашањето на кој начин ќе се спроведува неопходниот авторитет на ЕУ на внатрешен и надворешен план, а кој во изминативе години е прилично разнишан.

Continue Reading

Досега нјаизобилните врнежи од дожд, регистрирани во оваа земја во историјата на следењето на метеоролошките збиднувања, предизвикаа големи поплави на северот на Англиј со катастрофални последици.

Меѓутоа, во изминативе неколку години- минатата, предминатата (лани во септември, а во 2007. на крајот од јули) се случувало истото- поплави со големи последици и жртви (лани во Велс, југозападна и северните предели на Англија).

Continue Reading

На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите на ЕУ од гас обезбедува Русија, од што 80% доѓаат преку Украина.

Значи, континентот нема да има проблеми со гасот оваа зима  пред се благодарение на „расположбата“ помеѓу Путин и Тимошенко, односно на договорената нова формула за корекција на цените на рускиот гас за 2010- та: Украина од Русија купува гас, но и ги наплатува транзитните услуги. Continue Reading

Очекувано и најавувано, што ќе рече и напордно долгорочно подготвување за соочување и пренетивно- лекувачка битка, деновиве тн. свински грип почна интензиво да се шири и во Република Македонија. Се регистрираат се повеќе случаи на заболени дневно, а граѓаните се се повеќе загрижени, особено поради фактот што почесто се зааразуваат младите.

Самоиницијативноста во преземање на чекори за лична заштита е в ред (на пример носење на маски), но бидејќи се работи за специфичен односно нов вид на грип (првото појавување е забележано во 50- тите години на минатиот век) сепак треба внимателно да се следат  упатствата и препораките на одговорните и стручните. Особено треба да се води сметка да не се предизвика паника, а за што првенствена обврска имаат медиумите. Не оти нема место за неа (ширењето штотуку започна, па ќе биде се побрзо во наредните денови и недели), туку оти може да предизвика дополнителни проблеми и последици.

Continue Reading

Не може да се очекува една манифестација, која заслужува почит и секаква поддршка, за кусо време- неколку години да го поправи она што со децении се уништувало, уривало, деградирало. Особено ако станува збор за промена на односот спрема природата: наместо атака, агресија врз неа, нејзина постојана загроза, дијалог, меѓусебно разбирање и помагање.

Благодарение на „Денот на дрвото“ светот почнува да ја препознава Република Македонија со уште една нова „слика“: со еколошка свест, со грижа за сопствената природа, човековата околина, за своја здрава и хумана иднина. Се одржа по четврти пат.

Continue Reading