Потребно време за читање: 2 минути

Резултатите од едно истражување на Gallup Balkan Monitor и Европскиот фонд за Балканот под наслов „Во Европа ние веруваме“, чии резултати деновиве беа претставени во Европскиот политолошки центар, покажуваат дека севкупната општествено- економска состојба на Балканот се влошува, но не се намалува проевропското расположение. Освен во Хрватска, што е мошне интересно, а која е најблиску до членството во ЕУ. Можеби и нормално, очекувано, со оглед на се поголемото соочување со обврските и се поголемите задачи во врска со исполнувањето на европските стандарди.

Во секој случај ова истажување, што инаку се спроведува секоја година, би требало да има подеднаква важност, во не мал број на „аспекти“ и загриженост, како за земјите од Западниот Балкан, исто така и за ЕУ во целина.Жителите на Балканот се жалат на проблеми во разни подрачја. Некои конкретни показатели:

-63% Срби сметаат дека животниот стандард им се влошува;

-Процентот на испитаните Хрвати задоволни од својот животен стандард се намалил на 40% во 2009. во однос на 59% во 2006. година;

Прочитај и за ... >>  Единствена шанса за брз економски развој: производство на домашни иновации

-Хрватите исто така се помалку задоволни од работата на владата- во 2006. имало 30% незадоволни, додека во 2009. двојно повеќе, дури 64%;

-секој петти Македонец имал сериозни проблеми со плаќање на режии во последните 12 месеци;

-политичкиот неуспех на БиХ се одразил врз резултатите од истражувањето: само 17% (најнизок процент во регионот) семаат дека политичарите или партиите реално ги застапуваат, додека 60% сметаат дека владата слабо ја работи својата работа;

-околу две петини (42%) Црногорци се погодени од дејствувањето на организираниот криминал на дневна или повремена база;

-во сите држави на Западниот Балкан повеќе од половина испитаници одговориле дека корупцијата е вкоренета во нивните национални влади.

Исклучок се Албанците на Косово и во Албанија. Тие се задоволни од стандардот и се оптимисти за тоа што им носи иднината.

Црквата е институција во која најмногу веруваат луѓето во регионот, со исклучок пак на Албанците во Албанија, Косово и Македонија, кои повеќе веруваат во НАТО.

Прочитај и за ... >>  Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

И покрај кризата низ која минува балканскиот регион, преовладува проевропското расположение. Кога денес би се одржал референдум за придружување кон ЕУ сите земји би гласале ЗА (70% и повеќе поддршка во сите држави), со еден исклучок- Хрватска, држава најблиска до пристапување кон ЕУ. Имено, Хрватите и натаму се сомничави спрема ЕУ: четворица од десетмина сметаат дека членството во ЕУ не е ниту добро ниту лошо, а релативно мнозинство (43%) на референдум би гласало против пристапување. Резултатите покажале дека Хрватите се плашат од губење на суверенитетот. Сепак, дури 64% Хрвати се надеваат дека влегувањето во ЕУ ќе ја зголеми конкурентноста на националните компании.

Резултатите покажуваат дека стравот од оружен конфликт во регионот, кој евентуално би се случил во следните пет години, е најголем во Македонија, а потоа следуваат Србија, Хрватска и БиХ. Сепак, тој помеѓу Македонците од 2006. година е во континуиран пад.

Според анкетата, во Македонија две петини од Македонците и македонските Албанци сметаат дека односите помеѓу овие две етнички групи се подобриле во изминатите години, додека 20% од етничките Албанци и 11% од Македонците имаат спротивно мислење.

Прочитај и за ... >>  Црна „народно- правобранителска“ македонска 2006-та

Жителите на Балканот гледаат потреба од поголема регионална соработка: 51% испитаници се убедени дека нивните земји треба да ги зајакнат врските со своите соседи, додека само 6% сметаат дека врските се доволно јаки.

Теренската работа за ова истражување е спроведена во септември 2009. Тоа се реализира еднаш годишно и ги одразува високите стандарди со 1.000 испитаници од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here