Потребно време за читање: 2 минути

И покрај потврденото опоравување на светската економија, очигледно е дека светската економско- финансиска криза се уште не е помината, а постои опасност таа дури и да се интензивира- поттикната од постојаното енормно зголемување на цената на нафтата на светските берзи и поскапувањето на храната односно се поголемото осиромашување на средноразвиените и неразвиените земји.

Се разбира, и Република Македонија не може да биде одмината од светските движења, па е инфантилен, дури дебилен (пред се тенденциозен, поточно партиски „бојосан“) новинарскиот и „експертски“ став дека „за се е виновна Владата“; имено, дека граѓаните на Македонија од ден на ден се повеќе осиромашуваат, цените дивеат, а Владата на Груевски не презема ништо, туку „се расфрла со милиони евра- народни пари за споменици“. А кога ќе преземе конкретни мерки, како интервенцијата со стоковите резерви на пченица или најновата одлука за намалување на акцизите на бензините и на надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари до средината на август (поради што Регулаторната комисија ја коригира цената на бензините- безоловниот бензин од ноќеска се намалува за 4,5 денари по литар, а цената на дизел горивото за 2,5 денари по литар), тогаш тие се задоцнети и со штетни последици за граѓаните.

Прочитај и за ... >>  Се почеста употреба на народната: Трпеж- крпеж

Нова „непријатност“ за таквите новинари и „експерти“ (новинарите мораа да ја премолчат- да не ја објават, што е крајно непрофесионално и неодговорно) е предупредувањето на Светската банка за „дивеењето“ на цената на храната во светот: таа ќе турне во сиромаштија милиони луѓе.

Цената на храната за една година порасна за 36%, а поради проблеми со Блискиот исток и северна Африка и понатаму е нестабилна. Од минатиот јуни до денес осиромашија нови 44 милиони луѓе.
Од Светска банка и предупредување дека растот на цената на храната ќе доведе до зголемување на сиромаштијата за уште 10 милиони луѓе, оние кои располагаат со помалку од 1,25 долари на ден. Растот за 30% на основните продукти ќе доведе до осиромашување на 34 милиони луѓе во светот. Се проценува дека во моментов со помалку од 1,25 долари на ден живеат околу 1,2 милијарди луѓе во светот.

Повикот до сите влади, а особено на најразвиените земји во светот час поскоро да преземат мерки што ќе го спречат растот на цената на храната засега останува неслушнат. Членките на Г-20 најразвиени земји во светот и економии со брз раст се занимаваат со друго: поделени се во однос на планот за објавување на списокот на земји кои можат да претставуваат системски ризик врз глобалната стабилност.
На средбите во Вашингтон, министрите за финансии од Г-20 требаше да договорат систем што ќе ја штити светската економија од ризикот што го носат економските дисбаланси во пооделни земји. Тие ќе се обидат да одредат кога нивото на долг, трговскиот дефицит или другите индикатори претставуваат системски ризици, покрај намерата да ги именуваат и да ги посрамотат земјите кои претставуваат најголеми проблеми за стабилноста.
Според добро информирани извори во Вашингтон, веќе е сигурно дека САД, Германија, Кина и Јапонија ќе бидат на овој список.

Прочитај и за ... >>  Ако не е се исто, се е ептен слично

Француската министерка за финансии Кристина Лагард, чија земја годинава претседава со Г-20, изјави дека „не е постигнат договор за овие насоки“:

„На членките на Г-20 ќе им остане да го решат овој проблем. Дали списокот ќе биде усвоен, ќе се знае дури откако состанокот ќе биде завршен“.

Состанокот на Г-20 се оддржува на маргините на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here