Потребно време за читање: 2 минути

Отсекогаш била и е со долгорочни последици, па во развиениот свет се манипулира најмалку со неа. Се брани на освоениот пазар за што полесно да се настапи на нови- неосвоени, се негува во односот со купувачот- потрошувачот не само додека се реализира конкретна зделка, туку многу повеќе потоа. Затоа што токму таа- бизнисменската етика е најважна за каков било успешен и перспективен бизнис.

Само како потврда и одбрана на бизнисменската етика може да се разберат и прифатат потезите на јапонските автомобилски гиганти „Тојота“ и „Хонда“: да повлечат илјадници автомобили поради проблеми кои не може да се премолчат, зашто претставуваат пречка за безбедно и комотно возење, но би можеле „во од“ да се сервисираат.

Вчера „Тојота“ најави дека ќе повлече 437.000 автомобили од марката „Приус“ и други хибридни возила. Претседателот на управата Акио Тојота објави дека компанијата се одлучила на повлекување бидејќи безбедноста на своите потрошувачи ја смета за приоритет.

Прочитај и за ... >>  По катастрофалниот земјотрес на Хаити

Да, и по цена на огромни штети и загуби!

Имено, овој авгтомобилски гигант низ светот ќе треба да сервисира околу 8 милиони возила во операција тешка 1,5 милијарди долари. Само во Европа на сервис ќе бидат отповикани 1, 8 милиони возила. Станува збор за не мал проблем со педалот за гас кај 4,5 милиони свои автомобили во светот.

Од Јапонија ќе бидат повлечени 223.000 возила, а во остатокот од светот 213.000 автомобили, од кои 150.000 во Северна Америка.

Објавен е и податокот дека новите хибридни возила „Приус“ во Јапонија и САД се продаваат од мај минатата година, повеќе од 170.000 се продадени во Јапонија, а околу 103.000 во САД.

„Хонда“, пак, најави повлекување на 440.000 автомобили, од кои најголем број од САД, а поради проблем со воздушните перничиња. Веќе е регистриран еден смртен случај, а над 11- мина се повреди во сообраќајни незгоди. Ќе бидат повлечени моделите „Акорд“, „Сивик“, „Одисеј“, и тоа произведени во 2001- ва и 2002- ра година. Проблемот е во пренадувување и пукање на воздушните перничиња кои се активираат во возилата во случај на судар. „Хонда“ планира да ги замени на совозачкото седиште, каде што поголем удар би можел да доведе до катастрофален исход.

Прочитај и за ... >>  Не двојна формула, туку алтернатива- алтернативи

Во меѓувреме и германскиот „Фолксваген“ објави дека ќе повлече околу 190.000 автомобили дистрибуирани во Бразил, а поради проблеми со задните тркала.

А реакциите на македонските увозници на „проблематичните“ возила? Засега јка бележиме онаа на „Тојота“. Во земјава ќе се интервенира на 1.800 автомобили „Тојота“- замена на педалот за гас. Се работи за втомобили од марките „Аего“, „Аурис“, „Јарис“, „Корола“, „Раф“ и „Привус“, модели произведени од 2005- та до 2009- та година.

Изјава на директорот на „Тојота“ во Македонија, Гоце Боцески:

„Ние веќе ги имаме точните листи, каде се инсталирани тие спорни делови, каде што може да се појави евентуален проблем. Истите возила нема да бидат повлечени од употреба или од пазар, ќе бидат само отповикани во сервис на мала сервисна интервенција, која што нема да трае повеќе од 30 до 40 минути“.

Што се однесува на „Хонда“, станува збор за возила кои не се присутни на македонскиот пазар бидејќи воланот им е на десната страна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here