Потребно време за читање: 4 минути

Проблемот на слободата и независноста (читај: објективноста) на медиумите во Македонија не е во определбата да се анализира и коментира, односно зазема позиционерски или опозиционерски став, туку да се искажува јасна партиска припадност и да се информира еднострано, селективно, значи необјективно, па и невистинито (груба лага).

Во тој „контекст“ партиската опозиција, на чело со СДСМ, греши кога медиумите ги дели на „мегафони на власта“ и „борци за слобода и демократија“. Имало, има и ќе има само партиски, непартиски „мегафони“, но пред се и над се најважни, најавторитетни, највлијателни за секоја демократија и суштинска слобода на зборот и мислата: непристрасни, независни- објективни, слободни- слободоумни, професионални НОВИНАР. Кои, се разбира, ги има пред се во непартиските медиуми, но може да се најдат и во партиски.

Патем, неприфатливо е електронски или печатен медиум да се нарекува „мегафон“, ако се знае каква направа е тој, колку е „проста“ наспроти модерната технологија на емитување на програма и печатење (измислена уште од Едисон). Доказ: неверојатната леснотија на реализација „во живо“ на емисија наречена „Вести“ секоја вечер од пред Владата на Република Македонија, на која повеќе и прилега називот „политикантско- забавна“.

Што се однесува на мене лично, не гледам информативни ТВ емисии, не слушам такви радио- емисии и не читам такви весници, туку гледам, слушам и читам ИСКЛУЧИВО прилози- текстови на НОВИНАРИ со кои радо сопоставувам ставови и мислења. Без оглед каде моментно работат, односно се реализираат; „најпросто“ речено ја заработуваат својата каква- таква плата и живеат како знаат и умеат.

Воопошто не ме изненадува обидот да се минимизира средбата во Охрид помеѓу Баросо и Филе од ЕУ и македонскиот државен и опозиционерски политички врв со тоа што се тврди дека договорениот засилен мониторинг е наметнат за да се вратела земјава на европскиот пат. Или дека Баросо и Груевски „ не се разбрале“, поточно „премиерот Груевски повторно се обиде да не направи при очи слепи, при уши – глуви“ (Владо Бучковски).

Прочитај и за ... >>  Македонија- светска ракометна велесила

Лично не ме изненадува ни обидот од судски загрозените медиуми (во континуитет) да се наметне лагата дека слободата на медиумите во Македонија е во врвот на агендата на ЕУ. Се разбира, таа е во агендата, ама „во врвот“…смешно!

Дали договорот за пристапен дијалог е историски или не, да оставиме на времето да просуди. Важно е едно: по неодамнешната усвоена резолуција на Европскиот Парламент, со која повторно се бара земјите членки на ЕУ веднаш да ги почнат пристапните преговори за членство на Македонија (која македонската опозиција одвај ја „проготла“, а „највлијателниот“ опозиционерски „мегафон“ ја „третираше“ при крајот на „Вестите“), тој е ВАЖЕН КОНКРЕТЕН ЧЕКОР во доближувањето на Република Македонија кон членството во ЕУ. А кое, патем, не може да се случи „преку ноЌ“ дури и „преку ден“ да се реши ЕДИНСТВЕНИОТ ПРОБЛЕМ за датум за почеток на преговорите и за ЧЛЕНСТВО ВО НАТО- на Грција со името на нашава земја.

Мислам пред се на 32-те поглавја од преговорите (некои од нив Македонија веќе ги има исполнето) кои ќе дојдат на „дневен ред“ со утврдувањето на денот на почетокот на пристапните преговори. Во овој контекст, колку за да (под)научат оние што тврдат дека слободата на медиумите е „во врвот“: таа „тема“ не е само „македонска“, туку на сите како ОБВРСКА во рамките на ПОГЛАВЈАТА. Конкретно поглавјето 10, кое има наслов ИНФОРМАТИВНО ОПШТЕСТВО И МЕДИУМИ.

Засилениот мониторинг во Охрид го најави Баросо во „форма“ на средби на високо ниво кои два пати во годината.

