Потребно време за читање: 2 минути

(20.03.2007)
Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во интервју за лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ (13.03.) изјави дека за Европа постои реална закана од ракетни напади од страна на Северна Кореја и Иран.

На прашањето дали американскиот систем за противракетна одбрана може да ја намали ранливоста на Европа тој одговори дека меѓународната заедница спровела проучување според кое теоретски е можно антиракетниот штит да го заштити стариот континент.

„Но за таков систем е неопходна политичка дискусија. Треба да се разгледа кој колку ќе плати“, реше Шефер.

Во Европа веќе се води дискусија за противракетна одбрана која прераснува во вистински спор, објави весникот. Тој беше предизвикан од барањето на американскиот претседател Џорџ Буш освен базите од системот за противракетна одбрана во Алјаска и Калифорнија да се се изгради и трета за ракети пресретнувачи во Полска, како и за радари во Чешка.

Прочитај и за ... >>  Споменици и скулптури во центарот на Скопје: тежината на опозиционерското „против“

„Фајненшл тајмс“ потсетува дека во САД главна тема во дискусијата за противракетна одбрана е нејзината ефикасност, а во Европа дали тој систем ќе му даде безбедност на континентот или ќе го дестабилизира.

Најновата вест (20.03) од Америка:

Кондолиза Рајс изјави дека ракетната одбрана во Европа ќе биде стабилизирачки фактор со давањето на помош за да се заштити од потенцијалните закани на Иран:

„Живееме во свет во кој се соочуваме со помали нукеларни закани, помали потенцијални ракетни закани, од, на пример, Иран. И во таков свет ограничената ракетна одбрана, која може да се соочи со такви мали закани, е во голема мера стабилизирачки, а не дестабилизрачки фактор“.

Рајс вчера во Вашингтон за прашањето на ракетниот систем разговараше со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Да повторам, Русија е против. Владимир Путин изјави дека тоа би претставувало закана за руската сигурност. Сомнеж во ефикасноста на системот изрази и Франција, а Германија е загрижена дека тоа би можело да доведе до нова трка во вооружувањето. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмеер по средбата рече дека САД би требале да ги прошират своите разговори со европските земји за нивните ставови да бидат во хармонија. Притоа додаде дека треба да се почитува потребата на Америка да се заштити од можни закани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here