Потребно време за читање: 7 минути

Ако кон нив ги додадеме „зафатените“ од светската економска криза, природните катастрофи кои се се почести и поголеми од година на година (нарушување на еколошката рмнотежа0, жртвите на воени и терористички атакувања врз животот…не би било „премногу“ ако насловот на прилогов, позајмен од истоимениот легндарен филм на Копола , го променам во „Апокалипса денеска“.

Недвојбено, очебијно: светот незапирно се движи кон сопствено пропаѓање, кон самоуништување. Може да се „преврти“ единствено доколку од корен го промени сопствениот „светоглед“- на животот, времето денес сосе вчера и утре, на природата која штедро дава, но и жестоко му зема на „грабливиот“ човек, на цивилизацискиот развој, на меѓучовечките односи, на смислата и содржината на сопственото опстојување. Што е за жал тешко, речиси невозможно.

Па сепак, деновите како што е овој- Светски ден на бегалците, редовното предочување на се позагрижувачките податоци за ширењето на гладта во светот, континуираното информирање и ангажирање на Светската здравствена организација, како и на секоја држава одделно во сопствените граници, за спречување на ширењето на новата пандемиска болест- „свинскиот грип“, ако не повеќе го принудуваат човекот, а пред се оние што решаваат во негово име да се сепнат, да си ги подразбудат свеста и совеста, да се „превртат“, да направат радикален „рез“ додека уште не е предоцна.

Поразителни податоци за одбележување на денов:

Според извештајот на УНЦХР, во светот на крајот од минатата година имало 42 милиона бегалци и интерно раселени лица или 700.000 помалку од претходната година. 26 милиони од нив се сместени во категоријата интерно раселени лица. Тоа се оние кои не ја напуштиле татковината, но морале да го остават својот дом. Во првите 6 месеци од годинава овој број пораснал за стотина илјади, кои морале да ги напуштат своите домови поради обновените судири во Пакистан, Шри Ланка и Сомалија.

Во 2008-ма година само 604.000 бегалци се вратиле во домовите, што е второ најниско ниво во последните 15 години и во најголем дел последица на состојбата во Авганистан и Судан. Истовремено, околу 1,4 милиони интерно раселени се вратија во своите домови, што е 34% помалку отколку во 2007-ма година.

Поради конфликтите што траат со години, голем број на луѓе подолг период се одделени од своите домови и татковината, особено во Ирак, Колумбија и Конго. Некои бегалци морале да ги напуштат своите домови три, четири, па и повеќе пати и станува сè потешко да се најде начин да им се помогне.

УНХЦР проценува дека најмалку 5,7 милиони бегалци ширум светот живеат на работ на егзистенцијата, бидејќи во прогонство се наоѓаат 5 или повеќе години, со мали шанси да се вратат дома или легално да се населат во земјата во која сега се наоѓаат.

Четворица од петмина бегалци денес живеат во земјите во развој.

„Тоа покажува дека критиките што можат да се слушнат во развиените земји, оти се „преплавени“ од бегалци, можеби се пренагласени“, изјави Рон Редмонд, портпарол на УНХЦР. Според него, во најсиромашните земји на светот живеат 80% од сите бегалци.

Прочитај и за ... >>  Полнолетна држава?!

Земји кои во 2008- ма примиле најмноги бегалци се Пакистан, Сирија, Иран, Германија, Јордан, Чад, Танзанија и Кенија.

Најголем број на бегалци доаѓаат од Авганистан и Ирак- 45% од сите што се под заштита на УНХЦР. Потоа следат Сомалија, Судан, Колумбија и ДР Конго.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш, по повод Светскиот ден на бегалци предупреди дека светската економска криза се заканува дополнително да ја влоши тешката положба на бегалците и раселените ширум светот.

Денот на бегалците најнапред го воведе Организацијата на африканското единство, за потоа, со одлука на Генералното собрание на ОН, да прерасне во Светски ден.

Србија во моментов е прва на листата на земји во Европа и 13- та во светот според бројот на пребегнати и раселени лица (307.000). Од почетокот на 90- тите години на минатиот век нивното враќање во домовите е еден од главните проблеми со кои се соочува државата. Податоците на УНЦХР покажуваат дека во изминатата година не се случило позначително враќање на прогонетите Срби во Хрватска, ниту на интерно раселените на Косово.

