Потребно време за читање: 2 минути

Месечината, најголемиот природен сателит на Земјата, ќе биде најблиску во последните 19 години. Таа вечер ќе биде посјајна од вообичаено, зашто според астрономите влегува во „лунарен перигеј“.

Овој феномен ќе може да се посматра со голо око, а околу 20 часот Месечината ќе биде толку блиску што ќе биде можно да се гледааат нејзините планини и кратери.
Сосема е очекувано прашањето, за некои многу повеќе стравувањ, дали оваа голема близина ќе има влијание врз нашето однесување, но пред се дали тн. „супермесечина“ ќе предизвика промена на климата на Земјата, земјотреси и вулкански активности. Некои научници одговараат потврдно.

Имено, познато е дека на својата патека Месечината има и најблиска и најоддалечена точка од Земјата бидејќи околу неа се врти по елипса, а не по круг. Следствено, она за што може со сигурност да се зборува е дека таа има гравитационо влијание врз нашата планета, врз океаните, а тоа значи влијание врз плимата и осеката кое, се разбира, е поизразено кога е таа поблиску.

Прочитај и за ... >>  Наоѓање на половина од погрешен пат?!

Се уште не се научно потврдени тврдењата дека полна Месечина има силно влијание врз однесувањето на луѓето, кое се нарекува „лунарен ефект“. Но сепак, се предупредува дека во однос на здравјето одредена врска може да постои. Месечевите мени можат да влијаат пред се врз лицата кои имаат лабилен крвен притисок и оние кои потешко се опоравуваат од болести. Вечер може да се очекува промена на расположението, но положбата на Месечината не предизвикува некоја конкретна болест. Интересно е дека некои нутриционисти тврдат оти познатата диета која ги следи месечевите мени главно дава добри ефекти, иако медицината тоа се уште не може да го објасни. Единствено е потврдено дека Месечината сигурно влијае врз метаболизмот, па е можно денеска да има засилени ефекти, односно таа диета да биде поделотворна.

Многу поважно е верувањето на некои стручњаци дека близината на Месечината предизвикува природни катастрофи. Тие потсетуваат дека месечевите перигеи во 1955., 1974., 1992. и 2005. година се поклопиле со екстремни невремиња. На пример, пред 6 години во цунамито во Индонезија загинаа стотици илјади луѓе, а во 1974. циклонот Трејси го разурна австралискиот град Дарвијн. Но засега не постојат докази дека нејзиното елипсоидно кружење околу Земјата на кој било начин може да предизвика катастрофи.

Прочитај и за ... >>  За паметење: 25 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Астрономи тврдат дека нема да има ниту земјотреси, ниту ерупции на вулкани, освен ако до нив и онака требало да дојде. Според Пит Вилер, од Меѓународниот центар за радио астрономија, на Земјата единствено ќе дојде до нешто пониска осека и нешто повисока плима, но ништо поради што треба да се возбудуваме.

Инаку, Месечината е нормално оддалечена од Земјата 378.195 километри. Во текот на лунарниот перигеј ќе може да се гледа со голо око затоа што ќе се најде на околу 356.577 километри од Земјата, а најголемата оддалеченост е 399.116 километри. Во текот на перигејот таа може да изгледа 14% поголема и 30% поосветлена отколку што изгледа „нормално“ во (романтична) ноќ на полна Месечина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here