Поентар

По бројните неуспешни штрајкови, пред се на земјоделци со што се правеа „удари“ врз еден од најуспешните економски програми (претходно на стечајни работници кои не можеа да прикријат кој им „кумуваше“), опозицијата се реши на последниот чекор (лесно предвидлив) во обид да се урне актуелната владина коалиција.

Еден од мариналните лидери на минорна политичка опозициона партија во својата „поетска вдахновеност“ не се ни обиде тоа да го скрие: изјави дека е дојдено време власта „ако треба“ да да се урне „и во буквална и во пренесена смисла“.

Според позицијата, сценариото е одамна прочитано: да се предизвика парламентарна криза и на тој начин да се изнудат предвремени избори. На кои опозицијата нема да победи, но ќе успее да „обезбеди“ техничка Влада, па после…

Continue Reading

In continuo

Евроамбасадорот во Македонија изрази загриженост оти Владата и понатаму била глува на апелите за департизација и професионализација на јавната администрација. Се разбира, тој е европски дипломат, има обврска внимателно да ги следи случувањата и процесите во Македонија, па добро знае „што е што“. Очигледно, ова е уште едно негово „истрчување“ за дневно- политички опозициони цели.

Continue Reading

Акценти

Очекувана вест: Парламентарното собрание на Советот на Европа ги усвои извештајот на Дик Марти и резолуцијата за трговија со човечки органи на Косово, со кои се повикува на меѓународна истрага на овие обвиненија. За резолуцијата гласаа 169-мина пратеници, 8-мина беа против, а 14-мина воздржани.

Од 19-те амандмани што ги поднесоа Албанците прифатен е само еден, па називот на резолуцијата е променет во „Истрага на обвиненијата за нехуман третман на луѓе и нелегална трговија со човечки органи на Косово“.

Continue Reading

Акценти

Терористичкиот напад што вчера (24.01.2011.) се случи на аеродромот Домодедово во Москва, во кој загинаа најмалку 31 лице, е само еден од низата такви напади во Русија, од кои многу во главниот град на Русија.

Потсетувам, најтрагичен беше во Беслан, град 50 километри северно од Владикасвказ, на почетокот од 2004., кога при терористичка опсада на едно училиште загинаа 344 лица, од кои 186 беа деца.

Русија мора час поскоро да преземе радикални, најостри можни мерки, да отвори најширок можен фронт против тероризмот во земјата. Се разбира, тој има меѓународен карактер, па следствено и борбата не е можна без максимална поддршка на меѓународната заедница.

Continue Reading

Извлечено-Подвлечено

Слободната интернетска енциклопедија Wikipedia денеска во целиот свет прослави 10 години постоење.

Со желба да се продолжи проектот под назив Nupedia, кој не успеа поради тоа што процесот беше премногу комплициран (текстови можеа да објавуваат само стручњаци од одредени области, а минуваа низ неколку фази на одобрување), Џими Велс ја формира Wikipedia.

Continue Reading