Од изјавата на Баросо:

„За време на состанокот се договоривме за пристапен дијалог на високо ниво кој би се одржувал два пати годишно, во Скопје и Брисел, со цел да се забрза имплементацијата на потребните реформи, а кој би се одвивал независно од преговорите за името. Не би го нарекол тоа процес на мониторирање (скрининг), тоа би било дијалог на повисоко ниво за реформите кои се имплементираат, за да може да им дадеме поддршка на истите“.

Прочитај и за ... >>  Македонија и натаму делумно слободна земја

Став не на „новинар мегафон“ или опозиционен политичар- аналитичар, туку на Агнеза Руси, директор за Европска унија во Министерство за надворешни работи:

„Дефинитивно охрабрувачка и убава вест. Фактот што Баросо го најави воведувањето на овој дијалог зборува за голема политичка посветеност, негова лична и на целокупната комисија, кон пристапниот процес на Македонија. Македонија со помош на ЕК што поскоро да ја оствари заедничката цел за членство во ЕУ. Пристапниот дијалог е чекор напред . Тоа е заложба и посветеност на Комисијата да ги ангажира совите човечки и експертски ресурси во пристапниот процес на Македонија. И целиот овој процес може да донесе само нов квалитет во пристапниот влез на земјава. Нам ќе ни помогне да имаме повисок степен на исполнетост на критериумите. Затоа е позитивна и охрабрувачка вест за Македонија“.

Став и на словачкиот амбасадор во земјава Роберт Кирган, во интервју за „Дневник“: пристапниот дијалог на Македонија со Брисел е веќе научена лекција за Словачка. Овој процес на неговата земја и помогнал побрзо да се исполнат условите за членство во унијата:

„Македонија добива можност низ пристапен дијалог директно со Брисел да се приближува до Унијата. Иако спорот со името засега е во мртва точка, ова се толкува како чекор напред во евроинтегративниот процес“.

Притоа уште еднаш е потенцирана важноста од интензивирање на реформите пред се во судството, јавната администрација, политичкиот дијалог и состојбата на медиумите.

За „глувите и слепите“: во однос на медиумите, многу е поважна економската слобода и независност, непристрасното и објективно ИНФОРМИРАЊЕ (не слободно изразување на ставови и мислења), ДЕМОКРАТСКИ АМБИЕНТ итн. Би било добро „загрижените“ за слободата на медиумите, пред се на електронските, да се запознаат (не мора детално) со законодавното усогласување (на македонскиот Ззакон за радиодифузија) со европската Директива за телевизија без граници.

Прочитај и за ... >>  Од 2013. и Хрватска членка на ЕУ

Ни средбите ќе се следат реформите што ќе се спроведуваат, како и подготвеноста на Македонија за влез во преговарачкиот процес. Од македонска страна ќе ги водат Милошоски или Наумовски, а придружниот тим веќе се обучува за преговарачкиот процес кога Македонија ќе го добие датумот за преговори.

Коментарите дека „Македонија без реформи е во ризик да заостане во европските интеграциски процеси и да ја загуби препораката за почеток на преговори“, а засилениот мониторинг е со цел да се надмине „неконструктивната позиција“, дека со владата на Груевски реформите се напуштени итн., ги побива самиот Баросо со ставот дека дијалогот е за „повисоко ниво за реформите кои се имплементираат, за да може да им дадеме поддршка на истите“. Со други зборови, тие не се напуштени, туку, напротив, се одвиваат, но се дава нивна поддршка со цел повисоко ниво на имплементација. Не е така само за новинари- мегафони „слепи при очи и глуви при уши“.

Што се однесува на слободата на медиумите во Македонија, не изненадува обидот јасната и прецизна изјава на Баросо да се искористи за сопствена употреба, како одбрана на сопствената загроза од незаконско работење:

„Исто така нагласувам дека слободата на изразувањето е клучна, новинарите мора да можат слободно да ги изразуваат своите ставови. Комисијата не интервенираше во индивидуалните случаи, но очекува објективна примена на законот“.

На изјавава нема што да и се додаде или одземе, освен за оние што не сакаат да ја разберат или не им е јасна оти толку „им сече“ умот: се мисли на СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА НОВИНАРИТЕ, а не на медиумите (што е тоа „слобода на медиуми“?) и СЛОБОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА СТАВОВИ (а не необијективно информирање), како и ОБЈЕКТИВНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ (примена, а не работа надвор од законот).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here