Во исто време односно вчера, што значи дека не е ненамерно (туку напротив, поврзаноста е логична, иако „категоријалноста“ и бројот на опфатени се различни), Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) соопшти дека секој шести човек на светот е гладен, со што бројот на гладните- повеќе од една милијарда луѓе, достигна историски рекорд поради светската економска криза и високите цени на храната. Во споредба со претходните години, сега има 100 милиони повеќе гладни луѓе, што значи дека дневно земаат помалку од 1.800 калории. Во извештајот на ФАО се наведува дека речиси сите гладни во светот живеат во земјите во развој, каде што цените на храната се намалувале побавно отколку во богатите, и се додава дека на сиромашните земји им е потребна поголема помош и инвестии во земјоделието.

„Тивката криза на гладта која зафаќа шестина од целото човештво претставува сериозен ризик за мирот и безбедноста во светот“, изјави генералниот директор на ФАО, Жак Диуф.

Високите цени на основнитепрехранбени производи, како оризот, минатата година предизвикаа нереди во некои земји во развој.

Гладта во светот годинава е зголемена и покрај добриот род на пченицата и малото намалување на цените на храната во однос на рекордите во средината на 2008-мата.

Светската економска криза ги погоди луѓето на кои им се намалени платите или кои ја изгубиле работата. Одделни земји ја изгубија можноста од успешно манипулирање со флуктуациите на цените, зашто кризата ги направи помалку делотворни средствата како што е девалвација на валутата.

Извештајот на ФАО предвидува сиромашните во градовите да бидат најтешко погодени како што ќе опаѓаат странските инвестиции и побарувачката за извоз, а милиони ќе се вратат на село што, пак, ќе изврши притисок врз селските заедници и ресурси.

Во светот сега има 1,02 милијарди гладни луѓе, што е за 11% повеќе од минатогодишните 915 милиони, наведува ФАО, кој проценката ја темели врз анализата на американското Министерство за земјоделие.

Прочитај и за ... >>  Браво за „Воинот на коњ“!

Азија и пацифичките земји, најнаселените региони во светот, имаат најмногу гладни- 642 милиона. Подсахарска Африка има најголем процент на гладни луѓе, со 265 милиони неисхранети што претставува 32% од тамошната популација.

Кризате влијаеше и врз квалитетот на исхраната, бидејќи семејствата настојуваат да купуваат поевтина храна, како што се житариците богати со калории но кои имаат помалку протеини од месните и млечните производи.

Диуф побара од владите итно да воспостават програми на социјална заштита, а храната да се направи подостапна. Барајќи структурни долгорочни промени, како зголемување на производството во сиромашните земји, тој забележа дека гладта во светот се зголемила прд избивањето на финансиската криза.

Најопасна е тишината која постои во светот околу овој проблем, предупредуваат од ФАО.

Се побрзо се навикнуваме да живееме со наметната состојба, па дури и да стануваме рамнодушни спрема настани, случувања, ситуации кои не ни се случуваат нам, туку на соседот или далеку од нас. Бегалци нема помеѓу нас, ги нема во нашата непосредна и посредна средина и околина, а нивните проблеми нека ги решаваат оние што ги направиле такви и меѓународниот „фактор“ кој и за нив, како за се друго, има „грижа на совеста“. Гладта е се поприсутна во светот, ама и ние немаме за да издвоиме од нашето „парче леб“ за гладните. Што прават најразвиените? До кога ќе се толерира нивниот егоизам, трупањето на нивното богатство со „софистицирана“ експлоатација на неразвиените и средно развиените земји?

„Свински грип“? Да, се шири од ден на ден, пандемичен е, ама добро е, кај нас се уште го нема. А и власта направи се за подготвено да ја пречекаме. Набавени се доволни резерви на лекот „Тамифлу“, преземени се сите контролно- превентивни мерки. Да не се патува во странство ако не се мора? Годишен одмор не мора? Е, како да не! Па ќе се вардиме, до толку знаеме. Хигиена, миење на рацете, не масовни собирања и слично, и нема проблем.

