Потребно време за читање: 4 минути

Најнапред зашто малите и помалку важните (неважни нема) се секојдневни или попатни до нив, а потоа поради фактот дека големите и важните се колективни- општествени односно државни, што ќе рече се остварени со заеднички сили, во заеднички интерес и им припаѓаат на сите.

Се разбира, за паметење се и големите и важни неуспеси, пак поради општествените односно државните интереси и цели, а пред се нивната последичност (причинското е важно според зависноста од личното и/или колективното, како и влијанието „однадвор“).

Кога се прави годишна рекапилуација, на пример во годишно обраќање на претседателот на државата, за очекување е многу повеќе внимание да се задржи на големите и важни успеси отколку на неуспесите (за нив е нужна стручна односно експертска проценка- оценка). Поточно нивна (ре)валоризација, пред се во контекст на пошироките процеси (меѓународни, но не само тие), а и како насочување, поттик на натамошните заложби и конкретни ангажмани.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го одржа своето прво обраќање пред Парламентот. Ќе биде запаметено не според оценката дека 2009-та година за Македонија ќе остане запаметена според повеќе големи и важни упсеси, како што потенцираа новинарите, политичарите и аналитичарите кои внимателно го проследија, туку според нивната согледба во пошироки- меѓународни рамки, оценката на нивниот ефект врз процесите на стандардизација и модернизација на животот на граѓаните, како и нивното значење за континуитетот на севкупниот општествен развој.

Очекувано, Иванов најнапред ги потенцира постигнувањата на планот на евроинтеграциите. Република Македонија за првпат доби позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почнување на преговори за членство во ЕУ.

Се разбира, неодминлив е „освртот“ на ирационалното противење на политичките елити на Грција. Притоа е најважно она што конечно мора да се надмине, „разбивајќи“ го очигледното глумење на недоветност на македонската опозиција (а можеби и не е глума, туку и е веќе „природено“) кога се во прашање одамна познатите македонски „црвени линии“:

Прочитај и за ... >>  Време за Курбан Бајрам

„Премногу дебатираме за нашите „црвени линии“ во разговорите со нашиот сосед околу разликите за името. Од оваа говорница ги повикувам сите политички актери да не создаваат конфузии и недоумици кај нашите граѓани. Има ли некој во оваа држава кој не ги знае сопствените „црвени линии“ во однос на прашањата за идентитетот, јазикот, културата, традицијата? Тие индивидуални „црвени линии“ се и нашите државни.

Македонија е подготвена за решение што ќе значи компромис, но сме подготвени да разговараме само за нешта што се предвидени во Резолуцијата на ОН.

Македонските граѓани им ја дадоа својата доверба на политичари кои треба да работат на решенија на спорот за името. Македонскиот државен врв има јасен став, посветеност на процесот во ОН и трагање по прифатливо решение“.

Според Иванов, сите наши активности говорат за нашата посветеност на ЕУ и сите граѓани на Македонија покажаа дека се евроентузијасти.

На крајот „поентира“:

„Македонија не бара ништо повеќе од некоја друга држава, но ниту прифаќа ништо помалку“.

Не паметам нечие претседателско обраќање (на досегашните македонски претседатели) да било позитивно оценето од опозицијата. Притоа не станува(ло) збор за некаква аналитичност, аргументираност, туку за реакции на директно засегнати или за обид за маргинализација на значењето на изреченото. И овојпат од неа чувме дека Иванов одржал „празен говор, без идеи и визија, бледо“, но и она што најмногу и пречи- „усогласеноста“ со Владата односно наводните комплименти за неа, „подазборавајќи“ на нејзината „непосредна врска“ односно зависност од Парламентот. Најголемата „забелешка“ во тој контекст е декаја пропуштил шансата да биде фактор на обединување со што покажал дека Македонија е во тешка криза и е на погрешен пат.

Прочитај и за ... >>  На македонскиот политички „фронт“ ништо ново

Андреј Петров, СДСМ: „Не можевме да видиме ништо како коментар за суштинските проблеми на државата. Повеќе слушавме за климатските промени, отколку за она што е базичен интерес за Република Македонија како држава“.

Имер Селмани, Нова демократија: „Не успеа да ни објасни и после многу месеци што значи разумен компромис со нашиот јужен сосед, за отворање на портите на Европската унија“.

Тито Петковски, НСДП: „Претседателот на државата пропушти прилика да се оттргне од прегратките на ВМРО-ДПМНЕ, туку уште еднаш призна дека се движи практично во тие рамки коишто се утврдени од владејачката партија“.

Ѓорѓи Оровчанец, Нова алтернатива: „Дифузен говор со скандирани идеи, неповрзан меѓу себе, без концепција, на крајот на краиштата – говор во којшто има една тешка празнотија“.

Очекувано, владејачката ВМРО-ДПМНЕ со позитивни оценки, но поважно е она што опозицијата го премолчува, а е ноторен факт: Влатко Ѓорчев посочи дека Иванов порачал оти Македонија треба да води и европска и македонска политика и оти двете заемно не се исклучуваат, туку се комплементарни.

Нема којзнае какво значење, но е со право забележано дека, за разлика од порано, овојпат обраќањето на шефот на државата опозицијата го следеше во собраниската сала, освен ДПА.

Од друга страна, зачудува премолкот и на позицијата и на опозицијата на една некоректна, навредлива, а пред се недоветна изјава на еден (про)европски политичар, кој самиот се декларира како добар познавач на балканските состојби, а што ќе рече дека изјавата воопшто не е „ненамерна грешка“.

Фалејќи се со вложениот „голем труд“ на неговата земја за време на нејзиното претсеадателствување со ЕУ (завршува на 31. декември), како и „замореноста“ од грчко- македонскиот спор, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, „лефтерно“ ја „прекрсти“ Република Македонија:

Прочитај и за ... >>  Очекуван состав на кабинетот на Иванов

„’Фајромија’ или што и да е“.

Неверојатно! Билт не знае „што е она“ со „кое“ се заморил, на „кое“ ЕУ му поставува „бенчмаркови“ и позитивно го оценува нивното исполнување. Па му „го“ нарече „Фајромија“. Да, би било смешно да не е трагично (од него и за него).

Многу не му „помага“ објаснувањето на „заморот“ односно надевањето дека „решение е се уште можно“:

„Што се однесува на тоа, имаме тешка ситуација со оглед дека ние, голем дел од шведското претседателство, знаевме дека како и да е ќе дојдат изборите. Изборите дојдоа порано одошто мислеа многумина и тоа се блокира, а потоа јас реков дека чувствувам нов бран на можности по промената во Атина.

Уште верувам и се надевам дека тој нов бран на можности ќе се искористи. Остваривме некои контакти и со Атина и со Скопје со почитуваните премиери. Неколкупати разговарав и со двајцата. Можам само да ги повикам да се движат напред. Овој процес секако дека е олеснет преку Обединетите нации, а не преку Европската унија“.

Не се најде никој да го потсети или да го подучи Билт дека земјава, која е пред вратите на ЕУ и НАТО (во Алијансата има „резервирано столче“), не е „што и да е“, ниту „Фајромија“ (FYROM е референца, а не име), туку се уште Република Македонија.

А во своето годишно обраќање (и во претходни изјави) перетседателот Ѓорге Иванов мошне често (најмногу) го потенцира достоинството и одбраната на идентитетот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here