Потребно време за читање: 2 минути

Ако во изминатава година има област што беше најмногу на „тапет“ во Република Македонија, освен земјоделието, тоа е секако образованието, поточно реформите што со децении со судни маки се спроведуваат во него (од сите досегашни влади и министерства за образование и наука). Да, тоа постојано се реформира, па од нашите основни, средни, виши и високошколски институции излегуваат кои од кои „пореформирани“ генерации.

Од друга страна, нужно е да се потенцира веќе хроничниот отпор на актерите во, но и надвор од образовниот систем (на пример судството, партиите) спрема каков било порадикален реформски зафат. Доволно е да се потсетиме на се уште несовладаниот отпор, пред се на наставниците и професорите поради сопствената неписменост, против компјутеризацијата односно дигитализацијата на наставниот процес.
За околу 300.000 ученици во основните и средните училишта во Македонија денеска заврши уште една учебна година- 2008/2009- та. Ќе се памети токму според многубројните промени- новини што ги воведуваше Министерството за образование и наука, но и „успесите“ на дел од партиите во опозицијата по судски пат да ги оспорат односно отфрлат. Се разбира, не размислувајќи на долгорочните последици за овие и идните генерации.

Прочитај и за ... >>  Залудно изгубени години или...

Најголемиот „политичко- судски“ успех, а неуспех на Министерството и на министерот Перо Стојановски (кога веќе со право се инсистира на конкретна одговорност), е секако брзоплетото воведување на двата изборни предмета- веронаука и историја на религии за петтоодделенците. Велам брзоплето, затоа што е очигледно дека јавната расправа што му претходеше не беше внимателно слушана и преслушана, па не се прифати „главната заложба“: не против верското образование, не против верата „во училишните клупи“ (ступидарија на партијата ЛДП со која успешно „настапи“ пред Уставниот суд), туку за соодветна форма на задолжително- факултативно системско „обработување“. Па се случи тоа што лесно можеше да се предвиди. Поголемиот дел од родителите на учениците се одлучија нивните деца да изучуваат веронаука, патем учебниците по тој предмет доцнеа неколку месеци, а кон средината на април годинава Уставниот суд го укина членот 26 од Законот за основно и средно образование. (Образложение: одредбата е спротивна на Уставот.)

Потоа следеа „немили“ настани- од повторно активирање, поточно партиско „мобилизирање“ на родители и ученици, на верските заедници. Вероучителите, кои беа вработени годинава во училиштата, исто така одржаа повеќедневни протести во Скопје, пред Уставниот суд.

Прочитај и за ... >>  Озеленување на Македонија

A се да се „стиша“, дури и заборави по острото барање на експертот за верски прашања на Обединетите нации, Асма Џаганхир, веднаш да престанат нападите врз Уставниот суд бидејќи постојат бројни модели во светот за доближување на верата до децата. И тоа не само надвор од основните училишта, во специјални верски училишта, туку и во основните. На пример преку изучување на предметот „Историја на религии“.

Вториот „круцијален неуспех“ на МОН и министерот Стојановски е секако екстерното тестирање (повторно одлука на Уставниот суд). Претходно средношколците протестираа со денови.

За двете „спокоен“ коментар на Стојановски:

„Одлуките на Уставниот не го попречија нормалното реализирање на наставата и нормалната реализација на воспитно- образовната дејност во учебната 2008/2009 година“.

Повеќе или помалку „нереформски“ акции, потези, решенија? За преиспитување на личната одговорност е помалку важен нивниот број, а многу повеќе, дури единствено нивната тежина (пред се на последиците).

Како и во сиот повеќедецински „реформски период“ на македонското образование, многу нешта имаат малку или немаат никакви допирни точки со него.

Прочитај и за ... >>  Знаењето и волунтаризмот

На пример, штрајкот на наставниците членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на почетокот од изминатава учебна година (десетина дена во ноември минатата), со барање да им се зголемат примањата и трајно да се вработат просветните работници кои работат со договор на дело. Минатата недела Стојановски најави токму такво решение- трајни вработувања. Ако продолжи да министерува или таа обврска да ја преземе- реализира евентуално новиот…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here