Дорбо де, чувме и прочитавме вчера:

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на потврдени случаи на лица заболени од новиот грип од типот А („свински грип“), предизвикан од вирусот Х1Н1, изнесува 44.287, што е зголемување од повеќе од 10% во однос на претходните два дена. Податоците покажуваат значително зголемување на бројот на заразените во Аргентина, Велика Британија, Канада, Чиле, Кина, Филипините и Тајланд.

Од април, кога почна ширењето на вирусот, се потврдени 180 смртни случаи.

СЗО минатата недела прогласи „умерена“ пандемија на новиот грип, која веројатно ќе трае една до две години.

А треба додатно да не плаши откритието на бразилски научници дека вирусот во меѓувреме мутирал. Тие веќе изолирале пациент заразен со него. Новиот мутиран вирус е наречен А/Сао Паоло/1454/Х1Н1, а името му го дале бактериолози од Институтот „Адолфо Лутз“, откако го споредиле со оригиналниот примерок на вирусот на „свинскиот грип“ од Калифорнија и ги забележале промените. Научникот Терезина Мариа де Павиа открила дека мутацијата се случила во протеинот хемоглобин. Сè уште не е познато дали новата мутација е посмртоносна од оригиналниот вирус А/Х1Н1.

Прочитај и за ... >>  Време за Курбан Бајрам

Нормално дека не загрижува, па и не плаши, ама тоа се уште не значи и потврден одговор на прашањето дали може да мутира како оној на „шпанскиот грип“ во 1918- та година, кога од него починале 50 милиони луѓе.

Да, интересна вест: фудбалерот на Динамо од Загреб, Хрватска, Чилеанецот Педро Моралес, е заразен од вирусот Х1Н1. Ама тој е моментно во Чиле, каде што е утврдена дијагнозата по ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, поради што е примен во болница. Во Чиле биле зараени уште четворица фудбалери.

Прочитавте ли, луѓе, дека еден руски академик тврди оти прогласувањето на пандемија на „свински грип“ од страна на СЗО не е оправдано? Е, тоа е тоа. Само не плашат „западните“. Мора да се крие некој бизнис интерес зад тоа. Нема друго.

Членот на руската Академија на медицинските науки Сергеј Колесников тврди дека „свинскиот грип“, и покрај зголемувањето на бројот на луѓе ширум светот заразени од вирусот А/Х1Н1, се уште не излегува од рамките на годишна епидемија на кој било вид на грип. Втора причина поради која, според него, немало потреба да се прогласи пандемија е што смртноста од „свински грип“ е мошне ниска.

Иако се уште нема вакцина, Колесников смета дека борбата против тоа заболување може да се води ефикасно, особено со добар превентивен систем каков што постои во Русија. Во оваа земја досега се забележани сенасе три случаи на „свински грип“ и сите биле благи.

Раководителот на руската санитарна служба Генадиј Онишченко смета дека во текот на есента би можело да дојде до драстична промена во врска со новиот грип, што во најголема мера зависи од тоа како вирусот А/Х1Н1 ќе се однесува во наредните месеци на јужната хемисфера, на која почнува зимата, во текот на која вообичаено се јавува најчесто. Онишченко оценува дека подготовките за евентуален сериозен налет на грипот од есента се сега најважни.

Во руските истражувачки центри се работи на развивање на вакцина против „свински грип“, која би можела да биде подготвена за употреба кон крајот на септември. Руските стручњаци истакнуваат дека „свинскиот грип“ е чувствителен на повеќе видови на лекови, вклучувајќи ги и оние што се производ на домашната наука. Во санктпетербуршкиот Истражувачки институт заз грип, Институтот за органска синтеза при Уралскиот огранок на Руската академија на науките, како и во московскиот Институт за молекуларна биологија, штотуку се завршени тестирањата на новиот антивирален препарат „Триазавирин“, кој е оценет како ефикасна заштита против „свинскиот грип“. Руски експерти ја потврдија и големата ефикасност на комбинираниот лек врз основа на алфа и гама интерферон, под името „Ингарон“. Претходно тој лек е препорачуван и против вирусот на птичјиот грип Х5Н1.

Ма, се ќе мине ко што било и поминало. Само да сме живи и макар колку- толку здрави. Иде лето, луѓе. Ептен се уморивме од (не)работа, па е време да одмориме. Да собереме нови сили за нови (не)работни и кризно- стабилизациони сили.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here