Потребно време за читање: 6 минути

Уривањето на двата авиона на „Ербас“, како и повеќе поранешни инциденти со мали последици или без нив (помал број на жртви, принудни слетувања поради дефекти и сл.), нема посериозно да го загрозат имиџот и бизнисот на оваа „паневропска“ авио- компанија, пред се во однос на безбедноста на летовите и продажбата на овој тип на патнички авиони.

Се разбира, последните трагедии- денешниот пад на авионот на „Јеменија ер“ во Индискиот океан и оној на „Ер Франс“што се урна во Атлантскиот океан во ноќта помеѓу 31-ви мај и 1- ви јуни, со огромен број на загинати патници и членови на екипажот- вкупно 380- мина (преживеало само едно 14- годишно девојче), не можат да ја доведат во прашање безбедноста на летање со овие авиони, но е повеќе од сигурно дека овојпат не ќе може да се забошоти се, како што вообичаено се случувало во минатото и се случува денес. Впрочем, расправата за новата технологија во авионите на „Ербас“ и на „Боинг“ (се разбира и на помалите компании) веќе започна.

Најновата вест:

Спасувачките екипи локализираа една од црните кутии на Ербас А 310 на јеменската авионска компанија кој се урна близу до Коморските острови. Утре ќе почне операцијата за нејзино вадење, изјави францускиот државен секретар за соработка Ален Жуанде:

„Сигналот од црната кутија го локализираше воздушната патрола во 16.30 часот по локално време, на 40 километри од островот Њазиџа“.

Авионот на јеменската компанија, во кој беа 142 патници и 11– мина членови на екипажот, леташе од главниот град на Јемен, Сана, кон Коморските Острови. Се урна во Индискиот Океан, непосредно пред слетувањето. Тој исчезнал од радарот 15 минути пред планираното слетување во Морони, односно 5 до 10 километри од брегот. Временските услови во моментот биле неповолни, дувал силен ветер, а морето било разбрането. Државниот секретар во француското Министерство за сообраќај, Доменик Бусеро, изјави дека причинител за несреќата би можело да биде лошото време.

Коморските Острови се наоѓаат во Мозамбискиот теснец на Индискиот Океан, помеѓу островот Мадагаскар и Источна Африка.

Француските власти соопштија дека помеѓу патниците имало 66– мина француски државјани.

За чудото во оваа несреќа:

14- годишното девојче кое ја преживеа оваа несреќа е в болница, но нејзината состојба не е загрижувачка. Тоа се вика Бакари Баја, по потекло е од Марсеј, а патувало со својата мајка. Веројатно ќе може да им раскаже на надлежните некои моменти пред паѓањето, како дополна на запишаното во пронајдената црна кутија.

Прочитај и за ... >>  Лошо режирана и опасна врева

Мошне важен момент:

„Јеменскиот патнички авион „Ербас – А310 -300“ веќе неколку години е забранет во Франција поради техничка неисправност“, изјави францускиот државен секретар за транспорт, Доминик Бурсо.

Сепак, јеменскиот авиопревозник „Јеменија ер“ имал дозвола за летови и не бил на црниот список на авио компании.

А бразилската војска и морнарица ја прекинаа потрагата по телата и остатоците на урнатиот авион на „Ер Франс“ бидејќи, како што е соопштено, она што може да биде пронајдено е „безначајно“.

Авионот од типот Ербас А 330, кој се урна на лет од Рио де Жанерио до Париз, превезуваше 228- мина патници и членови на екипажот, од вкупно 32 националности. Никој не преживеа. Извлечени се телата на 51 патник. Според еден бразилски лекар, аутопсијата на првите 11 тела покажала дека тие починале од повеќекратни скршеници, предизвикани од силен удар. Тоа би можело да значи дека авионот се распаднал во воздух, а не оти изгорел во експлозија. Спасувачките екипи извадија околу 600 парчиња од него и им ги предадоа на француските истражувачи.

Несреќаста на францускиот авион е најтешка во историјата на комерцијалните летови од 12- ти ноември 2001- ва година, кога авион на компанијата „Американ ервејз“ на летот кон Доминиканската Република се урна во њујоршкото предградие Квинс, кога загинаа 260- мина луѓе во авионот и 5- мина на земја.

Франција соопшти дека ќе продолжи да ги бара црните кутии, кои ќе емитуваат сигнал до втори јули, за да може да се расветлат причините за несреќата.

Дали ќе се забошоти информацијата на француското Биро за истрага и анализи дека пред падот во Атлантикот екипажот во рок од само 5 минути испратил дури 24 пораки за проблеми на леталото? Тешко, но сигурно ќе се направат „максимални напори“ таа да се маргинализира, па и подзаборави.

Имено, помеѓу 2.10 и 2.14 минути во ноќта помеѓу неделата и понеделникот авионот испратил 24 пораки ACARS, кои се однесуваат на различни дефекти или прекини во работата на системите, помеѓу кои е и системот за автоматско пилотирање. Од Бирото наведоа дека не е јасно дали пилотот сам го исклучил тој систем или престанал да работи поради противречни читања откако удирл гром.

