Потребно време за читање: 3 минути

Неесфатливо и неприфатливо е „папското раководство“ во Ватикан и самиот папа да не ги предвиделе и пресметале реакциите поради негативната (остра) изјава во врска со користењето на кондоми во борбата против СИДА- та. Без оглед што ставот на Ватикан за безбедниот секс и воопшто сексуалниот однос, оплодувањето, раѓањето на нов живот, абортусот итн. (освен „општата збунетост“ поради бројни примери на педофилија помеѓу папското свештенство), е одамна познат.

Сепак, реакциите се сигурно „над очекувањата“, поради што веројатно во наредниот период ќе следи „затишје“, „премолк“, а можеби и мало „ретерирање“ колку „да се смират духовите“.


Папата Бенедикт 16- ти изјави дека проблемот на СИДА- та не може да се реши со дистрибуција на презервативи и оти нивното користење истиот „го влошува“. Тоа предизвика бурна реакција на ОН и европската јавност, со барање тој да поднесе оставка на папската функција што би претставувало голем преседан во историјата на папството.

Заедничката програма на Обединетите нации за борба против СИДА (УНАИДС) соопшти дека користењето на презервативи е главниот елемент на целосна, ефикасна и трајна стратегија за спречување на ширењето на ХИВ вирусот. Се истакнува дека е потребно тие да бидат лесно достапни насекаде во светот, бесплатно или по помала цена, како и да се промовираат на начин кој ќе придонесе за надминување на општествените и личните пречки со нивно користење.

Прочитај и за ... >>  Големи и важни успеси за паметење

Ватикан се противи на секоја форма на контрацепција и проповеда апстиненција како начин на борба против СИДА- та, но 49% од католиците сметаат дека папата лошо ги брани нивните вредности. Околу 85% сакаат тој да го смени својот став за контрацепцијата, а 83% сметаат дека треба да го смени и ставот за абортусот, кон кого црквата се противи дури и за терапевтски потреби.

„Најжестоко“ реагираа Французите и Италијанците.

Дури 43% од француските католици сакаат папата да даде оставка или да замине во пензија. Ова го покажа една анкета што ја објави весникот „Журнал ди диманш“. Значаен број сметаат дека тој не е во согласност со времето и придонесува за поделби внатре во црквата.

Истражувањето е спроведено по изјавата на папата дека користењето на презервативи не помага во борбата со СИДА во Африка, туку оти ја влошува болеста. Оваа негова изјава доведе и до судири во Франција. Припадниците на екстремната десница се обидоа да ги запрат активистите за борба против СИДА- та во делењето на презервативи пред црквата Нотр- Дам во Париз, по завршувањето на неделната служба. Во исто време членови на организацијата за борба против СИДА- та „Act up“ легнаа на плоштадот пред Нотр- Дам во знак на протест. И овде дојде до судир кога им се спротивставија млади католици, кои им одземаа портрети на папата и извикуваа: „Act up убијци!“. Ситуацијата се смири кога се појавија силни полициски сили кои ги заштитија демонстрантите, додека младите католици пееја црковни песни на латински.

Прочитај и за ... >>  Приоритет на ЕУ и ОН: Кипар

Група демонстранти од неколку радикални, атеистички и геј организации го изразија своето незадоволство на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

„Одлучивме да дојдеме овде во спомен на жртвите од СИДА- та по повод враќањето на папата од неговото патување од Африка, бидејќи иако има слобода да каже што сака, тој не смее да кажува лаги. Не може да кажува зборови кои можат да доведат до ширење на болеста“, потенцира еден демонстрант.

Слична реакција има и во Австрија.

Институтот „Имес“ смета дека папата загуби многу од симпатиите во Австрија, а неговото мислење на тежина. 26% од Австријците немаат позитивно мислење за поглаварот на Римокатоличката црква, а ист процент имаат. Мнозинството, односно 48% не сака да се изјасни за ова прашање. Во слично истражување, спроведено во 2007- ма година, 40% Австријци позитивно гледаа на папата, а само 17% од нив оценуваат дека неовите зборови се важни.а и зборовите на папата загубија од значење, бидејќи само 17 отсто Австријци оценуваат дека тие се важни. Пред сите, католиците се повеќе се сомневаат во својот поглавар.

Од друга стана, пак, Руската православна црква го поддржа изјаснувањето на папата Бенедикт XVI против употреба на презервативите, вклучително и во борбата против СИДА- та, а што и не е големо изненадување.

Прочитај и за ... >>  Опозиционерска доследност на Црвенковски

„Да се користат презервативите како превентива од СИДА- та е неправилно“, изјави протојереј Всеволод Чаплин, заменик- раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријашија.

Според свештеникот, ширењето на болеста нема да биде спречено со помош на контрацептивни средства, туку со образование и праведен начин на живеење.

„Ако човек води грешен живот, блудничи, употребува дрога, живее бесцелно и бесмислено, СИДА- та или некоја друга болест ќе го погубат порано или подоцна. Нема да го спасат ниту презервативите, ниту какви било лекарства“, смета тој.

Во историјата на човековата цвилизиација, а не само на папството, ќе биде забележано дека првата посета на Африка на Бенедикт 16- ти предизвика и трагедија:

Најмалку 2 лица загинаа, а 8 се повредени во стампедо на илјадници луѓе кога се обиделе да влезат на стадионот во центарот на анголската престолнина Луанда, каде што папата подоцна имаше обраќање на младински собир, јавија болнички извори. Инцидентот се случил кога маса луѓе се обидела да влезе на стадионот 4 и пол часа пред појавувањето на поглаварот на Римокатоличката црква.

Изворите соопштија дека загинале 2 девојчиња, кои биле донесени мртви во болница и оти телата им биле изгазени.

Полицијата наведува дека околу 30.000 луѓе, вклучувајќи мајки со бебиња, присуствувале на собирот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here