Потребно време за читање: 4 минути

Според грчки весници, реално е тие да се одржат во март или април, најнапред поради катастрофалната економско- социјална состојба во земјата и тешките услови од ЕУ и ММФ во рамките на договорот за помош на грчката економија. Некои оценуваат дека владата на Папандреу е веќе во целосен ќорсокак. Меѓутоа, предвремените избори се повеќе „посакувана опција“ на опозицијата и таа веќе ги мобилизира своите редови.

Реалните и умерените аналитичари и експерти не ја исклучуваат можноста на пролет владејачката ПАСОК да се реши на таков чекор, но проценуваат дека е многу пореална реконструкција на Владата. Го имаат предвид евентуалниот неуспех во исполнувањето на тешките обврски кои пред се паѓаат на товарот на работниците.

Според весникот „Вима“, лидерот на опозиционата „Нова демократија“ Андонис Самарас минатата недела имал средба со членовите на пратеничката група на партијата, при што оценил дека е нужна мобилизација на силите, бидејќи не е исклучено „социјалистичката Влада да изненади со предвремени избори како последица на јавното незадоволство од владините економски мерки“.

Весникот „Авријани“ оди дотаму што го прогнозира и датумот на предвремените парламентарни избори: 27. март или 3. април. Според овој и други весници критички настроени спрема Владата, но и спрема ЕУ, условите на германскиот канцелар Ангела Меркел (стрелите се насочени пред се кон неа) се „понижувачки“. Се потенцира дека договорот предвидува, меѓу другото, сите придобивки на работниците во Грција кои се однесуваат на приходите и на работничките и социјални права да бидат укинати.

Сепак, анкетите на јавното мислење покажуваат дека владејачкиот ПАСОК и натаму е најпопуларна политичка сила во земјата. ПАСОК, пак, постојано уверува дека има намера да го истера целиот четиригодишен мандат, кој истекува во октомври 2013. година.

Прочитај и за ... >>  Бизнис и политика- политика и бизнис

Да потсетам, пред локалните избори во ноември грчкиот премиер оцени дека земјата е во вонредна ситуација и притоа најави распишување на вонредни парламентарни избори ако на неговата Влада и бидат „врзани рацете“ во спроведувањето на политиките на оздравување на економијата. Меѓутоа, по успехот на локалните избори, тоа веќе не важи.

Политиката на ригорозно штедење, што беше услов за добивање на заеми од ММФ и европските финансиски институции во износ од 110 милијарди евра, предизвика големо незаводолство во земјата и синдикатите со месеци, речиси без прекин, организираат штрајкови. Тие се масовни, а во некои случаи имаше и жестоки судири со полицијата.

Се чини дека прашањето дали ќе има или не вонредни парламентарни избори во Грција на пролет во наредниот период, од ден на ден ќе станува се поактуелно. Освен „жестокото“ стегање на ременот, над „главата на Владата“ како Дамоклов меч стои и „спорот“ на Грција со Република Македонија околу нејзиното име. За чие решавање таа трпи се посилен притисок од меѓиународната заедница, а во наредните денови и недели тој несомнено ќе се зголемува.

Впрочем, убедливата предност на ПАСОК над опозицоната „Нова демократија“ во сите анкети на јавното мислење би можела да биде „клучната карта“ за распишување на избори и победа што би овозможило прилично олабавување на „опозициониот синџир“ околу нејзиниот „врат“.

Спорд грчки весници, реално е тие да се одржат во март или април, најнапред поради катастрофалната економско- социјална состојба во земјата и тешките услови од ЕУ и ММФ во рамките на договорот за помош на грчката економија. Некои оценуваат дека владата на Папандреу е веќе во целосен ќорсокак.
Меѓутоа, предвремените избори се повеќе „посакувана опција“ на опозицијата и таа веќе ги мобилизира своите редови.
Реалните и умерените аналитичари и експерти не ја исклучуваат можноста на пролет владејачката ПАСОК да се реши на таков чекор, но проценуваат дека е многу пореална реконструкција на Владата. Го имаат предвид евентуалниот неуспех во исполнувањето на тешките обврски кои пред се паѓаат на товарот на работниците.
Според весникот „Вима“, лидерот на опозиционата „Нова демократија“ Андонис Самарас минатата недела имал средба со членовите на пратеничката група на партијата, при што оценил дека е нужна мобилизација на силите, бидејќи не е исклучено „социјалистичката Влада да изненади со предвремени избори како последица на јавното незадоволство од владините економски мерки“.
Весникот „Авријани“ оди дотаму што го прогнозира и датумот на предвремените парламентарни избори: 27. март или 3. април. Според овој и други весници критички настроени спрема Владата, но и спрема ЕУ, условите на германскиот канцелар Ангела Меркел (стрелите се насочени пред се кон неа) се „понижувачки“. Се потенцира дека договорот предвидува, меѓу другото, сите придобивки на работниците во Грција кои се однесуваат на приходите и на работничките и социјални права да бидат укинати.
Сепак, анкетите на јавното мислење покажуваат дека владејачкиот ПАСОК и натаму е најпопуларна политичка сила во земјата. ПАСОК, пак, постојано уверува дека има намера да го истера целиот четиригодишен мандат, кој истекува во октомври 2013. година.
Да потсетам, пред локалните избори во ноември грчкиот премиер оцени дека земјата е во вонредна ситуација и притоа најави распишување на вонредни парламентарни избори ако на неговата Влада и бидат „врзани рацете“ во спроведувањето на политиките на оздравување на економијата. Меѓутоа, по успехот на локалните избори, тоа веќе не важи.
Политиката на ригорозно штедење, што беше услов за добивање на заеми од ММФ и европските финансиски институции во износ од 110 милијарди евра, предизвика големо незаводолство во земјата и синдикатите со месеци, речиси без прекин, организираат штрајкови. Тие се масовни, а во некои случаи имаше и жестоки судири со полицијата.
Се чини дека прашањето дали ќе има или не вонредни парламентарни избори во Грција на пролет во наредниот период, од ден на ден ќе станува се поактуелно. Освен „жестокото“ стегање на ременот, над „главата на Владата“ како Дамоклов меч стои и „спорот“ на Грција со Република Македонија околу нејзиното име. За чие решавање таа трпи се посилен притисок од меѓиународната заедница, а во наредните денови и недели тој несомнено ќе се зголемува.

Впрочем, убедливата предност на ПАСОК над опозицоната „Нова демократија“ во сите анкети на јавното мислење би можела да биде „клучната карта“ за распишување на избори и победа што би овозможило прилично олабавување на „опозициониот синџир“ околу нејзиниот „врат“.

Прочитај и за ... >>  Невешта замка: едно име за севкупна употреба

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here