Хронологија:

Авионот од типот А 330- 200 досега немал ниедна несреќа во редовен сообраќај со фатален исход за патниците. Меѓутоа, во јуни 1994- та А 330 во сопственост на „Ербас“ се урна на пробен лет веднаш по полетувањето од Тулуз, кога загинаа сите 7 лица во него. Во октомври минатата година А 330 на „Квантас“, на летот од Сингапур за Перт, наеднаш ја промени висината. Екипажот објави тревога, а потоа успеа да го сврти авионот. Околу 36- мина патници и членови на екипажот беа повредени.

Прочитај и за ... >>  Бескрајно реформирање на образованието

Карактеристики на леталото:

„Ербас А 330- 200“ е авион со два мотора, скратена верзија на стандардниот А 330. Долг е 58, 8 метри, може да прелета 12.500 километри, а првпат е пуштен во сообраќај во 2005- та година. Последен пат минал преглед во хангар на 16- ти април годинава.

Реакции:

На прес конференција, одржана по падот на јеменскиот авион во Индискиот Океан, Антонио Тахани, комесарот на ЕУ за транспорт, изјави дека Европската унија наскоро ќе предложи основање на глобална црна листа на авиопревозници за кои се смета дека не се безбедни.

А одговорноста, посебно на „Јеменија ер“ за паднатиот авион, кој во Франција веќе неколку години бил забранет поради техничка неисправност? Прашање е дали и колку ќе бидат обештетени најблиските на загинатите, а за неа- најверојатно ќе биде „дислоцирана“ во лошото време.

Бизнис е бизнис (особено кога се работи за голем- огромен):

Европскиот производител на авиони „Ербас“ (Airbus) со индискиот авиопревозник „Парамунт ервејз“ („Paramount Airways) потпиша меморандум за разбирање за набавка на 10 среднолиниски авиони А 321. Меморандумот, потпишан на саемот на воздухопловството во Бурже, предвидува и можност за додатни 10 авиони.

Како што пренесе агенцијата Аасошиетед Прес, каталошката цена на авионот А 321 изнесува 90,3 милиони долари.

Најголемата нарачка што „Ербас“ ја забележа во Бурже е на унгарската евтина авиокомпанија Визер (WizzAir“ за купување на авиони според каталошка цена од вкупно 3,8 милијарди долари, а наскоро се очекува да се склучи и конечен договор за таа набавка.

Што се однесува на најновиот тип на авион на „Ербас“- А 380, најголем на светот, кој може да прими помеѓу 525- мина и 853- ца патници, досега се порачани вкупно 200, а првиот авион веќе му е испорачан на „Сингапур ерлајнс“ во есента 2007- ма година.

И конечно за спомнатата дебата:

Во стручните кругови „на големо“ се расправа за тоа дали треба да се воведат нова технологија и процедури за да се спречи слична трагедија во иднина. Тие главно се согласуваат во оценката дека е тешко да се направи подобар и побезбеден авион од „Ербас 330“, но велат дека е можно да се унапредат техничките елементи кои би ја подобриле безбедноста на патниците.

Прочитај и за ... >>  Партиски војник и партиски послушник

Главната идеја е во иднина авионите да не се следат преку радарски систем, туку преку сателит. Тоа би овозможило да се следи целиот лет на авионот и преку океанот, а што сега не е можно. Радарите овозможуваат следење на авионот најмногу до 320 километри од радарската станица, односно копното. Речиси 70% од воздушниот простор во светот не се на дофат на радарската контрола, а таквиот начин на следење на летовите сепак ќе биде во употреба најмалку уште 10 години.

Втората идеја е тн. црни кутии, кои ги регистрираат податоците за летот и разговорите на пилотите, во иднина да се прават така што повремено автоматски да емитираат најнови податоци за позицијата на авионот, а што би го олеснило пронаоѓањето на делови во океанот.

И нешто „проблематично“, што предизвикува големи сомнежи:

Агенцијата АП објави дека имала увид во порака на „Ер Франс“ до пилотите според која таа фирма, по падот на авионот во Атлантикот, ги менува сензорите за брзина на сите авиони од среден и долг долет. Тие инструменти, наречени „Питови цевки“, се тесни, метални цевчиња кои доведуваат воздух од предниот дел на авионот до уредот кој врз основа на протокот на воздухот ја пресметува брзината на летот. Можно е тие цевки, кои авионот обично ги има две, да се замрзнале на авионот што исчезна, па тоа го „збунило“ компјутерот преку кој пилотот управува, довело до тоа авионот, по невремето каво што било, да лета пребрзо или пребавно и затоа да се урне.

Дали оваа интервенција е „за секој случај“ или, пак, се работи за воочен проблем, како главен (можеби и единствен) причинител за авионските несреќи? Не е верно дека „црните кутии“ тоа ќе го „раскажат“. Притоа треба да се има предвид и информацијата дека таа грешка на брзинометрите е откриена пред несреќата на авионот на „Ер Франс“.

Сепак, во вакви ситуации, и воопшто кога станува збор за безбедноста на летање со авион (не само со „Ербас“- овите), е многу опасно да се импровизира и шпекулира.

Шефот на продажбата на „Ербас“, Џон Лихи, изјави дека моделот „А 300- 200“ е безбеден авион и оти е „рбетот“ на таа авиокомпанија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here