Потребно време за читање: 2 минути

Уште една потврда на непрофесионално и неодговорно новинарство (спрема гледачите, слушателите, читателите): премолчување на нешто што е без двојба ем корисно ем убаво за Скопје.

Да се премолчи, воопшто да не се одбележи пуштање во сообраќај на 17 нови нископодни и првиот двокатен автобус низ улиците на Скопје (барем како занимливост) нема врска со тн. опозиционерско новинарство, туку единствено со теснопартиско, што ќе рече неслободно, еднострано, насочено, заробено. Токму тоа- таквото новинарство е проблемот кој се држи како „дежурна тема“ за „меѓународна употреба“: слободата на медиумите.

Не мора да се согласуваме со ставот дека климатизираните украински автобуси нудат можност да се доживее „градот како европска мотропола, а со кинескиот – двокатниот подобро да се запознаат со старото и новото“ (министерот за транспорт Миле Јанакиески на свеченоста), ниту дека тоа ќе го овозможат најавените нови нископодни и двокатни автобуси од отворен тип. Затоа што за таквото доживување се потребни уште многу други нешта.

Прочитај и за ... >>  Замина за да се врати: Саи Баба

Скопје е далеку од европска метропола, но е ноторен факт дека почнува полека да наликува на неа (да, и со проектот „Скопје 2014“, без оглед што во него ни се допаѓа, а што не; „фрлените пари“ е тема за друга расправа).

Точно, Скопјани заслужуваат да имаат удобен и ефикасен превоз во модерни и современи автобуси, изработени според најсовремените европски стандарди. Точно, тоа во последниве година- две се случува. Не само со новите автобуси на ЈСП кои се набавени од Владата на Македонија (се разбира, со буџетски средства односно со пари на граѓаните; може со некои други?), туку и со новите на приватните превозници. Не сте забележале коллку брзо тие го обновија и го обновуваат својот возен парк? (Конкуренцијата си го прави своето.)

Во врска со новите автобуси на ЈСП мошне важни се нивните карактеристики, а пред се удобноста, малите трошоци за гориво, резервни делови и за одржување. Со право се потенцира и тоа дека 10% од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие е обновен со автобусите од Кина и Украина (градоначалникот на Скопје Коце Трајановски).

Прочитај и за ... >>  Прва глобална конференција на Обединатата македонска дијаспора

Малку е? А со колку проценти годишно се обновуваше досега, особено кога „други“ беа на власт? Се памети ли набавка на 32 автобуса „во пакет“, наеднаш? Во февруари беа промовирани и пуштени во сообраќај првите 15 нископодни автобуси, а со проектот е предвидена набавка на вкупно 80 нископодни и 202 двокатни автобуси.

Нископодните автобуси се со 31 место за седење и 69 за стоење, додека двокатните имаат 39 места за седење на горниот и 18 на долниот дел и 20 места за стоење.

Препорака на моите колеги „професионални“ СДСМ-овски, ВМРО-НП-овски,ОМ-овски и уште нечии „–вски“ новинари:

Премолчувајте, „скандализирајте“ го и проектот за обнова на авботускиот возен парк на ЈСП (како се друго), ама и не влегувајте, не возете се во новите авгобуси. Ниту во нископодните, ниту во двокатните. Барем до вонредните парламентарни избори. Бидува?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here