Акценти

Да, и станува се порамнодушен на секојдневните вести и информации за големи и мали, колективни и лични настани и случувања, се почесто со трагични последици, со (пре)многу жртви:

-пад на авион со 90- мина патници и членови на екипаж- сите загинати;

-експлозија на гас во воз- 9- мина повредени;

-нова еколошка катастрофа- излеана сурова нафта;

-необичнa случкa со среќен крај: преживеал дури 126 удари со метална шипка и секира!

Continue Reading

Акценти

Претседателот на САД сам призна дека имал „политички недостатоци“, а особено во реализирањето на програмата за излез од кризата.

Всушност, признал или не признал „тоа му е“, противниците- републиканците се чини брзо се „созедоа“, па ја однесоа и првата(?) победа на изборите за сенатор на Масачусетс.

Continue Reading

Извлечено-Подвлечено

Може ли пролонгирањето- одолговлекувањето на решението за „билатералниот проблем“ за името на Република Македонија да предизвика меѓуетничка дестабилизација во земјава? Не е невозможно! А кој би ја иницирал, „режирал“? Кој друг, ако не „меѓународниот фактор“?

Сепак, многу е пореално дека се ќе остане само во рамките на притисокот што побрзо да се изнајде компромисно решение- ново име, со „поголемо попуштање“ на земјава.

Continue Reading

Поентар

Не може да се има никакво разбирање за писмото што на македонскиот премиер Никола Груевски му го испратил пратеникот на ДУИ во Парламентот на Македонија, Фазли Велиу. Најмалку од сопартијците, инаку коалициони партнери во Владата на Македонија. Најнапред затоа што е тоа недугаво, неумно, нервозно, па и дилетантско, не му „прилега“ на еден возрасен човек, на претседател на едно здружение кое кај македонските Албанци има голем респект-Здружението на воените ветерани на ОНА, на истакнат член на партијата на Али Ахмети, а најмалку на зрел (според годините) политичар.

Имајќи предвид и некои други поранешни „неконтролирани“ изјави-истапи на партиски членови, очигледно е дека во ДУИ час поскоро мора да се спроведе „чистка“, односно на повеќемина членови во врвот да им се „оддаде признание и благодарност  за досегашниот придонес“.

Continue Reading

Петта страна на светот

Таа секојдневно преку своите медиумски трабанти ја бомбардира јавноста со своите „експертски“ анализи, проценки и оценки дека животот во Македонија од ден на ден станува се полош, посиромашен, граѓаните тонат во беда („а Владата на Груевски немилосрдно ги троши нивните пари“). Не ја „обесхрабруваат“ ниту оценките на Светската банка и ММФ, ниту на домашните бизнисмени, ниту потезите на НБРМ (намалувањето на каматните стапки) со кои се следи тековното релаксирање односно очигледното постапно  подобрување на економската состојба во земјава, а по излегувањето на светот од економската криза.

Continue Reading